Ајде уште едно известување 5 страни покасно. Одите офтопик. Офтопик не се толерира. Фани-хаха мајтапи кога се во склоп со темата и конкретно мислење кое придонесува во дискусија е океј и прифатливо. Фани-хаха со мајтапи страни и страни и само тоа не е океј и прифатливо. И би рекла пак многу меѓу двете известувања има толеранција па после ова нема да имам ич.
Колку сте наивни Сите вие кои мислите дека имате разумни родители и дека баш вие нема да имате проблеми, а еве досегашните искуства покажуваат нешто сосема различно. Луѓе, не е до тоа кој колку е добар, туку до разликата во карактери, различни генерации, различни размислувања. Едноставно не можеш да живееш во заедница во која делиш кујна, делиш тоалет. Ако имаш сосема посебен спрат во кој никој не ти нарушува приватност, можеш да истуркаш и неколку години без поголеми проблеми, ама никогаш, баш никогаш нема да го имаш раетот кој би го имал во таканаречен "гулабарник" (да нема врска муабетот) од 60 квадрати. Фамилија и комшии е нешто сосема различно. На комшиите не им должиш ама баш ништо, ниту ги интересираш ти и твојот живот. Ама родителите твои да видиш како ги интересира СЕ што е поврзано со тебе. Да не ни коментирам дека реалните проблеми доаѓаат кога ќе имаш дете во истата таа куќа во која ќе живееш со твоите разумни родители. Спратот од 150 квадрати и дворот и што ти уште не, не ти вредат воопшто ако немаш мир во душата.
Девојко никој не ме работи со тоа најубава си. Јас сум свесна за тоа која сум и никако се споредувам со други девојки. За мене се сите најубави, ниту е некоја поубава од мене ниту јас од некоја, сите имаме свои карактеристики кои се за восхит и сопствена убавина. Мене нема потреба да ми рече најубава си, нема поубава, тоа ми е дегутантно не дозволувам ни да ги навредува останатите девојки. Единствено тој е крив и никој друг. Еве веќе 3 ден неможам да поминам преку тоа не ми дозволува душата и сум ладна баш заради тоа што сум свесна. Некои ме советуваат дека за тоа не се расипува врска али мене ми е ствар на почит затоа што кажав дека ми смета.
Тотално си во право што не се споредуваш со другите девојки, да тој е крив и овие што се споредуваат со тебе и се ставаат во твои чевли, па и те советуваат дека за тоа не се расипува врска, срам да им е. Мене само едно ми е чудно ако е ствар на почит што му ја мислиш толку и му се замараш? Кога некоја личност не не почитува нас лично и нашите граници, не е лојална не вреди да ја спомнеш не да ја мислиш. Ама јас кога расчистувам со ваква личност независно во каква корелација сме и кажувам отворено тоа, тоа и тоа не ти чини не можам да поминам преку тоа, помина времето за да докажеш промена и чао пријатно. А верувала или не и роднини вака имам отстранувано. Значи на прослави ладно и официјално добар ден и пријатно, а за се останато молк. Тоа велам премногу се замарате за вакви личности, девојчиња .
Да, би живеел ако има услови, зошто да не? Така и планираме бидејќи таа живее во куќа јас сум во стан, оти да даваме за кирија ко можиме тие пари да ги искористиме за патувања? За мене и сланина од околу плус и свежо цеден сок од нејзините нежни раце секое сабајле фиксно.
Читав пред некој ден, ако е уште тоа темата. Ако си ти таа шо му требала и одлучил дека сака со тебе, нема да додава ни па да пишува со некоја, настрана некоја колешка муабет околу работа што е многу нормално. Не дека ако не пишува неможе да шврља по други ама начин да покажеш на партнер дека си одлучил шо сакаш у животот е баш тоа ти шо го бараш. Не ми е сватливо како можат некој така еве излезени сте на кафе или по дома сте и тој/таа да си чатува со некој пола вечер на пример- за мене тука нешто не штима. Може па и до мене е незнам може контрола ради разни трауми. Во секој случај дај му простор и ќе си видиш дали е за тебе или само се лади.
Луѓе ви благодарам на сите Реалист тоа и го направив, не знам дали чатувал, или се работи за лајкови на рандом девојки кои ги гледам секојдневно... Срам ми е.. Не ми дозволува гордоста да пишувам кај некоја да прашувам и да и го реметам мирот. Му кажав дека немам апсолутно повеќе доверба во него, фокусирана сум на себе ако се подруди да ја врати во ред, ако не пак во ред. Тој на ова одговори дека ме сакал и секако ќе се трудел, бриши константно на инстаграм, ми пишува.. Јас моментално не сум спремна да го видам и тоа е тоа. Свесен е што направи. Девојки вредите и не се задоволувајте со помалку од вашите стандарди.
Не знам. Ова е ми е прво вакво искуство.. Гледам дека ги избриша сите освен тие што му се пријатели, вели дека ќе направи се за да ја врати мојата доверба и дека е свесен за тоа што го направил. Само што јас не верувам во зборови, за жал денес 80% си ги газат сопствените . Па затоа оставив на времето ако видам прогрес во ред, а и како што кажав погоре душата, здравиот разум не ми дава сега да му верувам или да го прегрнам, да се однесувам како се да е нормално. Ми рече дека ќе се потруди па да видиме дела..
@Purelove92 од лично искуство ќе ти кажам секогаш да се држиш на својот став, доколку нешто ти пречи ќе си кажиш отворено и ќе очекуваш партнерот да го смени тоа што ти пречи, без разлика дали е мал проблем или голем, доколку некој те почитува и сака да биде со тебе ќе направи се да те задржи. Истото се однесува за двата подеднакво. Ќе си процениш самата дали ќе те послуша или не. Али немој за ништо на овој свет да отстапуваш, и да попушташ.
Ти благодарам Фрида. Не само јас, секоја жена/маж да се држи до своите стандарди, доколку почувствува дека нешто не е во ред, интуицијата не греши. Првиот чекор е најтежок, но подобро сами и среќни него ли да не газат. Не. Инвестирано е во нашите животи, на некој му должиме да сме потполни среќни и почитувани, а и сами на себе.
Za da bidi zdrava, iskrena so komunikacija, razbirachka i da ste happy taka treba. Ti posakuvam srejcha.