Јас да бев на местото од маж ти, ќе ми беше незгодно некој така да се понаша со мене и ќе бев ладна и остра. Ама ајде еве да речеме дека мажи / жени различно размислуваат.... демек. Кој има морал, нема да дозволи така да се однесува. Дотичната госпоѓица исфрлија од животот без пардон, не си должна внимание и другарство на никој, поготово на некој кој нема грам почит за тебе. Исто така, господинот инфантилен, да си ги прибере овците, ако сака бракот да му остане. Ти посакувам да имаш подобри пријатели во животот а за такви како шо ја опиша нема граници, само црвен картон.
Мене не ми е јасно зошто уопште мора секогаш и мажот да го вика со другарките. Па иди бре излези сама со другарката. А и не ми е јасно како таа гола се шетала дома пред татко и и маж и. Мер сите заедно во една куќа се, па и другарката ја имаат земено со нив? А она го кажува тоа како на сила другарката да има дојдено да спие тамо. Многу нелогичности има. И згора на се, си го запишувала сето ова? Го копирала? Значи го запишувала на компјутер? Хм. Маж ти се пали на друга а ти си запишуваш позитив и негатив вајбс?
Или луѓево тролаат или се со вишок време. Истото е додуша. Ама ај и ние со вишок време малку да тепаме досада
Цел ден размислувам за ова што го пишувате. Така е, не велам не. Таа можеби и најмалку е виновна Искрена да бидам, кога разговаравме насамо да ја расчистиме работата дури и сам рече "можеби претерав, таа е најмалку крива...јас ете можеби придадов повеќе значење и внимание.. Девојката како што велите, а и јас полека станувам свесна за тоа , е најмалку крива. Да, најлесно е да ја бараш вината во другите... Но, јас мислам дека јас сум најмногу крива (ајде и да се насмеам на ,моја сметка ) уште на почетокот да ставам до знаење како стојат работите, но ете Кога си таков човек (да не реча а ќе речам, наивен, добар ... па и глуп по малку)
И двајцата се виновни, можеби повеќе маж ти. Ама на пример маж на моја другарка да флертува со мене јас би и' кажала, или ќе се дистанцирам од него, туку и маж ти и другарка ти си сакаат така.
Е ова е тоа што сакав да го чујам! Ти благодарам. Добив еден куп за читање, а ништо од некаква поддршка и елан ама стварно Тоа и беше целата идеја на текстот, како вие би постапиле. И еве конечно ти напиша што би направила. Ете и јас тоа ќе го направам ... И ВЕЌЕ БЕВ ВО ПРОЦЕС НА ОДДАЛЕЧУВАЊЕ, ВЕРУВАЈ... ама таа е како магнет (према мене) Ме мами со нејзиното однесување (знам ова смешно звучи) ама незнам, цело време нешто на крај ќе направи што ќе ме направи да помислам " па ок е бре таа и таа, што си правам филм..добро се дружиме, или ние сме пријателки, ок е тоа...итн итн Ама сето тоа мое преминување преку се, дава само уште толку пет, напред, па упте толку, па уште толку.. И така... И на крај ќе избувнам, ќе ја напраам големата и ете ти скандал Е таков човек сум
Jас многу другарки ги откачив поради банални работи, а не па за вакво нешто. Ама и маж ти е виновен, му одговарало нејзиното внимание, инаку ако не сакал ќе бил на дистанца со неа.
Го прочитав ова два пати. Се издишав И сега ти пишувам репли.. Така е .. Бидејќи ние не сме имале никакви ама баш никакви "разнишувања" во бракот, освен оваа несериозност, трошење на вакви глупости за разонода итн баш ме повредија Да, баш тоа како што кажа дотичниов мој да ги собере овците, А кон тоа и јас морам малку "заби да покажам" (настрана што викаш, да бил некој друг и поинаку би се поставил но ете нему можеби му станало интересно! Госпоѓата под итно морам морам и морам некако да се тргнам. Верувајте тепко ми оди, незнам да смислувам изговори...ама овие вакви ситуации интоа како ќе те избрусаат како личност, има се да научиш. Ти благодарам на одговорот
Сите се чудат оти уште ја тинтра другарката, никој не ѝ вика мажот да го отера у три лепе. Денес со оваа другарка, утре со некоја друга ќе се изонади.
Не не, Ние ме сме ни во иста земја Не сме секој ден заедноз не се влечкаме заедно секогап натамо навамо. Дури откако разговаравме , избегаваше мм и во друга соба си одеше (ваљда свати дека се претерало) Сето ова е само кога сме заедно , кога ќе ни дојде на гости итн (Па дури и трета, четврта, петта особа да има) ...hh
За жал моментално ми се вцрвенува лицево од нервоз од што морам да речам "така е " ... Но се разговараше и се надевам на зрелост и коректно однесување во иднина. И ко што напиша некој друг член, надеж дека после оваа разрешница нема тоа да се повторува со некој друг. За среќа сите други околу што сме, се парови со деца .. се дружиме, блиски па и ќе се нашалиш насмееш прегрнеш Но, ова беше мојата единствена соло пријателка Ќе каже секогаш, со овој пишувам или на дејт сум поканета ...или било што И секогаш сакав да се чуствува убаво, а не "осамено" , значи да не речам како сестра...прошетана, пречекана... Но што е тоа е, мора да се заврши Да, што сметам дека е нормално,нели? Да ти дојде пријателката на гости (Во нормални односи и ситуации секако) 4-5 пати (нормално, не во една година, туку низ годините) Па незнам што мислев со тоа, си собирав во себе пресметки да не можеби ЈАС ПРЕТЕРУВАМ и мислам нешто... Разбираш?! Ете затоа... А тоа дека се шета гола, не Туку но брас, по маица..итн итн И не секогаш, но тогаш кога било во неколку ситуации ми засметало а ништо ме сум рекла.. Бидејќи тоа си е нејзин начин на носење, што да и правам Тоа што јас таква сум е прифатила на почеток а сега ми смета, тоа е моја вина Добро, Да не се вртиме во круг Горе долу добро беше што поразговарав со вас и се олеснив во душата бидејќи стварно ми беше тешко Ви благодарам на тие што ме разбравте и дадовте некој свој став,корисен совет и мислење за оваа "сага" Фала и на другите што се "чудат" со мојата приказна.. Веќе не коментирам на оваа тема понатамо, доволно простор одзеде тука Ќе гледам да решам работата како што можам Убава нова и непроблематична недела на сите
Епа арно си викаш. Тоа си е нејзин начин на носење и така си е послободна со сите. Ти проблем си имаш со маж ти шо одма почнале лиги да му течат на првата шо си ја викнала дома. Чим сте се средиле, сте се смириле, веќе не ја викај женската кај вас, ако идиш во Мк, тогаш дружете се приватно, без маж ти, пошо очигледно он неможе да се контролира. И отвори очи малку повеќе, чим така праел пред тебе, замисли позади тебе шо прави.
Два пати прочитано! Ти благодарам на даденово мислење. Така си е.. така е навистина!!! Верувај дека баш ми е од корист и ме охрабрува ова што ми пиша *Едит: еве да не речам и веќе неколку пати препрочитувам. И смешно или не, и ова и едно погоре мислење, ќе ги запишам и нив во белешки ( за да не замине пак како ништо да не било, туку да ме потсеќа како да правам и одлучувам понатамо)
Ами така. Ама глеаш се смириле. Мажето дури си ја признало вината и рекло дека нема да се повтори. Просто да не ти се верува.
Затоа баш и се изразив дека не си должна. Бидејќи гледам дека имаш премногу култура за да ја пресечеш одма. Лади го односот, се надевам дека дома нема да ти дојде пак. Кога и да се понуди, вели дека не си дома. А мажот да не ни помислил да комуницира со неа, до толку барем ти е должен. Бидејќи веќе влегол во црвена линија, свесно или не. Ти посакувам никогаш повеќе да немаш вакви маки, а ако не дај боже пак не те почитува. Јас да сум, би го оставила. Наместо тој да лапа муви и да се однесува како тинејџер, нека си се посвети на тебе и детето, како што му е местото. Тиквар будалест