Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Timbo

    Timbo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Naj realno ke bide ako si realen i sekogas da si sebesi , toj sto ke te ceni sekogas ke prodolzuva da te ceni taka kako sto si
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    12.582
    Пол:
    Женски
    Ќе може некој да ми пише во приватна порака, ми треба совет.
     
    На Timbo и evinaevina8 им се допаѓа ова.
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    12.056
    Пол:
    Женски
  4. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.239
    Пол:
    Женски
    Не можеме ние,пиши ми ако сакаш
     
  5. Nokanona

    Nokanona Нов член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво

    Ве молам мислење, совет, ваша перспектива, било што.
    Многу сум збунета.

    Крајот на јуни се запознав со еден дечко случајно во ноќен клуб. Само мување таа вечер и мислев дека и на тоа ќе остани.

    Ме додаде на инста уште истата вечер и почнавме да пишеме ама онака скроз лабаво. Со враќавме еднаш на 5-6 сати. По неколку дена го викнав да се видиме чисто да знам на што сум затоа што во принцип јас не сум лабаво човек.

    И така почнавме еден месец демек да се гледаме ама еднаш сега еднаш по три дена. Во меѓувреме комуникацијата уште така нестабилна. Пишевме само за да се договориме да се видиме и тек туку рандом муабети.

    Почнавме почесто да се гледаме. Неговите беа на одмор, па спиев таму цела недела. После моите беа на одмор спиеше тој кај мене две недели. И така постепено почна секоја вечер да доаѓа кај мене да спие и то е така до ден денес.

    Прашањето ми е зошто човекот не комуницира со мене т.е. не пишуваме во текот на денот едноставно. Ќе стани на сабајле ќе си замине од кај мене и не ме бара до вечер се дури не треба да дојди на спиење. Некогаш и воопшто не ме бара, чека јас да го побарам.

    Иначе зборувавме, ми кажа дека сака да сме заедно, ме запозна со друштвото, ми кажа дека ме сака дрн дрн дрн.

    Ама не знам јас каква врска е ова искрено.
    Вчера зборувавме. Му кажав дека се чувствувам како да не му е гајле за мене, дека глупо се осеќам дека ме сфаќам зошто е вака и дека треба да се разделиме зошто стварно мене не ми одговара така.
    Ми се налути многу, ми рече дека во никој случај не сакал да се скараме. Дека премногу сум се напнувала со непотребни работи и дека ако не му било гајле немало секоја вечер да спие кај мене.

    Да напоменам дека кога ќе излезам со другарки, тогаш само ме бара и прашува а иначе во текот на денот знае дека работам и не го интересира. Исто така знае да коментира дека не пишуваме и дека би сакал повеќе да комуницираме а од друга страна секој мој напор за комуникација е одбиен. Или нема да ми врати неколку сати или еден збор одговор.

    Во живо најнормално разговараме.

    Ама мене ми е многу чудно ова однесување.

    Не знам дали јас стварно за џабе се мачам со мислите или едноставно не е океј ова.

    24 и 25 години сме.

    Секое мислење е добредојдено.

    Фала ви.
     
    На DinaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    3.510
    Пол:
    Женски
    Работи тој? Тоа што секоја вечер сте заедно е прекрасно. Напомена дека и комуникацијата во живо ви е супер тоа е најбитно.. Доколку не е тип што сака да пишува многу, речи му дека сакаш повеќе вниманието (што е нормално) и нека ти се јавува и преку ден. :inlove:
     
  7. Stole Popov

    Stole Popov Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Имам еден проблем и секое мислење би ми било добредојдено.
    Немам никаков контакт со бившата веќе година ипол, но сеуште ја сакам и ми фали, и нацртав портрет, дали е во ред да и го покажам или пратам после толку време ?
     
  8. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    3.510
    Пол:
    Женски
    Зависи како завршила врската, дали има нов дечко итн.. Најдобро прво исконтактирај па види дали смееш..
     
  9. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    1.649
    Пол:
    Машки
    Во здрава нога, трн си ставаш. Нема да ја добиеш реакцијата која ја очекуваш и ќе плачеш, батали. Move on!
     
    На iloveyou29, Mumoftwo30, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.428
    Пол:
    Женски
    Поминало доста време, време е да продолжиш понатаму.
     
    На Mumoftwo30, TrueToMyself и halfasoul им се допаѓа ова.
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    5.198
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство веќе не советувам ни други да се смируваат со бивши, но ако толку сакаш да пробаш биди спремен на негативен одговор. Многу веројатно е да излезе така.

    А секако не пробувај ништо ако е во врска моментално или си направил грешка што не се простува.
     
  12. TarMairon

    TarMairon Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Nastanot se sluce pred skoro edna godina kontaktirav od fake profil so devojka se najdobro ni odese kontaktot i otkriv po 2 nedeli dopisuvanje koj sum kako sum taa se razocara me blokira i pisav uste 3 pati bukvalno ja molev da razgovarame da i kazam zosto taka imav postapeno ednas i vo zivo pak odbi da razgovarame ne go obvinuvam devojceto za niss. Ako ima nekoj nekakgo iskustvo i so mu pomognalo da premini preku ova(faktot so ne bev iskren so neze od pocetok mi praj da nemozam se pomiram) fala (bev i na psihijatar ne pomogna niss nemozam da spijam da jadam za se kef izgubiv)
     
  13. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Зависи од причината поради која раскинавте? Зависи и кој кого раскинал? Ако сте се сакале, па сте имале некој проблем кој меѓувреме се разрешил тогаш пробај ако не, тогаш зошто? И да и пишиш и да не и пишиш нема некоја голема разлика, освен шо ќе си ги искажиш чувствата, па останатото не е битно.
     
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.691
    Допаѓања:
    19.098
    Пол:
    Машки

    Сличен сум како тебе, носталгичар итн... веројатно ја идеализираме личноста и посакуваме да била нешто, што и во врска веројатно не била, ама не сме биле свесни и на некој начин си ствараш некоја идеална како неа и си мислиш дека ја сакаш заљубен дека си. Поминало доста време, а не зборуваш, не си ја видел итн, како можи да ја сакаш? Само ја идеализираш и повеќе си штетиш, "кочиш" во место. :)


    Јас пред да и испратам таква слика најпрво би се запрашал себе си што сакам да постигнам со тоа, да и го сменам мислењето, да ме сака пак, да и кажам колку ја сакам и дека ти фали? Не дека ми се нема вратено по толку време личност, всушност јас и ја заборавив ама ете...
    Ама мислам дека поголеми се шансите да се разочараш и да те повреди повторно...

    И второ биди културен човек, а верувам дека си, испитај првин терен дали се гледа или е во врска со некого... би можело да е малку невкусно така.. бивши да и испрати портрет.. хмм.
     
    На Mumoftwo30 и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  15. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    6.381
    Пол:
    Женски
    Женски еве ме, апдејт имам
    Само што зборувавме, 2 часа правевме муабет и ми рече дека он не сака да се оддели од дома, строго стои на тоа дека фамилијата му е на прво место. Јас му кажав дека таа фамилија/семејство што он ќе го создаде треба да му е поважно од тоа каде што потекнува, леле кога ми се фрли, аууу, цитирам: " Па јас колку фамилии имам??! Една фамилија е тоа за мене, а и за што сум правел толкава куќа тука и спрат, за да не живеам тука ли?" Тука ми се сите блиски, татко ми и мајка ми, брат ми, друштвото..
    Му го велам пак смирено истото, пак почнува со висок тон дека тоа е за него ИСТО и еднакво важно. Сакам да одам да поработам и вон земјава, ми се пружаат и можности, поддршка од него 0. Скроз беше негативно настроен, за секоја моја мисла и идеја беше негативен. А зашто? Зашто сум сакала надвор да одам е проблем, таму он ќе немал семејство, друштво, мајка му и татко му биле далеку, друго било он да е на спрат од нив а друго 700км далеку.. (со авион си за 2 часа, и тоа не е изговор) ме направи толку виновно да се осеќам само затоа што сакам надвор да одам да работам, само затоа што имам желба и ја имам можноста, му велам дека тоа ќе биде пак за нас, не е за мене само, ма не бре, не сака да слушне, песимизам на максимум. Почна да ми префрла и некои работи од минатото, во смисла зашто јас не сум дошла да му помогнам кога нешто работел тој овде итн.. ме згрози искрено, секогаш сум го прашувала дали му треба помош за било што, ми велел не, океј е, ова сам ќе го сработам, и во ред, така и било, му верував на зборот, и вечерва ми рече: " Па ти и без тоа сама треба да дојдеш да ми помогнеш.." ?!?
    Молам?? Сама сум требала да знам, леле не ми се верува..
    Ме направи да се осеќам криво што сакам да одам да пробам, викам зашто не ми дозволиш барем, сигурна сум дека ќе успеам, верувам во себе, ја имам и шансата, и он на тоа ми вели одма негативно, ти оставаш фамилија тука за да одиш да работиш надвор?!? Му велам да, секој се бори за својата иднина, возрасни сме, кога јас можам да се одделам од дома, од моите, да сменам (утре во животот) и презиме и дом и идентитет, можеш и ти да се одвоиш од дома и самостално да живееш настрана. Знаете ли што ми рече на ова?
    - Па јас самостално живеам во МКД, јас не барам пари од моите. Не ми се верува луѓе. Како сум можела да сакам да одам вон Македонија да работам и живеам кога фамилијата е далеку од мене, му велам нашите нема да се вечно живи, ќе доаѓаат, ќе доаѓаш, не е тоа нималку проблем. Вика како така можеш да размислуваш, утре ќе ти се разболи дете, ќе нема кој да го чува, а мама е тука. Пак околу тоа се врти. Вика тука имам друштво и фамилија и НЕ сакам да одам на страна.
    Не може да ме разбере затоа што неговата плата и мојата не се споредуваат (сит на гладен не верува работава)
    Само сакав да се искажам, да ми олесни.. Лека ноќ друштво.
     
    На An4e banance и AAKG им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    179.656
    Ме мрзи да препрочитувам историја, колку сте заедно, колку години имате, ама без оглед на тоа, резиме- вашите погледи за иднината се дијаметрално спротивни, или ќе се избереш себеси или ќе си ги погазиш идеите, плановите и амбициите.
    Јас преку вакво нешто не би прошла, и не сум прошла, сум го оставила со мама.И другарите бе(facepalm)
     
    На Selena01, Mumoftwo30, Bezimenka90 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.035
    Пол:
    Женски
    Биди среќна што вака рано знаеш на што си, не сте во брак и со дете. Оди, работи, уживај, тој си кажа каков ќе ти биде животот со него - мама на прво место.
     
    На Anyshka, Mumoftwo30, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  18. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    12.056
    Пол:
    Женски
    @Oscar Lady оди и исполни си ги соништата, а дечкото нека остани уште со папочна врвка врзан за мајка му
     
    На Anyshka, Mumoftwo30, amy.fashion и 4 други им се допаѓа ова.
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.387
    Пол:
    Женски
    Тој не сака да се оддели од суќната на мама, ама за тебе е скроз оправдано и нормално да одиш да живееш во неговата куќа и да ги напуштиш твоите, така?
    И јас не знам дали би преминала преку ова, ми изгледа дека е многу зависен од неговите и тоа баш и не е нешто сјајно.
     
    На Anyshka, Mumoftwo30, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    6.381
    Пол:
    Женски
    Јас 28 а тој има 33 години Билјарке.. Му велам зашто не си ми поддршка, ќе успеам и тоа е за нас пак, вика не е сјајно таму демек, јас испаднав виновна што сум водела инает и со глава во ѕид демек одам, не знаеш ни платите демек колкави се за медицински персонал( за мене) во Австрија, Швајцарија, Германија а упорно оставаш се тука и сакаш да одиш ми вели, као демек не е сјајно ни таму, велам не реков дека е сјајно меѓутоа сигурно подобри се условите, вика таму немаш друштво, а тука биле сите као во МК, викам тоа не е проблем, и да не ми се допаѓа, секогаш можеш да се вратам во МКД, ама ќе ми биде криво ако не се обидам барем. Му велам немам што да изгубам тука, ми се нафрли како немаш?!? Па фамилија оставаш.. пак со истите зборови да не се повторувам.. речиси 4 години сме инаку заедно, во понеделник се враќа од сезонска работа па ќе видиме, или џа или бу.
    Фала ви на мислењата на сите.
     
    Последна измена: 23 октомври 2024
    На Mumoftwo30, christinnn, AAKG и 3 други им се допаѓа ова.