Види со разумни луѓе си се поставуваат граници што до каде и со кој, ако родителите се нападни не си знаат граници големи се шансите и синот да им е исти - крушата не паѓа многу подалеку од дрвот. Друго ако со една фамилија не можеш да се договориш и трпиш замисли што е во зграда со 50+ станари ? Да оставиш пример спрат од 150 квадрата, со двор со се притоа твојот партнер има ок нормални родители и да се заглавиш во старт со кредит 100к за голубарник од 60тина квадрати според мене е најголема глупост Зошто мислиш дека нема мажи што би се нафатиле ако имаат услови жените за такво нешто ? На пример посебен спрат, дворче итн. Не сме ние машките толку батхарт па родителите на сопругата по дифулт да се намќори вештерки а „ние“ цвеќе за мирисање како што се правите вие
Се согласувам. Ако родителите се такви, може и синот да е таков. А разликата меѓу живеење со нив и сами во стан со повеќе комшии, е шо комшиите нема да ри дојдат и да ти претат во гаќите, нема да ти кажуваат дали да си купиш нов фрижидер, нема да ти разместуваат ствари дома. На мене како жена а верувам и на многу други, тоа најмногу не нервира, некој да ни чепка и да ни претура по ствари. Нормално, не се сите исти, ама има многу такви свекрви затоа и темите тука се преполни со такви проблеми.
И сега како да постапам? Ти што би направила? Јас му кажав уште на почетокот дека тоа ми смета кога разговаравме за стандарди итн.. Да не бидам сфатена погрешно не зборам за лајк кај Адриана Лима туку за лајк кај девојчиња што ги сретнувам низ град, па и мои познанички. И покрај тоа што кажав видов дека на ден на мој роденден кога ми честита една девојка лајкој на слики од дечко ми на секоја нејзина слика дури сме биле заедно .. Ајде молење 4 дена кукање поминав преку тоа. Започна да бриши рандом девојки кои не ги познава и бев во ред. Пред 2 дена бевме излезени и одеа на свирка рок стил девојчиња он погледот не го тргна од нив така ги заприметив и јас инаку сум човек што си ја гледа масата. Ми падна сомнително затоа што видов кај една моја познаничка рокерка лајкови од него па си реков да видам дали ја избришал. Кога отворив лајковите тргнати она оставена, а не ни ја познава тој. Прво ми е срам, второ се чувствувам предадено. Разговараме еве го сега брише се ама што фајде кога свесно си направил нешто подмолно. Се работи за почит.
Ти би живеел заедно со родителите на потенцијална сопруга? Ред да чекате со дедото и бабата во тоалет, па кој сака во дневна да исполегне и турска серија да гледа, од друга соба фудбал ечи, тутма калабалак?
Abe nema so da go molis. Ja sum kazala deka mi smeta. I deka ako vidam neso takvo ke go sfatam kako nepocit kon mene i deka zavrsuvame. I deka ako mu se prekinuva vrska radi toa, sekoja cest. Isto kako so na nego neso mu smetalo i sum ispocituvala. On vika ne gleam ja taka, ne znaci deka mi se sviga, ti si najubava najdobra.
Таман работа не ми паѓа на памет да го молам он молеше кукаше 4 дена , знае бе дека рецка не му маваат, исто вика и овај ти ми си најубава другите не битни али... .Незнам дали да раскинам.
Врати му со иста мера ако веќе не планираш да го оставиш. Лајкнувај, пишувај си и кажувај му колку е единствено тој најубав.
Ако сте пар веќе или во фаза на одење на сериозно би разговарала со него како би било хипотетичка ситуација ако една од тие што лајкуваат го или ве исмеваат. Сигурно ќе речат види го оној со женска а лајкува кај стигни... Не е во ред на некој начин. Не можеш да му клајш узди и да мижи ко че поминуваат женски. Има типови на парови што и да видиш некоја јака или јак во ред е да искоментирате, ама проблем е ако е манијак да речам и да е толку видливо, а да ви е напната ситуацијава како што ја опишуваш овде. Инаку машко сум и го делам мислењето со тебе во право си, затоа што интернетот е една алатка и можиш да познајш каков е човек со тоа како ја користи неа.
Ти па многу знаеш кој шо сака. Може си сакаат луѓето да чекаат ред за тоалет. Како можеш да не сакаш таков доживљај не ми е јасно Separation anxiety на најјако. Мислиш со стап ги тера некој да се женат, а они нејќат.
Со стап ми како, ете глеаш погоре мене како ме открија дека сум крива шо сум го одделила мм од мајка му? Додуша јас со два стапа и влечка за по дома го натерав инаку уште ќе си бев немажена, очајна, огорчена, сама и како се друго ме нарекоа горе овие јасновидциве. Шо да праам? Мер со мачки да живеам? Мора да се вештеросаме и како знаеме и умееме да им ја сечеме папочната врвца. Со мајка сакаш? Е нема. Бам бам бам со влечката.
А стварно знаете некој што следи 6 илјади и кусур порничарки, фитнес кхм модели, и само на тоа да останало? Стварно? Па уште и коа ќе кажат де бе шо се нервираш, не е нишо. Па ако не е нишо шо ги следиш, и дремеш цел ден напален? Шо праиш проблем коа ќе ти се каже? Шо не ги избришеш, глеј мачиња и видеа од стендапи? И коа ќе прочитам дека ако ти смета, имаш проблем со самодовербата... Баш напротив, ако не ти смета или се лажеш себе си дека тоа е у ред, тек тогаш имаш проблем со самодоверба, и самопочит. Не знам како стана нормално порнографија, уште и на маса у ресторан, на улица, додека седиш дома со децата у дневна, додека лежиш со жена ти у кревет, а она спие до тебе...
Не е љубовен проблем ама е прашање.. Ме интересира ваше гледиште, зашто маж од околу 40 години би сакал да биде во врска или да искача со девојка од 24 години, притоа он е веќе остварен човек, има стабилна работа, кола, стан, зашто би бил со за него некоја незрела и неизживеана малишанка која уште ништо нема видено во животот? Како размислуваат сакам да знам, зашто, што би видел он во неа, што би го привлекло, не е за секс, ниту за љубов за една вечер, човекот не е некој што се интересира за такви работи, многу е сериозен..