Ако ви е ок да релативизирате не трпат болка прагот на болка им е таков, замислете и ние маживе да ви речиме во ПМС си, не туку урлај-драматизирај. Абе трета светска војна ќе крените и ископате очи и искорните грклан од мажо.
Ете, уште еден пример на инфантилност- не јадам ова и она. Кој не јаде, или нека зготви или гладен ќе седи. Мислам не е некој дил-брејкер, ако готвиш ти, пуна капа, ама ако е и невестата со истата, ,размазеност,, секој сам ли ќе си готви? А детето, по скопски ќе јаде спанаќ или по ваше? @Stark имало симулатор на породилни болки, за мажи да видат колку боли тоа. Да не сакаш да го пробаш? Да, научно докажано е дека температура од 37,2 е смртоносна за мажи, ама не за жени, у реду е.
Ама од инает че издржам појче и после пак че ми ја негирате победата, така да не фала. Не можам да се наткажувам.
Не за породилни болки, туку нека проба прво за менструални. Оти ко шо иам гледано, мажите ни тие неможат да ги издржат, се фаќаат за глава.
Пола пола, пола тепсија со јајце, пола без хехе. Инаку готвам само јас, не сакам да ми готват, не ми е вкусно. Како беше онаа, волкот е дебел во вратот оти сам си ги коле овците.
Убаво разбрав јас, само прашав што ако нејзе не и вкусно твоето готвено? Оф топик сме-ај во предбрачни совети да се префрлиме
Imam Eden problem so zenskata so koja sme zaedno podolgo vreme od seksualna priroda ako moze I ako saka nekoi da mi pishe privatno za sovet blagodaram na site
Ти од кај знаеш кој со кој живеел и дали живее? Како се се накотивте најпаметни, алал. НИКОЈ НЕ ЈА ТЕРА
За секоја пофалба е шо девојката цело време е до него и му помага во секојдневието, според мене тоа е реткост, посебно ако се работи за луѓе кои се само во врска а не во брак. И не, нема да ја обвинам пошто пишала дека сака малце да одмори и дека се чувствува како да и е напорно сето ова. Па кој и да е на нејзино место, да слуша константно офкања и цимолења, ќе и дојди преку глава. Јес да, може на момакот му е стварно тешко, ама па константно цмиздрење и офкање оди на нерви. Стани сам, дај си ветер во грб за да оздравиш, сигурна сум дека не е толку трагична ситуацијата кај него. Како луѓето да се изгорени да ги сожалува некој цело време. Ако не се дистанцира малце од него и не си посвети време сама за себе, таа ќе падни болна в кревет после него ако тој продолжи да и се беси на трепки за се’ и сешто.
Подфатен нерв покрај пршлени предизвикува толкави болки што има пациенти под морфиум за да му се ублажат болките. Тој проблем само се залеква,не се лечи целосно и е доста сериозна работа за која треба многу време. Покрај таков човек и здравиот ќе се оболи и ќе му се одмили човек.
Харли мислам дека се викаше девојката за советот. Те разбирам, јас се грижев за дедо ми кој го сакав најмногу на свет ама имаше денови кога имав притисок.. Како и секој човек. Пробај кога имаш слободно време во денот релаксирај се со јога, self love, мотивации кон себе. Јас си лепев дури и стикери на огледалото со реченици кои ме опуштаат. Пробај делува и со помин на дечкото
Колку што прочитав, цела една недела се грижела за дечко и, што е смешно и да се дискутира за сопствено време. И цел месец да е, не е вечна состојба. А и да немаш сопствено време, верувај не знаеш што значи. Може кога сакаш да излезеш? Може сама да одиш во вц без публика? Може да си легнеш на кауч и да погледаш барем една епизода од нешто? Може да решиш барем 5 страни од книга да прочиташ? Ако одговори на се ДА, тогаш не ни знаеш што е немање на сопствено време. Така да, не си за жалење. И нема да дадам совет во твој прилог, особено кога се работи за болест, болка и сл. По твоево, во иднина, ако тебе нешто ти се случи, треба дечко ти во контејнер да те однесе. Прибери се и опрај се. Ако сакаш да имаш дечко, ако не, секогаш може да раскинеш и да ја имаш целата слобода на светот.
Пиши овде, имаме ние тука експерти за проблеми од сексуална природа, ќе ти дадат совет.. Башка тазе зачленет, одма бараш да ти пишат приватна порака, и одма за секс, малку сомнително ми е..
Иако девојкава како што пишав во некое мое мислење не бараше совет, туку само да си пише, да се олесни, сите искоментиравме и од сите коментари најдобри совети има во овој. Најдобри се советите, бидејќи на секоја нормална и здрава личност која вложува во својата добросостојба секојдевно и треба време и простор лично за себе и своите рутини за нега на душата. Сите оние на кои ова им е смешно ми е многу жал за нив, бидејќи избегнувајќи ја грижата за својата добросостојба тонат и стануваат товар за блиските. Првиот чекор за себеприфаќање и давање љубов е разбирање на своите потреби, давање простор за мир и спокој ако требало и 5 слободни минути нека се во денот. Во овој случај на членкава мене не ми делува дека и е тешко да зачисти, припомогне и се што треба физички да сработи, туку тешко и е да го трпи притисокот и претпоставувам постојаното жалење од личноста и барање на нејзиното присуство. Има личности кои кога се навистина болини или има и умислено болни и ќе залегнат се бетер од мало дете. Е сега овој период е краток, 7 дена, можеби и на дечково му треба малку време и адаптација да сфати дека по нешто со тек на време ќе може и сам да направи, да сфати дека треба да си дава поддршка и да се куражи и самиот за да се излекува. Ама ако премине кај одредени личности ова во трајна состојба (вечито залегнати, умислено болни, со мал прст не помрднуваат) и да треба личност или личности да го трпат и толерираат пред се токсичното однесување на залегнатава личност, башка да компензираат за нејзиното отсуство од обавување на обврски по дома, на работа (се претпоставува залегната личност тешко би работела иако со remote раб.позиции и те како ако сака може да работи) искрено тешко нив, да не си им во кожата.
Здраво на сите, ова не е толку љубовен проблем, повеќе е за совет. Некое време сум сингл и не сум заинтересирана за тоа да се смени. Пред некое време излегов со една моја добра другарка на кафе. Низ разговорот таа спомна едно име и јас реков аха да го знам на што таа ме праша од каде го знам, кратко и одговорив дека пред некое време ме заследил на инста и дека на тоа и остана понатаму ништо не се дешавало. Таа ми рече зошто ова не си ми го кажала па тој е најдобар другар на мојот дечко може ќе средиме нешто дека детето е многу добро. Јас останав незаинтересирана но после неколку дена почна да ми се матка во главата и му го отворив инстаграмот и стварно вака детето е привлечно. Малку по малку почна да ми се допаѓа, евентуално и кажав на таа другарката дека не е лош и дека можеби ќе сакам да пробам нешто со него. Таа целата радосна кажа дека тоа е фантастично и дека ќе проба да направи нешто. Момчето за кое зборуваме беше во странство до октомври, а овие разговори течат и се одвиваат крајот на септември. Кога излегов од пред зграда го видов со друштвото како пешачи , на што се само погледнавме, нормално оти не се знаеме. Од тогаш го гледам скоро секој ден, пред тоа никогаш не го бев видела во живо и никогаш не ни се пресретнаа патиштата. Од ден за ден се повеќе и повеќе ми се свига, но од првичнатс другарка што ветуваше планини нема ниту трага ниту глас за оваа тема, а рече дека ќе ме известува што ќе може да направи. Не знам што да правам и како да завземам иницијатива. Другарката не ми е најдобрс другарка за да ја притиснам малце па така ми е срам да прашувам што и како. Дали имате некој совет?