Епа биди тогаш со него и трпи го. Друго гледам дека неможеш или несакаш да направиш. Џабе се испишаа 2 страни.
побарав совет затоа што ми е навистина тешко и немама од кој друг да побарам но гледам дека сум на погрешно место ..инаку фала
Кој не ти даде совет? Вртиш околу на темава ништо конкретно не кажуваш зборовите се клешта ти ги влечеме и за возврат добиваме удирање со главата во ѕид дека несакаш да бидеш без него! Епа тогаш што ние треба да направиме? Да те потапшаме по рамото?
Епаа вака...Би сакала да ви кажам како го решив мојот проблем,бидејќи некои од вас ми дадоа совети ,јас одлучив да правам муабет со мојот дечко,и тоа во најскоро време,бидејки ова многу ме мачеше.Паа таа прилика за да правам муабет ја добив баш вечерва.Му кажав што се ме мачи,и замислете тој ми кажа дека него никогаш не би му поверувал,зошто попрво би сакал да ме праша мене (бидејки сме многу искрени еден спрема друг и ништо не криеме) како е работата бидејќи мене ми верува многу повеке отколку нему,кога го слушнав оваа многу ми олесни,не очекував дека баш вака ке ми каже
женчиња едно прашање што мислите вие за тоа после долга врска да се одржува контакт,да се оди на кафе ... јас искрено не чувствувам некоја огромна депресија и тага откако раскинавме (бидејќи еднаш после дола врска ми се случи истото и не сакам пак да го поминувам тој процес,мислам дека сваќате што сакам да кажам) е сега се договоривме како демек ќе си останеме другари бла бла .. мислите ли дека е паметно?
Од моја гледна точка не е. И никогаш не сум практикувала после врска да одржувам некаков контакт. Времето што ќе го поминам да пијам кафе со него, ќе го искористам по продуктивно отколку секогаш да барам барем еден гест кој ќе ми даде некаква надеж и ќе почнам да летам во облаци. Затоа што ние жените сме такви, се си интерпретираме на наш начин и бараме игла во сено. Дали ти сеуште чувствуваш нешто спрема него? Ако не, тогаш океј е, прифатливо е, но ако си сеуште во ранлива фаза и имаш надежи да се смирите, подобро немој. Само ќе се измачуваш.
На кафе може ама на вотка не И јас од искуство мислам дека не е убаво. До скоро излегував со бивши на кафе ама секогаш едно те исто, или сака пак врска или сака секс. Може на првото испиено кафе нема да го покаже тоа ама после сигурно. Е тебе тука совет ти давам а јас за котек плачам .Деновиве со срце и душа чекам да си дојде еден бивши дечко со кој треба да одам на кафе. Имам другарски односи со еден друг бивши ама пред да одиме ми беше другар. После раскинувањето се слушавме го сакам како брат ми што го сакам, вешто се криеше дека не сака ништо со мене, ама ете после 2 години си ги кажа намерите. Милам оти кај секој е различно ама сепак не ризикувај со такви работи. Има машки што може им се допаѓаш ако те види на кафе со бившиот ке се разочара. И со сите бивши сум сакала да останам другарка ама не успеало. Еве еден сега ке се жени, ми вика нема повеќе да контактираме, а јас со него 5 пати годишно се слушам само за празници честитање и толку.
па незнам како да ти објаснам,значи надеж за помирување-немам, може постои некоја мала агонија околу тоа како он би се однесувал со мене после врска (знаејќи дека ќе биде некој формален муабет),ама вака реално гледано можеби е подобро овде да си заврши се,нека си остане на почит у град како си што правиш и тоа е
Епа тоа е, жени... Една од моите подолги врски за која воедно не ми беше верно тогаш кога заврши дека заврши, сакав да ја одржам во контакт, првите денови се слушавме, излегувавме да дорасчистиме некои недокажани зборови што останале. На една таква средба го прашав отворено, дали ме сака и ми одговори дека не. Тогаш си реков, дека секогаш кога се слушав и излегував со него гаев надеж дека можеби не е крајот тука. Кога го слушнав тоа, дека неговите чувства престанале си реков - јас повеќе со тебе немам што да барам. И толку беше повеќе, се додека година дена подоцна не ми се јавија нови бубачки во главата дека сакам пак да сум со него (незнам тогаш од каде таа фикс идеја ми се јави) и излеговме. Тогаш мислам дека ми се дорасчистија уште неколку работи. Дека јас и тој за жал или среќа, неможеме да опстанеме повеќе, јас се променив, а и тој исто. И тука комплетно се заврши, не се смиривме зашто јас побрзав да си идам дома. Кога ќе се видевме во град, културно го поздравував, но сега ни тоа го нема, и општо со ниту еден бивш немам пријателски однос ниту здраво на улица. Ете, таква сум и готово. И подобро ми е отколку да се вртам со едни исти луѓе милион пати во животот.
Dali e za mene E вака се запознав со еден дечко.Mалку е чидно но јас имам 13 а тој 17.Предобар е . Од иста населба сме и се гледаме у денот бар по 3 пати,иI преку фб се допишуваме и се е океј.И сега пред неколку дена ми вика неможам без тебе нешо Бла бла..Mи вика не ми е гајле за разликата у години ја мн те сакам.И сега ме викна да излеземе онака да разговараме општо зе се.Jа незнам шо да му кажам нај веќе се плашам моите да не дознаат.а иначе и јас го свиѓам и + се плашам овие од населба девојчиња машки ке почнат муабети да вадат и ке се расчуе насекаде .ве молам помош како поголеми совет некој. Иии се извинувам ако има некоја ваква тема ама ја побрзав да напишам пошо хитно ми треба!
Dali e za mene Имаш 13 девојче мислам дека попаметно ќе ти биде да не правиш ништо со дечкото, остај што си мала па и тој е 17.Толку години разлика не се страшни ама ако си ти повозрасна а не 13 А и не само за разликата во годините.Јас на твои години почнав да излегувам и тогаш ми беше најинтересно, тогаш имавме симпатии, си гледавме на кафе, на карти баш како млади тинајџерки, на дечко ни не помислувавме.Е сега и јас си фатив дечко мала не знам колку точно бев, ама признавам сум била глупа и не знам што мајка сум барала тогаш да имам дечко, не знам што не е имало некој тогаш мене да ми даде совет.Сега имам братучетка на твои години и ако ми бара совет за тоа дали да си фати дечко можам и ќотек да и удрам.Не си играј тој е сега во години кога му се интересни женски, мувања, излегувања, пијанчење, секс а не 13 год девојчиња.Немој само да се навредиш овој совет е 100% добронамерен, не си играј после ќе се нервираш, ќе плачеш и ќе се каеш, има цел живот пред тебе за дечковци не сакаш уште сеа глава да те боли од нив
Dali e za mene Девојче,уживај во младоста додека можеш,флертувј,излегувај,али не се врзувај и не почнувај уште од сега со врски-за болење глава имаш време- немој да избрзуваш многу си млада за да имаш дечко навистина
Dali e za mene Уживај си во годините, ќе ги потрошиш на дечковци, и ништо нема да изживееш. На твои години колку е поубаво да си слободна, да не си врзана, да си правиш што сакаш, да флертуваш, да уживаш. Да излегуваш, без да се грижиш за никого. Дали ќе го повредиш.. дали... Рано ти е за дечковци. А и да беше ти барем малку поголема, немаше да се приметува дека сте ГОЛЕМА разлика
Dali e za mene И јас ке ти го дадам истиот совет. Млада си и баш сега ти е времето за излегување за дужење за забава не ти треба дечко уште сега .Инаку разликата во години не е голема но сепак подобро да бидете само пријатели одколку дечко и девојка ке бидеш помирна и посреќна верувај
Dali e za mene Не е голема, туку е приметлива повеќе со оглед на тоа дека таа има 13 друго е да е некоја година поголема.
Dali e za mene уживај во животот млада си уште сега да почнеш да ги броиш,кулирај забавувај се и немој уште од сега да ти е приоритет да фатиш дечко...
Dali e za mene Па незнам која година е најпогодна, тоа е сепак индивидуално, само знам дека ти си премлада за да се замараш со вакви работи. Ехее цел живот пред тебе, време за дечковци колку сакаш, само да знаеш дека детството нема да ти се врати! Затоа уживај си во годините, излегувај си со друштвото, забавувај се и уживај. Се во свое време.