Која обратна ситиација жити господ, кој е тој маж шо отишол во домот на девојката во кој патем живеат и нејзините родители, и почнал по цели денови да чисти и да готви.
Јебига, така сум воспитана. Си ја научив лекцијата. Ќути си, дупи си. Не дај боже човек да си каже мака. Заборавам на моменти дека на форумов се најголемите и најсовршените домаќинки.
Чоек буквално може да замине наместо да кука, никој не и ставил пиштол на глава да го прави тоа. Има такви, ако не си сретнала не дека не постојат. Маж да го пишаше ова, војна ќе беше.
Маж неможе ова да го напише оти како прво нема да го направи тоа шо го прави членката. Членката си кажа дека од љубов го прави тоа но и дека е изморена. И во право е. Не е должна да го тинтра волку. Арно и тоа кога го прави за него, какви жени има, ни вода нема да му подадат.
Ама очигледно ств не сте ме разбрале. Јас нит се пожалив дека сум 'морала' да чистам и готвам, нит дека ми е тешко да се грижам за него. Не знаев дека ние немаме право на одмор и време за себе.
Па тоа е проблемот,секој си сфати како што си сака,дали тоа има врска со напишаното,никој не го интересира.
Не, кажи си ја слободно. За последнава реченица не би да проценувам дали е така или не, само знај од секоја личност можеш да купиш ум (од некои ќе уочиш како треба, од некои како не треба, ама ќе си одлучиш и расудуваш по твоја мерка).
Ај важи Земи си време за себе Никој не те спречува Неубаво кажуваш дека си заситена и изморена. Зборувај и кажи му. Лесно е.
И на тие што пишуваш дека не ги интересира треба до толку потресување? А ете гледаш не е дека никоја личност не ја интересира, убаво се расприкажаа, само со нападите и хехенцата се руши темава.
Еј дај факт е дека мажите ги оставаат жените у најлошите ситуации. Еве баш читав у една интерна група, маж ја остава женава со рак на бели дробови затоа што не сака да се оптерети финансиски и да ја “издржува“ дур трае лекувањето. У врска биле не знам 3 години. Не е една ваква, милион се.
Друже не е тоа до полот, туку до карактерот и човештилукот што го носи личноста во себеси е. Како не капирате бе прости заклучоци? А и многу мерак имате да генерализирате, еве од еден случај што си прочитал готово сите мажи се такви и не чинат. А ти како машко ли си, сакаш да се истакнеш дека си гуд гај и ти не би како типов или што ти е муабетов, дека и ти како маж ваков си и не чиниш?
Точно. Мило ми е ова шо го напиша маж. Факт е и дека во многу болници, само незнам ова дали се практикува кај нас, кога жената ќе се разболи од рак или некоја сериозна болест, докторите разговараат со неа и ја припремаат за тоа дека маж и може да ја остави. Ако не верувате, слободно гуглајте.
Како заклучи дека се потресувам.Не ги интересира-напишав во контекст на текстот на членката т.е првата објава,каде што се изнесуваа работи кои таа воопшто ги немаше во објавата
А зошто да ја остави во твојов случај? Еве во случајов на членов мажот не сакал да ја издржува во текот на лекувањето? А зошто да ја издржува ако таа си заработува и си има свои финансии, па поготово во земја како нашава кога знаеме здравствено дека му следи секому, па има и апели за донации, некако муабетиве не ми држат вода за кај нас. За други земји не ме занима толку баш, баш, пред се бидејќи таму е сосем поинаков менталитетот и начините на тргање пари настрана за црни денови. Не дека ти се потресуваш, туку воопшто дека има потресување на темава.
Епа кажи му дека сакаш време за себе,и нема да можеш да одиш ден два до кај него,или не можеш да му го кажеш тоа? Ем се жалиш,ем од мерак си му помагала Поарно напиши СКУРЧЕНО МИ Е да му помагам на дечко ми секој ден оти го боли кичмата,нека се ебе,повеќе ќе разберев одколку ова твоето сакам да му помагам ама и не сакам. Две убавини нема во животот,никој ни те тера на сила ни ништо,не можам да ве разберам зошто сакате да сте фини,а не умеете да сте такви. Подобро биди директна и проблем решен
Токму така, сосем нормално е, ама споделување некои генерализирани муабети без поткрепени факти па и не ми се репер и меродавни за осуда и ставање во ред за отстрел за одреден пол. И мажи и жени има вакви и такви и секакви, секој ќе си избере по свој калап и мерка.
Е зошто де? Ај оди гуглај, да видиш оти тоа се дешава. Има глава да те заболи од тоа колку коментари ќе најдеш од болни жени шо го имаат доживеано тоа, а и да го немаат доживеано, на некои им го имаат кажано тоа во болница. Оди види. И јас неодамна за ова дознав, и сум шокирана.