Ма не им е за мамичка, туку избегаваат одговорност. Знаат дека ако се преселат, таму ќе нема веќе манџа во толку и толку саат, ќе нема расфрлање на чорапи и смрдливи гаќи насекаде. Ќе треба да бидат одговорни мажи и сопрузи, а нив тоа не им одговара.
Мажи стварно не сте нормални,потоа се чудите оти сте сами. Кој ве дели од мајка ви? Мислиш папочната врвка уште не ви е скината па мамаа де мамааа. Не ве делиме само ви кажуваме дека бракот е взаемно нешто. Не е помеѓу мама жена ви и вие самите. Како ние жените оставаме се и доаѓаме со вас? Мама треба ли да ја носам со мене? Ако е така ич не размислувајте за своја фамилија. Затоа што ви е мајка никогаш нема да гледате на работите реално! Се жена ви е крива,мама е права. За разлика од нас жените кои сме реални. Ама ете сте си зацртале дека некој ве дели од мама и готово. Да не е смешно би било претажно.
Аха, и као изговор за тоа го наоѓаат спратот или детската соба кај мајка им. Има жени со по две три куќи, со станови со се, далеку по имотни од мажите, и пак си сакаат сами да си живеат, ни со нејзините ни со неговите. Не е до имотот, до карактерот на човекот е.
Nity eden osven jas ne ja prasha aho nudi taa za ovaj problem da se reshi. Dali nudis imot neshto, ili samo zhelbi i deka postoish toa e dovolno?
Зборуваш генерално ко сите тоа да го прават. Ако си имала таков случај ти или познаваш такви особи тоа е твојот вкус на мажи и пријатели. Еве јас сум имала врски па никој воа не го правел, ни па сега, и еве никоја од моите пријателки и колешки не се жалат од воа. Нон стоп го потенцираш фрлаат смрдливи гаќи и чорапи, ручек готов итн.
А зошто мора да нуди? Зошто неможете сами да си создадете свое? Јас незнам колку пати треба да се спомне на овој форум дека не мислиме на сите. Нормално дека не се исти сите. Зборам баш за тие шо го праат тоа. И во врска и во брак не е исто, да се разбереме.
Ama eve si sozdal. Nekos imam cuvstvo ko ce treba feminizam terate duri vi odgovara, posle pu pu ne vazi. Vakvi zelboteki kaj tatko e i majka e ili aj da sw fatime na rabota da sozdajme neshto.
Ама си создал за него. Може и жената си создала кај неа. Тоа нивно ќе си биде, спратот и куќата никаде не бегат. Никој нема да им ги украде. Во брак треба сами да си создадат свој дом. Добро, не зборев за тебе. Сакав да кажам дека ние зборевме за подлабоки проблеми шо се дешаваат кога се живее со свекор и свекрва. Сите се согласни дека најубаво е сами да си живеат мажот и жената. А поединци тука, ги занемарија сите проблеми шо ги спомнавме и се фатија за тоа дека жената е крива шо го одделувала мажот од неговите.
Ама многу е потешко да живееш и на спрат. Пак немаш мир. Не си сам. И друга работа е што тешко е да живееш со луѓе кои имаат заостанати сфаќања. Ете ќе ти дадам еден прост пример. Со жена ти ќе си купите некој фрижидер и ќе треба да ви го донесат до дома. И сеа прво треба дома на сите да се исповедате оти ќе стигне фрижидер нов. Ок! Ќе стигне. Па ќе дојдат твоите и ќе почнат е зошто овој фрижидер зошто не го поправивте стариот. Е шо му е како му стана зошто се расипа дрн дрн јариња до сабајле. И накрај ќе излезете криви оти многу е скаппп немате памет вие шо прајте,не знаете да штедите!! Оди објасни ти на постари луѓе шо и како,и знаеме дека такви луѓе постојат,а може само да се тешиме дека нема да се такви нашите родители. Кога ќе се стесни кругот сите си ѓи покажуваат ноктите!
Види со разумни луѓе си се поставуваат граници што до каде и со кој, ако родителите се нападни не си знаат граници големи се шансите и синот да им е исти - крушата не паѓа многу подалеку од дрвот. Друго ако со една фамилија не можеш да се договориш и трпиш замисли што е во зграда со 50+ станари ? Да оставиш пример спрат од 150 квадрата, со двор со се притоа твојот партнер има ок нормални родители и да се заглавиш во старт со кредит 100к за голубарник од 60тина квадрати според мене е најголема глупост Зошто мислиш дека нема мажи што би се нафатиле ако имаат услови жените за такво нешто ? На пример посебен спрат, дворче итн. Не сме ние машките толку батхарт па родителите на сопругата по дифулт да се намќори вештерки а „ние“ цвеќе за мирисање како што се правите вие
Се согласувам. Ако родителите се такви, може и синот да е таков. А разликата меѓу живеење со нив и сами во стан со повеќе комшии, е шо комшиите нема да ри дојдат и да ти претат во гаќите, нема да ти кажуваат дали да си купиш нов фрижидер, нема да ти разместуваат ствари дома. На мене како жена а верувам и на многу други, тоа најмногу не нервира, некој да ни чепка и да ни претура по ствари. Нормално, не се сите исти, ама има многу такви свекрви затоа и темите тука се преполни со такви проблеми.
И сега како да постапам? Ти што би направила? Јас му кажав уште на почетокот дека тоа ми смета кога разговаравме за стандарди итн.. Да не бидам сфатена погрешно не зборам за лајк кај Адриана Лима туку за лајк кај девојчиња што ги сретнувам низ град, па и мои познанички. И покрај тоа што кажав видов дека на ден на мој роденден кога ми честита една девојка лајкој на слики од дечко ми на секоја нејзина слика дури сме биле заедно .. Ајде молење 4 дена кукање поминав преку тоа. Започна да бриши рандом девојки кои не ги познава и бев во ред. Пред 2 дена бевме излезени и одеа на свирка рок стил девојчиња он погледот не го тргна од нив така ги заприметив и јас инаку сум човек што си ја гледа масата. Ми падна сомнително затоа што видов кај една моја познаничка рокерка лајкови од него па си реков да видам дали ја избришал. Кога отворив лајковите тргнати она оставена, а не ни ја познава тој. Прво ми е срам, второ се чувствувам предадено. Разговараме еве го сега брише се ама што фајде кога свесно си направил нешто подмолно. Се работи за почит.
Ти би живеел заедно со родителите на потенцијална сопруга? Ред да чекате со дедото и бабата во тоалет, па кој сака во дневна да исполегне и турска серија да гледа, од друга соба фудбал ечи, тутма калабалак?