Па не би рекла дека само драматизираат, туку стварно се уплашени. Еве како твојов на хитна узбуна за срчка, а тоа преладен.. Среќа што не раѓаат, кој ќе ги трпеше тек тогаш..
Да ти ќе се разведеш,оти малку преовиличува за настинка.Голем дел од мажите се хипохондрици,тоа е претерување и од се нешто поставуваат дијагноза.Не е тоа лажење
Сакав да кажам дека ем шо се многу страшливи, ем шо стварно многу ги боли ( не се издржливи како нас) , туку и згора на тоа сакаат малку повеќе драма да напраат од сето тоа. Абе мене 4 пати дома ме има стегнато нешто во горниот дел на грбот ама цела ме укочи, пропатено со ненормална болка, неможност за движење и дишење. Цел саат ме држеше. Нити на болница имам отидено нити легнував да се спремам за умирачка, ниту страв не почуствував, едини страв ми беше дека ќе гибересам а децата сами дома ќе останат. А он ќе ми умира на 37 температура. Ајде бе.
Нема да се разведувам, во врска нема да сум со таков. Па да, и ќе се разведам. Јас не давам некој будала да ме прави. Вие сами нормализирате вакви однесувања од мажи, после ги кудите оти не знаеле да се однесуваат со жена.
Скоро секој маж на секоја болка драматизира. Не дека измислува, ама ете, програмот е таков. Јас не сум живеела со сите мажи да знам, ама сите со кои сум живеела- татко, брат, маж-исти се. Не дека и жени нема хипохонадри, ама не е до хипохондријата, до нивото на кенкање е. Јас можам да живеам со болка, непријатност, со месеци, за нив одма итен лекарски конзилиум. За почеток, немаат мензис јбг, од кај да се тренираат како да се носат со болка. Не се иначе лоши сите мажи, само неподносливи пациенти се.
Ај што драматизираат нека драматизираат ќе им помини, ама како можи некоја да си дозволи да е со маж што кога е таа болна тој ни со прст не мрда па дури очекува ручеци да му прави и по него да оди додека тој е оптегнат на кауч "изморен од работа"?? Зошто свесно би трпела такво нешто?? Демек маж е бе знаеш тие такви се. Во тој случај можи слободно да си ги земи парталите и да си оди. Подобро сама да сум болна со 39 температура, отколку со ваков "маж".
Епа баш тоа го зборев на претходните страници. Тоа шо жената ќе го направи за болниот маж, мажот ( не сите, ама повеќето) нема да го направи за болната жена.
Зависи сепак до мажот. Јас сум спремна на многу за маж што го сакам, ама ако го нема истото за возврат тогаш нема поента да сме заедно повеќе. Сама подобро ќе се справам него со ваков, се можи без секој. Некогаш стварно и ние нормализираме работи што не се за нормализирање, особено за мажите.
Така е. Нема шо да седиш и живееш со таков. На него чим газот му мисли само за ручек да си се најади кога жената е болна, нема ништо од тој брак.
Мислам дека и ретки се такви на денешницава што се осмелуваат да наредуваат да направиш ручек,да исчистиш,не дека ги нема.Сега претежно и двајцата работат,така да горе долу се делат обврските.Со некој процент повеќе жените
Па можеби не наредуваат, ама дефинитивно нема они да напраат ручек туку ќе чекаат од жената. Не се ретки, многу се, нели глеаш дека полни се темиве тука и на фб од жени шо се жалат од истово.
Ни мужите више не се мужи, се пичат да не си отиде жената. Јас знам жената нема да ми готви, ај шо ќе не отруе тоа едно, него кој ќе се навикнува на рецептите од мајка и Шала на страна, еднаш отидов на гости кај другарка, и имаа мусака за ручек, а јас голем обожавател на мусака, ама кога им ја видов мусаката ми преседна, не за друго, кај мене дома се прави мусака со рендан компир исклучиво, затоа што ренданиот компир многу подобро држи влага и месото не е исушено, туку е сочно, мусаката е сочна, а онаа со кругчиња компир е ужас... Исто така спанаќ со јајце.... знам дека е скопски тренд тоа ама дај, нема смисла.
Не мора така да е.Јас мн сакам да готвам еве жив е мажот јаде уште.Тоа е моја територија,не сакам да ми се меша освен ако јас не можам,па го оставам тој да се покаже.И не ги готвам јадењата на мајками,дури живеев со мама не е за пофалба таа готвеше.Кога почнав сама да живееам се си научив-од интернет.Толку мн рецепти