mackaa.t иди дотерај се излези со другарките на прошетка,доста мислеше на дечковци...ехеееееееее имаш цел живот пред себе.Прерано е да се врзуваш за некого уште сега.
Уживај си во годините и не се замарај за дечковци како гледам по 13 години врсна си на сестра ми..ке ти го кажам тоа и на неа што и го трубам цело време Сега машките гледаат само мување,секс,пијанење..мала си сеуште,за дечковци и такви работи ке ти дојдит времето..можеш на 15 - 16,се во свое време..тие на 17 незнаат шо сакет и шо прает,гледет само да брцнат нешто и да пијат,и знајш фраер сум...од моја гледна точка.Слушам и гледам другари..како се понашаат. Седи и уживај во годините...ке ги бараш Поздрав и све најдобро
Незнам длаи ова би се нарекло љубовен проблем о ми треба ваше мислење оти навистина незнам што да правам ... Имав еден дечко одевме година и 2 месеци ..се разделивме зашто тој требаше во друг град да студира ..Летово беше цело време тука но ние не комунициравме , тој имаше едно време друга девојка , јас во моментов со друг се гледам ,,Се случи нешто неочекувано , мајка му почина пред 2 дена ..Мене тоа страшно ме погоди бидејќи бев блиска со неа но не се осудив да отидам на погреб ..Сега незнам дали да му се јавам да изразам сочуство да не испадни глупо бидејќи немам контакт со него а и двајцата знаеме дека сме на различни страни заминати ..да се јавувам или не ?
Зашто да не, јас да би била на твое место би се јавила, би изразила сочувство секако.. и да го направиш тоа !
искрено немој да му се јавуваш штом веќе си повлекла линија, а и да се јавиш мислиш дека тоа би му помогнало??
да ама самата кажа дека била блиска со мајка му, што има лошо во тоа да изрази сочувство? сепак била со него година и нешо дена
Што е битно ако повлекла линија,луѓе сме мајка му стара,не сме без осет,па сепак година време не е малку.. И ако на детето му починала мајката,секако нема да има нешто на овој свет што ќе му помогне,но убаво е да знае дека не е сам во тоа и дека има некој за него таму. Јас сум за да му се јавиш. Со тоа ќе ја покажеш и твојата зрелост дека можеш да поминеш преку тоа што ти си ставила крај,бидејќи ова не е мала работа и плус,дека нема да ти падне вилицата ако му се јавиш,дека не си ја ставила гордоста пред неговата мајка и пред него.
Да се јавиш се разбира ова не е момент за гордост и така ќе покажеш во секоја смисла на зборот дека си човек
јас ова би го сватил на овој начин... дека ја искористуваш ситуацијата за да му се приближш повторно, а верувај дека нема ни да му текне на тебе дека не си му се јавила иако си била блиска со мајкаму па ти како сакаш
е како да не, нема врска, се додека девојкава се задржи на тоа дека се јавува само да изрази сочувство не би требало да го помисли, не знам јас лично не би го помислела тоа
хахахаха -.- во оваква ситуациоја нему ке му дошло да мисли дали таа сака да го врати или не.Што сака нека мисли бе,Фајрквин имаш зелено светло од мене. :up:
абе тоа потсвесно така е секогаш останва во нас едно мало жарче што сеуште тлее и не сакаме да се изгасни
Ја пратев комуникацијава да видам како ке се одвива и решив да пишам и јас.Лошо да е да му изрази сочуство неможе да биде никако,Се согласувам потполно со Pelikuna,детето може незнае кај му е главата во моментов па ако му се јавела некоја поранешна љубов одма љубов ке го обземе.Јас да бев,без разлика што било,како завршило,би се јавил,зашто пред се е акт на човечност и момент на кој на некој му треба подршка!
Да му се јавиш... Тој ти е бивши но си била блиска со мајка му. Не знам како сте завршиле но тоа во овие моменти се остава назад. Зелено светло од мене
абе зборувате како детето да нема сега никој крај себе па очајно чека некоја бивша да му се јави и плус од каде знаете како им завршила врската и дали отпослем мајка му ја сакала и и останала драга и дали ја помислувате ситуацијата ке му се јави и што ке му рече еј здраво знаеш кој е на телефон? твојата бивша "ивана" сакам само да ти кажам колку ми е жал за мајкати стварно многу ја сакав итн и не е ова малце смотано?
Пак е некултурно да не се јави без разлика како завршила врската.Таа не му се јавува за да го слушне него туку да му изрази сочуство од чиста култура.Плус тој има друга таа друг.И како нема никој покрај себе?едно е да ти умре комшија а друго мајка
Зошто смотано?! Не значи дека баш така би изгледал муабетот иако во целост тоа е тоа што треба да се каже. Кога некој губи блиска личност доволно е да се почувствува поддржан и не заборавен од околината за да се чувствува подобро. И од мене имаш ДА за да му се јавиш.
Ееее да знаеш колку луѓе на гроб би ти дошле и да те мразеле,колку само гратис ручек да земат,серизоно е ова,битен е гестот,за љубов нема место тука. и секако постои друг начин без-овде е твојата "Ивана",несудената љубов твоја...
Јас лично кога би се нашла во ваква ситуација,не би се јавила.Едноставно нема потреба.Нити твоето сочувство ќе ја врати мајка му од мртвите,нити на него ќе му значи нешто. А ако сакаш да ја испочитуваш жената затоа што сте биле блиски, без него да го вклучуваш, биди подискретна.Запали свеќа или прати цвеќе на нејзиниот гроб. Или ако случајно го сретнеш негде-изрази му сочуство,ама да му се јавуваш специјално за тоа,некако ми нема смисол.