Можеби дека долго време не си била во врска си заборавила како да се однесуваш верувај на секој ни се има случено. Немој да бараш маани, нема потреба да се фокусираш на негативното, излези запознај го човек ако ти се допадне супер. Се ќе си дојде природно. Не форсирај, не мисли многу и гледај си тебе што ти одговара. Со среќа
Јас како што сум скржава, нема да биде чудно да се вратам после дејт со плус пари.. Частам само луѓе што немаат, тие што имаат, сами си плаќаат.. Ако го проценам дека нема пари и му е финансиски товар да оди на дејт со мене, јас ќе платам, и нема тоа да му го плеснам во лице.
Ај малце муабет, јас сум човек кој не сака многу јадење и пиење надвор од дома, а и кога пијам пијам само на проверени места и проверени работи. Колку е грев да искочам со некој и да не јадам, само да пијам? Не е фрка за плаќањето, фрка е пошто е чудно, не знам???
Не мора да одете во ресторан, фино може во некој бар. Ако мора да е баш место каде се служи храна, не јади штом не сакаш, не е грев.
Во право си, чудно ќе му биде на твојот пријател или пријателка. Затоа, ќе нарачаш една палачинка или сладолед, ќе апниш 1 2 залака и ќе кажиш дека не ти се допаѓа и ќе ја оставиш. Биди малку креативен, се јас ли да ве учам
Хм можеш со пијачката да си земеш мезе, или пак ако пиеш кафе можеш нешто благо, не е згодно сега некој да јаде кога сте во ресторан, а ти да се лигавиш со една пијачка ако сакаш на пијачка тогаш во кафич само и решен проблемот
Бар е океј ама атмосферата е многу напета во 99% од нив, многу гласна и досадна музика. Ама валидно, фала ќе размислам. Ноу веј, не знам, ко за прв-пат не ми е луѓе за по дома. Ми се допаѓа како си инклузивна, браво Адидас. Сладолед може и да го изедам ако се оние чашка тип... Абе се лигавам со 2 ама упс. Не е за плашење, само сум имал лошо искуство со јадење на непознати места, а познатите не се баш за со луѓе (читај биртии и кафанчиња), барем не во тој поглед.
Мене некој вакво нешто да ми кажи не само што ќе ја откажам средбата туку и ќе биди блокиран на сите можни социјални мрежи.
Периодов не постои полошо место за дејт од парк ама ај.По тоа темниците без народ на времево идеално за манијаци.
Naj realno ke bide ako si realen i sekogas da si sebesi , toj sto ke te ceni sekogas ke prodolzuva da te ceni taka kako sto si
Здраво Ве молам мислење, совет, ваша перспектива, било што. Многу сум збунета. Крајот на јуни се запознав со еден дечко случајно во ноќен клуб. Само мување таа вечер и мислев дека и на тоа ќе остани. Ме додаде на инста уште истата вечер и почнавме да пишеме ама онака скроз лабаво. Со враќавме еднаш на 5-6 сати. По неколку дена го викнав да се видиме чисто да знам на што сум затоа што во принцип јас не сум лабаво човек. И така почнавме еден месец демек да се гледаме ама еднаш сега еднаш по три дена. Во меѓувреме комуникацијата уште така нестабилна. Пишевме само за да се договориме да се видиме и тек туку рандом муабети. Почнавме почесто да се гледаме. Неговите беа на одмор, па спиев таму цела недела. После моите беа на одмор спиеше тој кај мене две недели. И така постепено почна секоја вечер да доаѓа кај мене да спие и то е така до ден денес. Прашањето ми е зошто човекот не комуницира со мене т.е. не пишуваме во текот на денот едноставно. Ќе стани на сабајле ќе си замине од кај мене и не ме бара до вечер се дури не треба да дојди на спиење. Некогаш и воопшто не ме бара, чека јас да го побарам. Иначе зборувавме, ми кажа дека сака да сме заедно, ме запозна со друштвото, ми кажа дека ме сака дрн дрн дрн. Ама не знам јас каква врска е ова искрено. Вчера зборувавме. Му кажав дека се чувствувам како да не му е гајле за мене, дека глупо се осеќам дека ме сфаќам зошто е вака и дека треба да се разделиме зошто стварно мене не ми одговара така. Ми се налути многу, ми рече дека во никој случај не сакал да се скараме. Дека премногу сум се напнувала со непотребни работи и дека ако не му било гајле немало секоја вечер да спие кај мене. Да напоменам дека кога ќе излезам со другарки, тогаш само ме бара и прашува а иначе во текот на денот знае дека работам и не го интересира. Исто така знае да коментира дека не пишуваме и дека би сакал повеќе да комуницираме а од друга страна секој мој напор за комуникација е одбиен. Или нема да ми врати неколку сати или еден збор одговор. Во живо најнормално разговараме. Ама мене ми е многу чудно ова однесување. Не знам дали јас стварно за џабе се мачам со мислите или едноставно не е океј ова. 24 и 25 години сме. Секое мислење е добредојдено. Фала ви.
Работи тој? Тоа што секоја вечер сте заедно е прекрасно. Напомена дека и комуникацијата во живо ви е супер тоа е најбитно.. Доколку не е тип што сака да пишува многу, речи му дека сакаш повеќе вниманието (што е нормално) и нека ти се јавува и преку ден.
Имам еден проблем и секое мислење би ми било добредојдено. Немам никаков контакт со бившата веќе година ипол, но сеуште ја сакам и ми фали, и нацртав портрет, дали е во ред да и го покажам или пратам после толку време ?