@Stella1111200 не знам зошто толку размислуваш, пиши му, можеби ќе бидни нешто можеби не, сите сме поминале низ фаза некој да не бендисува, а некој не. Нема зошто да ти биди страм ако не биди ништо. Не можиш секогаш во животот да играш на сигурна карта, некогаш ќе ризикуваш и ќе добиеш, некогаш ќе ризикуваш и ќе изгубиш
Не се знаеме, само ме заследи. Јас не знаеше дека тој воопшто е во друштво на дечкото на другарката. Тогаш кога таа го спомна правевме нештп муабет за дечко и. Плус, кога тој ме заследи другарка ми и дечко и не ни беа во врска.
Јас на твое место би му пратила некој линк што не отвара ништо и од кога ќе ми врати било што би му пишала леле извини, барав нешто на една страна и излеа на некој спам линк кликнав, и прати на неколку рандом луѓе вака порака, извини многу, сега ми е незгодно.. И така ќе почнам муабет.. Ако ти требаат уште идеи за муабет да почнеш на социјални мрежи, пиши, ќе смислиме нешто.
Ти е гајле. Немој толку да си го тупиш главчето, ако се рашири се рашири па не е од злато правен. Секое чудо за три дена е верувај.
Малце ми ја олеснивте перспективата искрено да ви кажам. Можеби ќе се охрабрам ќе превземам било штп.
Ако не сакаш да му пишеш прва, реагирај му на стори, like на слика, да му привлечеш на некој начин внимание. И секако постирај и ти повеќе, и слики и сториња.
Следно лајкни му стори, може и реакција. Ако се почувствуваш похрабро може и некој интересен коментар.
Мене ми е највеќе за да не отиде на многу погрешна страна целата ситуација. Затоа ми е страв прва да пристапам. Знам дека во животот треба да се прават ризици горе го пиша тоа некој и се согласувам ама во ваква ситуација стварно не знам. Што ако го сфати многу погрешно и почни да се зафркава со тоа? На пример на каже на другар му , другар му на мојава другарка и одма ќе се распрашуваат. Имам слушано за него дека е мирен и не е во сплетки ама од каде да знам стварно каков е. Инаку срцки фала ви на сите за охрабрувањето и за советите, you are the best
Шо е ризично во ситуацијава ако му пишеш , шо ќе изгубиш? Макар и коментар да оставиш некој зошто би се зафркавал со тебе…непотребни мисли имаш.
Што дијагноза имам... Ама најсериозно, се допишував со еден дечко, ме викаше, стварно фин и се тоа, по однесување културен, не лупаше глупости, ме викна едно 10 пати може на кафе јас неее, не ми се свиѓа ваков таков, сега му пишав т.е денес и ми пиша дека ме викал, ама морало да продолжи понатака со животот и сега почнал да се гледа со некоја девојка, ми рече не е фер према неа да излезам со тебе да се видам, мене порано не ме интересираше дечково а сега ми е тешко што се гледа со друга, не можам себе си да се сфатам.... искрено, да кажам ми е тешко од како ми го напиша тоа
И мене ми е малку криво за еден шо сум јас виновна што се жени сега имаат дете амаа.. така требало просто
И јас сум слична за жал… кога може да биде твое тогаш не ти одговара но, кога најде некоја друга тогаш се нервираш а ти си таа што не сакала во прв момент да излегува или да има нешто повеќе со него. Пробај да се помириш со ситуацијата ради тоа што колку и да сум слична на тебе знам дека сама сум си виновна. Никој никого не моли за ништо па така ни за љубов. Наредна прилика гледај да си ја искористиш затоа што не знаеш што животот ти носи. Една другарка излезе со еден што не и баш одговараше од прва па потоа и испадна најубава врска… еве 3 години се заедно. Така да.. јас пробувам да гледам од перспектива на примерот што ти го дадов со другарката и така таа “гадна навика” те сакам кога не можам да те имам,а кога можам не ми паѓаш на ум ја пребродувам со погоре напишаното. Или- ако не си такба вообичаено а сегс си изреагирала така .. секое зошто има свое затоа и со причина не ти се допаднал. Има многу прилики во животот што енос треба да се увидат, не се замарај многу.
Да напоменам дека ова не се случува при секое одбивање, ама.. при секое 2ро - 3то, особено ако претходно сум била во циклус па 1 недела сме паузирале со односи заради тоа. Значи некои 30-40% од сите пати кога сум кажала "не" завршиле со кавга. Порано попуштав на неговите убедувања, или на вината што ми ја всадуваше кога ќе го одбиев, па ќе го задоволев ако ништо друго барем само него. Но, после некое време сфатив дека се осеќам необјасниво одвратно секојпат кога заради притисок сум имала секс, и кога јасно го детектирав проблемот почнав да си стојам поцврсто на моето. Престана да се обидува да ме премисли, но сега место тоа ми дава silent treatment, почнува да ме игнорира и оладува од мене во ист момент. За да не испаднам ладна, јас често му давам комплименти кои искрено ги мислам, и сакам физичка интимност која не мора секогаш да заврши со крајно задоволство за него. Но тој нема разбирање, и кога ќе му објаснам тврди дека е во мене проблемот што јас сум имала природно прениско либидо. По мене, секс е оптимално некои 3 пати неделно, е сега некогаш ќе бидат и 5, но некогаш може да биде и само еднаш неделно, а доколку сум во циклус - ниту еднаш.. Имало периоди кога сме имале чест секс, но ќе се погодело на пример после тоа период од 1 недела циклус + следната обврски и само еднаш секс и одма проблем, 0 трпение и толеранција.. Не знам веќе како да му пристапам на проблемот, само знам дека двјацата сме иритабилни, сексот ни е катастрофален станат, јас се ежам (во негативна смисла, дури и подрипнувам) на секој негов допир којшто би можел да значи иницијација, повеќе не сакам ни да го бакнувам и од вакви ситуации кога ќе тргнеме да се караме работите се влошуваат и по месец дена стигаме да немаме секс. А, искрено многу го сакам и не сакам нешто вакво да ни ја уништи врската, секогаш сум мислела дека на сексуалниот живот може да се работи, ама веќе не знам како.