Каква си ти најдобро знаете ти и тој.Гледај тој да е задоволен со изборот,а овде ние што пишуваме до утре ќе заборавиме за дебатава.Прави како што мислиш дека е најдобро за вас двајцата,секој има право на мислење овде,тоа не значи дека секое треба да го прифатиш и да си го земеш на срце.Сите сме различни,секој според животното искуство,неискуство коментира.Еден пост и една ситуација,не е доволна да се процени каков е некој
Ама зошто да го направат тоа кај нас, за странските форуми и дека од таму со членов, ако е машко, јасно ми е дека од таму црпите информации. Стварно? Многу сакате да генерализирате пред се, башка она џанкот од странство што тие ни самите не знаат што да прават да си го решат го префрлате тука. Тука во земја со поинаков здравствен систем, поточно на поинакви темели се заснова, а и менталитетот ни е сосем поинаков од странство, бар она што јас го гледам како пример. Затоа што и странство имаш странство и странство.
Апсолутно има врска и полот, а јас не се истакнувам на фемина форум, Емпорио Иванков сум, персона, која никој нема да ја дознае? Апсолутно мажите се полошиот пол, јас доктор маж не сакам, не барам, ептен ретко, а и општо со мажи не сум у нај-нај односи. Иначе, за мене перцепцијата не ме занима, само кажав шо мислам, ја сум гуд-бед-глупак гај, шо нема да ти крене 3 недели телефон ако сум болен, па сеа ти види дали е гуд или бед.
Јас па обожавам маж доктор, маж забар, маж готвач, маж чистач, маж автомеханичар итн.( да не редам) поубава нега, храна, ред, среденост и чистотоа во простор со возилото итн. откако ќе фати машка рака не сум видела, досега. Секој со своите размислувања друже. Ете тебе не ти паша машка рака, нега, грижа и услуга, јас пак уживам во машки раце. За другиов дел веќе не би да дискутирам, еве самиот ти си наведе немаш најдобри односи со мажите( некако како машко и ти си дел од таа популација, па како машко и сам со себе изгледа немаш баш нај-најдобри односи). Твое си е тоа да не одиме во длабина, заклучокот е ти немаш нај-нај односи со мажи јас имам и ете различно перципираме.
Ок. Повеќето жени имаат тенденција да живеат во некој замислен свет, со тоа како треба да биде а не како е во реалноста. Очекуваат еден маж да се понаша исто како жена шо би се понашала, и после кукаат зошто се несреќни.
Кога ќе се начне некоја "проблематична" тема на форумов, се обожава да се генерализира, ама веднаш. Сите луѓе, се ставаат во еден или друг кош, трето - нешто измеѓу нема! А пак тие шо пишуваат...? Секако, тие не се луѓе, ами богови шо набљудуваат од рајот.
Ако една почуствувала дебил маж Готово сите се такви, нема место за дискусии. Да беше обратна ситуација, ќе го распнеа дечкото. Девојката никој не ја осудува шо сака слободно време, туку начинот на кој шо кажува Наместо да зборува и комуницира со него пошо тоа е најбитната алатка за успех на врска. Никој нема да и замери доколку за истово овде зборува со дечко и.
Според кого ова, според тебе заклучоков? Ај ок нека е така и ако е така како што велиш што тебе тоа ти менува лично? Ти повредува некои замисли, чувства или дека повеќево жени се нереални па испаѓа и муабетиве и замисливе на повеќето тука им се нереални? Мислам девалвација на повеќето поединци на одреден пол (независно дали е женски пол или машки пол) базирано само на лични перцепции на поединци мене ми се ветер во магла, ама ако убаво е да има каде да се прочитаат.
Леле не знам што има милион страни со напади кон тебе. Нема да ги читам ама ќе ти пишам дека според мене е скроз нормално да ти дојде малце преку глава од постојаното вокализирање на болката. Веројатно и него му е смачено и можеби треба да го однесеш до болница ако му е до толку лоша состојбата? Ако не е тој случајот и работата е само за одмарање дома, тогаш може и он малце си нагласува за да постојано му обрнуваш внимание. Јас сум таква и затоа и давам идеја дека можеби и тоа е случајот( not proud tho). Стварно не се осеќај лошо ако ти треба време за себе, разбирливо е, трчаш, помагаш, ти требаат некои минутки во денот да си сама.Ти давам валидација пошто мислам дека тоа е единствената причина зошто напиша тука, некој да ти потврди дека не си вештерка зашто ти доаѓа премногу целата ситуација.
Додека секој има право на време само за себе за да одмори од сѐ, исто така е вистина дека да дојдеше машко да кажуваше дека му е смачено од офкањето и жалењето на девојката ќе беше нападнат како е ужасен дечко и не се грижи за својата девојка. За истото на девојка ѝ се даваат совети дека е сосема ок да ѝ е смачено. Инаку да, секој има право да одмори и време за себе, битно е тоа да се искомуницира со партнерот, не да се жалиш на трети личности. На сите ни се смачува, без разлика колку ја сакаме личноста. Битно е тоа "време за себе" да не се користи само како изговор кога реално не сакаш да се грижиш за партнерот и ти е станато сеедно, па бараш излез на некој начин. (Не велам дека ова е случај со членката, туку општо) Не за џабе е речено она "и во добро и во зло", и тоа важи за двајцата.
Каква бре обратна ситуација? Вие сите освен Адидас не сте живееле со маж. Маж со температура 37,2 легнува за умирачка. Јас со температура 39 праам доручеци, ручеци, вечери и во меѓувреме ако е возможно, дремам. Ни а ни б. Да беше обратна ситуација, мажите ќе раѓаа. Нема потерсене пациент од болен маж. Просто, не трпат болка. Овде дечковци и мажи ги оставаат, оти се здебелиле, оти не носеле танги после 2 родени деца, оти не биле манекенки ко дента кога ги запознале. Нема обратна ситуација да маж си го батали својот лезет и да двори некоја жена. Во најдобар случај ќе најми друга жена, да се грижи за тоа што не може да постигне оваа првава. И тоа е за браво.
Toa opsto se maskite potakvi od nas za bolest, bolka, zenskoto telo poise izdrzuva, veruvam deka poragaj pogotovo moze da boli.. oni nema da go preziveat toa Ama ne e toa tema na muabet. A u ista situacija sum, i ne ja poddrzuvam, pod ista mislam na bolkata.
А на твојот родителите дома се?И ти чистиш и готвиш во туѓ дом?Реално таму си гостин.Посета мала помош е нормална
Чистам. Ако има потреба или сакам. Секој ден сум таму. И кај другарки другари кога сме седеле средувам.
Каква температура Биљо, на секоја негова температура дома пишеме тестамент. Пред една недела го стегнало во градите од кашлање и трчал во болница на итна и им викал дека добил срцев удар. Па ми пушташе слики како лежи на апарати. А знаеш шо му било? Преладен бил.
Дали озбилно болка во кичма споредувате со пораѓај? Да, болка во кичма знае да е ужасна, ама споредба со пораѓај си нема. Ја колку што сфатив на девојката и е смачено од неговото константно жалење и цимолење, а не дека не сака да се грижи за него или дека ќе го остави поради проблемов. Да не се лажеме, па некој константно да се жали само ќе ве издепримира колку и да сте трпеливи и позитивни. Башка што и на сами себе си ја влошуваат уште повеќе ситуацијата со таквото жалење. Се понашате ко на вас во некој момент да не ви се смачило од нечие константно жалење колку и да е оправдано. Ма каква температура, за еден растечен нос, настинка драматизираат..
Па ја прво не би ни била со маж што драматизира или измислува болести ама вие си знаете. Лажење за болест е сериозно нешто, не е заебанција.