Па од претпазливост се оди на јавно место кафуле,ресторан каде што има луѓе,што може да ти направи.И јас не би излегла некој да ми го каже тоа искрено
Секоја жена да е само 1% претпазлива колку мене, помалку срања ќе ни се дешаваат на нас жените во животот.
Не трескај жити се 1 % да биле како тебе па ти ако идеш друг град да се видиш на стојанче центар за кризи дај му локација
Би излегла, нема ништо лошо во едно кафе, а вака ако нагаѓаш далеку ќе стигнеш, голема работа ако се излезе на кафе...
Вреди! И најубавта торта може да има грд вкус. Не е мерило. Ништо не ти мени едно излегување де,чисто на кафе..
Ако секој маж беше како оние фините бар 1% и да не вршеа насилства врз жени, многу помалку срања ќе ни се дешаваат на нас жените во животот. Едноставно си има поврзано дека не е ситуација во која сака да е. Башка зошто би кажала? Мислам ако не вервам на некој, а на почеток не вервам, нема да му кажам дека презедов мерки за да не напрај нешто. Пошто никогаш нема да дознам шо сакал да напрај. А дека на дејт другарки ми се на стенд бај, ми се. Ама само јас и тие го знајме то.
Нино,а ти колку години имаш? Не да е крипи тоа,тоа еее крипење! А каде мислеше да одиш со него? Вајда помеѓу луѓе..сигурно у некој џбун нема да го носиш или да те носи
Мене ми се има десено со еден на слики да е топ, во живо гроб. А друг пак, на слики делуваше како мртво пувало, а во живо беше баш харизматичен и згоден. Ќе видиш гестикулации, харизма, манири, поинаку е. Ако не ти се свиѓа ништо страшно, не е крај на свет. А можеби и си бараш некакви изговори за да не се видиш, премногу го анализираш, се тупиш, ова и мене ми се дешава периодов, ваљда поради долго апстинирање на тоа поле.
Да, еве ми пишал детали, не е поради локацијата излеа, му било дури и мило што сум толку внимателна аииии.
Епа иди на кафе Или на вечера некаде,тој ќе части,не плаши се у вези пари Ама не оди во парк,на рингишпил,или на бурек. Одете на вечера,најубаво се гледа каков е помеѓу цивилизација
Абе смејте и се вие на Нина, ама она арно си праи. Ама и јас сметам дека не треба да се запознаваш прв пат со некој во парк. Многу е ризично. Па и ако не ти се допадне, којзнае дали ќе можеш да се откачиш од него. Ќе нема кој да ти помогне. Арно вика членката горе, најубаво ќе го видиш каков е во цивилизација. По тоа како се понаша спрема келнерот, дали ќе ја плати цела сметка или е скржав, дали пие, и ако пие можеш да му го видиш понашањето какво ќе му биде спрема другите....