Подфатен нерв покрај пршлени предизвикува толкави болки што има пациенти под морфиум за да му се ублажат болките. Тој проблем само се залеква,не се лечи целосно и е доста сериозна работа за која треба многу време. Покрај таков човек и здравиот ќе се оболи и ќе му се одмили човек.
Харли мислам дека се викаше девојката за советот. Те разбирам, јас се грижев за дедо ми кој го сакав најмногу на свет ама имаше денови кога имав притисок.. Како и секој човек. Пробај кога имаш слободно време во денот релаксирај се со јога, self love, мотивации кон себе. Јас си лепев дури и стикери на огледалото со реченици кои ме опуштаат. Пробај делува и со помин на дечкото
Колку што прочитав, цела една недела се грижела за дечко и, што е смешно и да се дискутира за сопствено време. И цел месец да е, не е вечна состојба. А и да немаш сопствено време, верувај не знаеш што значи. Може кога сакаш да излезеш? Може сама да одиш во вц без публика? Може да си легнеш на кауч и да погледаш барем една епизода од нешто? Може да решиш барем 5 страни од книга да прочиташ? Ако одговори на се ДА, тогаш не ни знаеш што е немање на сопствено време. Така да, не си за жалење. И нема да дадам совет во твој прилог, особено кога се работи за болест, болка и сл. По твоево, во иднина, ако тебе нешто ти се случи, треба дечко ти во контејнер да те однесе. Прибери се и опрај се. Ако сакаш да имаш дечко, ако не, секогаш може да раскинеш и да ја имаш целата слобода на светот.
Пиши овде, имаме ние тука експерти за проблеми од сексуална природа, ќе ти дадат совет.. Башка тазе зачленет, одма бараш да ти пишат приватна порака, и одма за секс, малку сомнително ми е..
Иако девојкава како што пишав во некое мое мислење не бараше совет, туку само да си пише, да се олесни, сите искоментиравме и од сите коментари најдобри совети има во овој. Најдобри се советите, бидејќи на секоја нормална и здрава личност која вложува во својата добросостојба секојдевно и треба време и простор лично за себе и своите рутини за нега на душата. Сите оние на кои ова им е смешно ми е многу жал за нив, бидејќи избегнувајќи ја грижата за својата добросостојба тонат и стануваат товар за блиските. Првиот чекор за себеприфаќање и давање љубов е разбирање на своите потреби, давање простор за мир и спокој ако требало и 5 слободни минути нека се во денот. Во овој случај на членкава мене не ми делува дека и е тешко да зачисти, припомогне и се што треба физички да сработи, туку тешко и е да го трпи притисокот и претпоставувам постојаното жалење од личноста и барање на нејзиното присуство. Има личности кои кога се навистина болини или има и умислено болни и ќе залегнат се бетер од мало дете. Е сега овој период е краток, 7 дена, можеби и на дечково му треба малку време и адаптација да сфати дека по нешто со тек на време ќе може и сам да направи, да сфати дека треба да си дава поддршка и да се куражи и самиот за да се излекува. Ама ако премине кај одредени личности ова во трајна состојба (вечито залегнати, умислено болни, со мал прст не помрднуваат) и да треба личност или личности да го трпат и толерираат пред се токсичното однесување на залегнатава личност, башка да компензираат за нејзиното отсуство од обавување на обврски по дома, на работа (се претпоставува залегната личност тешко би работела иако со remote раб.позиции и те како ако сака може да работи) искрено тешко нив, да не си им во кожата.
Здраво на сите, ова не е толку љубовен проблем, повеќе е за совет. Некое време сум сингл и не сум заинтересирана за тоа да се смени. Пред некое време излегов со една моја добра другарка на кафе. Низ разговорот таа спомна едно име и јас реков аха да го знам на што таа ме праша од каде го знам, кратко и одговорив дека пред некое време ме заследил на инста и дека на тоа и остана понатаму ништо не се дешавало. Таа ми рече зошто ова не си ми го кажала па тој е најдобар другар на мојот дечко може ќе средиме нешто дека детето е многу добро. Јас останав незаинтересирана но после неколку дена почна да ми се матка во главата и му го отворив инстаграмот и стварно вака детето е привлечно. Малку по малку почна да ми се допаѓа, евентуално и кажав на таа другарката дека не е лош и дека можеби ќе сакам да пробам нешто со него. Таа целата радосна кажа дека тоа е фантастично и дека ќе проба да направи нешто. Момчето за кое зборуваме беше во странство до октомври, а овие разговори течат и се одвиваат крајот на септември. Кога излегов од пред зграда го видов со друштвото како пешачи , на што се само погледнавме, нормално оти не се знаеме. Од тогаш го гледам скоро секој ден, пред тоа никогаш не го бев видела во живо и никогаш не ни се пресретнаа патиштата. Од ден за ден се повеќе и повеќе ми се свига, но од првичнатс другарка што ветуваше планини нема ниту трага ниту глас за оваа тема, а рече дека ќе ме известува што ќе може да направи. Не знам што да правам и како да завземам иницијатива. Другарката не ми е најдобрс другарка за да ја притиснам малце па така ми е срам да прашувам што и како. Дали имате некој совет?
Пиши и, или ако те мрзи да се маткаш преку нејзе, пиши му него, сигурно не те заследил за да се гледате по сториња...
"Едното око не му верува на другото"-вели една стара изрека. Ако си и кажала на другарка ти ти се допаѓа типов ќе гледа да ти растури. Ќе си го фати таа. Тоа е во човековата природа. Така функционира светот. Ако се гледате често многу ќе му биде важно што носиш во рацете. Така ќе те распореди според тоа што го носиш гардеробата дури и не е толку важна. Ако носиш книга на пример за него тоа ќе значи многу и ќе кажува за тебе. Следно што треба да направиш е да си споделиш некоја слика на социјалните мрежи од некое негово хоби или интерес. Ако мислиш да не бидеш нападна биди таен агент и дознај што го интересира и зборувај му за тоа. Правете си муабет.
Ама како да си правам муабет кога не го знам Тој ме само заследи и тоа беше тоа, последно што знам е дека бил во New York, од таму се врати.
Најди си некој друг потенцијален дечко. И овој ти го нека ќе видиш како ќе се одвиваат работите. Не останувај на еден. Имај си резервен план. А и срамежлива и мирна личност си. Среќно.
Mozis nekako d ago isprovocirash za da ti reagira ili da ti pishe primer mozes da go stavis vo close friends I pusti nekoi story ke vidis kako ke Se odvivaa nestata
Не за жал. Имам друг потенцијален само што не ми е толки интересен како овој. Не ме прашувајте зошто, како и што. Не се ни знаеме. Вака општо не сум срамежлива, прилично опуштена сум ама кога доаѓа збор за вакви работи сум страшна.
Тука само ти губиш. Мене лично, пишувањето и општо пристапувањето прва ми донело многу убави работи. Затоа и не сметам дека мажите секогаш треба да го преземаат првиот чекор.
Па можеби не му се допаѓаш, извини што сум директна ама.. Жал ми е. Ако веќе толку тој ти се допаѓа пиши му ти, јас ова го имам направено и ми била една од најдобрите врски. Трето нема.
Не ми е проблем што си искрена, нормално е дека нема да се свигаш на секому не е секако крај на светот. Можеби ќе имам храброст да пристапам прва кој знае. Мислам дека проблемот ми е ако му пишам или го ставам во close и ако не избие никаков резулат тогаш како ќе го погледнам во кафич, по пешачката зона, во град? Мислам дека тоа ми е проблемот. Плус ќе се рашири до другарката што наводно сака да не намести и ќе ме распрашува, а ќе стаса преку дечко и оти дечко и и овој што ми се свига се најдобри другари.