Затоа што ќе биде доминантен врз таква. Со 40+ години некоја нема да може да се понаша како сака,обично тие таквите завршуваат со се во животот освен со основана фамилија
Баш така до карактерот е. Своето не го давам, ама туѓото не го сакам. Има имотни жени што инвестираат во свое и го делат своеволно и широкоградо со партнерот. Има и такви мажи, ама од оние што во пакет ти идат со мама и тато коса ми се крева. Не конкретно заради мама и тато туку убаво си пишала мислам ти на темава, заради навикнатоста кога се мамица и татица таа да му трча по газето. Тато носи- мама меси карактерни мужи. Абе разбашка има да си поднаведнеш и запотиш газето, си прибереш тоа чорапите и у бубањ на вртња. Не ја зачитав детално темава да пишам некој совет за љубовни проблеми освен ако е ова темата совет понастрана од недозреани и распредени партнери независно машки/женски биле во прашање. Ниту во едниот ниту во другиот случај не е од темел создадено од машкото/ женското како и да е. Често куќи се дигале кога и децава не ни биле во план да бидат креирани. Ама, ама едно големо ама нема ништо лошо во такво *созадавање, независно дали станува збор за машко/ женско. И да и тоа е на некој начин создал/ создала ако вложува во имањето го одржава, плаќа сметки, вода, струја, комуналии, за одржување хигиена и какви ми ти други давачки што се нема. Родители се на крај од денот, на кому да дадат на комшиите или на своите деца? А овие што наследиле и вложуваат на некој начин создаваат свој нов дом. Тој дом можат да го рентаат, кирија да зимаат, можат па и да го стават на комар и папала маца. Се можат ако се води на нивно име. Инаку не е целосно создаден имот туку стекнат, ама ако го стопанисуваш како да си го создал исто ти се фаќа, ама власништвото не ти дава за право некому очи да вадиш јер во брак се е заедничко и заработките и сметките и радостите и грижите и (не)раатот и ....да не ја редам секоја нека си додаде по свои и на партерот преференци.
Браво, секоја чест за напишаното. Се надевам ке допре до многу жени да се освестат и да размислуваат здраво. А ова е единствено здраво размислување.
Ах Нина прашала. Мене ме убадуваат дека права љубав године не броји кога секад, ама секад од петни жили објаснувам дека волкава разлика во години за мене лично е неприфатлива. И не е само до разликата, туку до периодите во кои се ете пример 24 и 40, можеби таа да е 34 тој 60 ајде де, ама под услов да се рамноправни во секој можен сегмент. Имаш од 20ка до 34ка и таквимити што роварат по имашни дедовци, прибидејќи нели љубав године не броји и се заљубиле во прав мушкарац. Абе која како си сака, ама да ме убедуваат детиште со возразен маж или дедо дека е нормално па мајке ми не е. Ама ете демократија и секоја си има право на свое мислење и избор. Прав одговор и плус да му раскине и неа ќе ја гледа и лајкува уште повеќе така како на рокеркиве што им прави. Како ве работат со тоа најубава си ала вера нека им е кога им верувате на збор. Абе делата глејте им ги. Многу се напнувате за глупости, кажуваш, гледаш што прави него ли што ве мачка у боја, нај нај циле миле. Еден жолт картон, следно црвен, клоца во газ и шут, корпицата. Бидете лошки, повеќе (ќе) ве сакаат такви.
За воља на вистината старо магаре такво можи да ти продава приказни ама веројатно сака да основа фамилија и да има дете. Е сеа тоа ти е паричка со две страни, па сеа ти види дали ти одговара да си со постар човек. Толкава огромна разлика на години и те како е проблем од аспект на животот и стило еднио што го имал и водел и другиот, дали ќе има разбирање и слично и физичкиот изглед. Остај ти тие работи не е заинтересиран за секс ова она, ами за шо е да го дочуваш и земаш неговата пензија после? Не се толку добри луѓето.
Одлепени сте тотално и двете, ме окапавте смеење, не можам да се доприберам. Ами ќе оди кај мамичка по уште 8 јајца ако мама не му даде тоа греблото да присобере тоа лисја во двор и поштено си ги заработи и заслужи, јајцата. Пак се сведува на првичното мое мислење, подалеку од размазени и распрдени партнери, независно машки/женски се/биле. Готово гасам нетов, аут од темава, раскинав усти, искршив вилица. И метлата да си ја извадиш плус да си го летнеш со неа, него, понастрана од мамица, така одма минува тоа како го пишавте анкЦиозноста .
Ами шо се смееш, ова е за плачење. Ова стварно се деси со мојот девер или како се вика братот на бившиот маж. Си отишол оти му давале 2 јајца за доручок. Греота човекот, гладен бил, никој не го ранил и не го перел таму кај шо отишол домазет. Од толкава куќа никаде не нашол место кај да легне и да подреме 12 саати во денот пред нетфликс. Греота. Стварно греота. Остај детето шо го имаат со жена му, она тоа си го гледа сама, него му избегал нетфликс и 10-те јајца од мама.
Кај мама е најдобро. Дома нема дремење пред телевизор скоро цел ден. Дома треба да помогне за некоја работа. А кај мама е се на готово. Како така мајкиниот да се мачи. Ако погледите за иднината не се исти, таа врска нема иднина.
Абе проблем му било зошто не лежеле сите мажи ( татко и и браќата) после работа кај жена му. Сите се зафаќале со некоја работа а он грејниот изморен од 8 часа работа сакал да си лежи после работа и не му било згодно да си легне. Неможел убаво да се најаде оти таму сите го делеле јадењето а кај мајка му само за него се спремало.
Мене ми е смешно за дотичниов што го опишуваш, инаку да екс-девер ти е, тогаш кога си била во брак девер ти бил, сега екс . Е за женава негова, ако така изиграл тој или како и да изиграла таа е за неа е за плачење. Ама кога ќе подразмислам поубаво, таа како со Господ муабет да правела па пак се сведува на смеење од радост да доаѓа кога тој таков дома си поаѓа, кај мамичка де. Не, не блесави сте до даска, се прекршив смеење и на туѓа мука малку. Мислам не ми замеруваш, те читам вака смешна си ми и тотално кул.
Верувај дека она не е за плачење. Она си има посебна голема куќа направена за неа од родителите и плус спрат за неа во куќата на родителите. Ама на грејното и маже.... бившото маже де.... не можеше да издржи некоја година додека се направи посебната куќа. Ем шо денар он не вложил во куќата, ем не му се чекало, требало побрзо татко и да ја направи, оти зетот ќе неможел да ја плеска на раат на оваа. И така, сега сите среќно си живеат, жената со детето во голема посебна куќа, а он кај мајка му во гарсоњера ама битно си јаде 10 јајца насабјле и гледа нетфликс кога ќе му прдне.
Шта чеш, секој со свој ум и разум и можности и услови. Ти реков јас за смеи е се', од смешно од радост за жаната и да таа како со Господ да разговарала. Е сега последиците по детето од такви растурени и дисфункционални бракови ќе се видат години подоцна. Него само за убаво и арно да е и кај детето и кај мајката и кај ексот и сите среќни и раат на распар во овој случај.
Ајде уште едно известување 5 страни покасно. Одите офтопик. Офтопик не се толерира. Фани-хаха мајтапи кога се во склоп со темата и конкретно мислење кое придонесува во дискусија е океј и прифатливо. Фани-хаха со мајтапи страни и страни и само тоа не е океј и прифатливо. И би рекла пак многу меѓу двете известувања има толеранција па после ова нема да имам ич.
Колку сте наивни Сите вие кои мислите дека имате разумни родители и дека баш вие нема да имате проблеми, а еве досегашните искуства покажуваат нешто сосема различно. Луѓе, не е до тоа кој колку е добар, туку до разликата во карактери, различни генерации, различни размислувања. Едноставно не можеш да живееш во заедница во која делиш кујна, делиш тоалет. Ако имаш сосема посебен спрат во кој никој не ти нарушува приватност, можеш да истуркаш и неколку години без поголеми проблеми, ама никогаш, баш никогаш нема да го имаш раетот кој би го имал во таканаречен "гулабарник" (да нема врска муабетот) од 60 квадрати. Фамилија и комшии е нешто сосема различно. На комшиите не им должиш ама баш ништо, ниту ги интересираш ти и твојот живот. Ама родителите твои да видиш како ги интересира СЕ што е поврзано со тебе. Да не ни коментирам дека реалните проблеми доаѓаат кога ќе имаш дете во истата таа куќа во која ќе живееш со твоите разумни родители. Спратот од 150 квадрати и дворот и што ти уште не, не ти вредат воопшто ако немаш мир во душата.
Девојко никој не ме работи со тоа најубава си. Јас сум свесна за тоа која сум и никако се споредувам со други девојки. За мене се сите најубави, ниту е некоја поубава од мене ниту јас од некоја, сите имаме свои карактеристики кои се за восхит и сопствена убавина. Мене нема потреба да ми рече најубава си, нема поубава, тоа ми е дегутантно не дозволувам ни да ги навредува останатите девојки. Единствено тој е крив и никој друг. Еве веќе 3 ден неможам да поминам преку тоа не ми дозволува душата и сум ладна баш заради тоа што сум свесна. Некои ме советуваат дека за тоа не се расипува врска али мене ми е ствар на почит затоа што кажав дека ми смета.
Тотално си во право што не се споредуваш со другите девојки, да тој е крив и овие што се споредуваат со тебе и се ставаат во твои чевли, па и те советуваат дека за тоа не се расипува врска, срам да им е. Мене само едно ми е чудно ако е ствар на почит што му ја мислиш толку и му се замараш? Кога некоја личност не не почитува нас лично и нашите граници, не е лојална не вреди да ја спомнеш не да ја мислиш. Ама јас кога расчистувам со ваква личност независно во каква корелација сме и кажувам отворено тоа, тоа и тоа не ти чини не можам да поминам преку тоа, помина времето за да докажеш промена и чао пријатно. А верувала или не и роднини вака имам отстранувано. Значи на прослави ладно и официјално добар ден и пријатно, а за се останато молк. Тоа велам премногу се замарате за вакви личности, девојчиња .
Да, би живеел ако има услови, зошто да не? Така и планираме бидејќи таа живее во куќа јас сум во стан, оти да даваме за кирија ко можиме тие пари да ги искористиме за патувања? За мене и сланина од околу плус и свежо цеден сок од нејзините нежни раце секое сабајле фиксно.