Толку ти е смешен твојот проблем на секое што пушташ смајлиња? Мене ич немаше да ми е до смеење на ваква ситуација. Друго, како си толку многу сигурна дека тие воопшто не комуницираат, лажен профил или слични апликации не ти имат паднато на памет? Без никаков контакт, се гледаат во 5 години 5 пати и се тоолку опуштени? Кој ја мати водата муабето
Измислена приказна изгледа.. Ние па памет солиме,а оваа не чита и пука од смеење. Кај оди светот не знам
Сличен пост за совет порано добив од член кој кажуваше дека е женет и имале заеднички пријател украинец кој требал да оди во војната да се бори и последна желба му била да биде во врска со жена му, па овој се сожалил и дозволил да бидат во врска и им доагал дома па правеле свашта нешто а тој само им помагал, па ме прашуваше како да им ја зацврсти врската, да му удоволи на украинецот Се извинувам на оффтопикот
Обично швалерката не е крива, нели мажот е, само тука најкрива е пошто е другарка. И она што ми забоде очи е што другарката требало да ѝ биде срам да му се пушта пред жена му, пошто е женет, пошто жена му е таму, не пошто ете на него му е незгодно, ако воопшто му е. Ко другар на дм да НЕ ми се удвара само пошто му е другар, не е битно тоа што јас се осеќам непријатно и неќам ништо со типот, ко негова сопственост да сум па да не чепка нешто негово. Јас најмалку битна. Само што во случајов на мажот му рипка малце повеќе.
Еххх брее....знаеш она кога веќе ти е преку глава и си уморен од сите овие дешавки, па само се доуморуваш и на крај ќе почнеш само да се смееш?! Да , баш да се смееш на се , на случките, на пишувањево овде ...на се што те снашло.. Е такво смеење е ова.. Разочарувачко смеење во душата.. Ама ти воопшто не се замарај за моите смајлиња и смеења, тие воопшто не се битни во приказнава
Абе кажи си, сама му ја местиш на мажот ти. Каква е таа љубов према другарка од студентските денови, ќе помисли човек дека ептен ти е битно да не ја повредиш Па иди куди си го мажот тука. Ако сама си придонела, гледај си ја по дома.
@Leonessa Moon Баш сама му ја местиш на мажето јако. Сега гледај епилог како ќе заврши. Немој да мислиш дека не се во контакт! Јас да сум во истата секунда ќе се разведам од таков дебил.
Не знам што да правам, долго време немам дечко т.е не сум имала нешто што ветува нешто... Почнав да се допишувам со еден дечко, барам маани иако и јас не сум совршена ама не знам дали ќе ми се свиѓа во живо, на фб сликите на некоја слика ми се свиѓа на некоја мислам нема да ми се свиѓа во живо, не знам што да правам, а вака дечково е префин и муабет и се ама ме кочи тоа што не сум сигурна дек ќе ми се свиѓа и ќе биде губење време, знам дека треба да се излезе и да се проба ама не знам, вака само замерувам барам маани и ќе останам сама... Што мислите, вреди ли да се излезе со некој ако не знаете баш дали ви се свиѓа на слики....
Што би помислиле ако на тип пред прв дејт му кажете дека сте пратиле локација на три места за да ве следат лајв каде сте, и он 5 минути после тоа ви откаже средба со банална причина?
Од таа причина што ако планира нешто да ми направи ќе знае дека ме следат лајв каде сум, и ќе се откаже пред да проба.