Па може се ебава за провод. Не сите жени сакаат брак, тоа не значи дека не треба да има нешто со маж ако не сака брак.
Тогаш ИЧ нека не му иде дома, а не ќе дојдам, ќе се грижам така 5% оти (демек) те сакам ама ќе се жалам по форуми дека ми е тешко.
Значи по твое, жената не смее да се жали? И како тоа она вика дека одела за да го рашета некаде, значи он може да шета ама неможе да иде до фрижидер да си направи сендвич. Греота, син на мајка, само зготвено јаде.
Напротив, мерак ми е да му помогнам да зготвам и зачистам. Не ми е воопшто тешко. Само не рњзбирам зашо сите ме напаѓаат демек ми прекурчило мене од него и дека сум вештерка што реков дека сакам време за себе.
Оти таков ни е менталитетот, драга членке, жената мора се да прави и не смее ни да писне а камоли да се пожали. Оти глеаш, одма ќе те напраат "недомаќинка".
Не смееш,па ти си му девојка вие се сакате.Ако треба и нема да се тушираш,за да не го оставиш во тежок моментИ реално сега неговите родители не се тука.Ама во нормална ситуација ако не живеете заедно родителите треба да се грижат а не девојката
Се грижите еден за друг (независно кој залегнал или не, независно дали сте во врска или брак или еве бе може братучед и братучетка се, неговите не се дома ете братучеткава и паднало да се грижи за него) од човештилук. Толку имам да кажам на темава покрај тоа дека и срипавте на членкава, а таа само си пиша да си ја олеснела душава на оваа тема. Погрешила само што не пишала во Разговарајте за да ви олесни душата, ма да и таму ќе го (о)кркала истово.
Која обратна ситиација жити господ, кој е тој маж шо отишол во домот на девојката во кој патем живеат и нејзините родители, и почнал по цели денови да чисти и да готви.
Јебига, така сум воспитана. Си ја научив лекцијата. Ќути си, дупи си. Не дај боже човек да си каже мака. Заборавам на моменти дека на форумов се најголемите и најсовршените домаќинки.
Чоек буквално може да замине наместо да кука, никој не и ставил пиштол на глава да го прави тоа. Има такви, ако не си сретнала не дека не постојат. Маж да го пишаше ова, војна ќе беше.
Маж неможе ова да го напише оти како прво нема да го направи тоа шо го прави членката. Членката си кажа дека од љубов го прави тоа но и дека е изморена. И во право е. Не е должна да го тинтра волку. Арно и тоа кога го прави за него, какви жени има, ни вода нема да му подадат.
Ама очигледно ств не сте ме разбрале. Јас нит се пожалив дека сум 'морала' да чистам и готвам, нит дека ми е тешко да се грижам за него. Не знаев дека ние немаме право на одмор и време за себе.
Па тоа е проблемот,секој си сфати како што си сака,дали тоа има врска со напишаното,никој не го интересира.
Не, кажи си ја слободно. За последнава реченица не би да проценувам дали е така или не, само знај од секоја личност можеш да купиш ум (од некои ќе уочиш како треба, од некои како не треба, ама ќе си одлучиш и расудуваш по твоја мерка).