Не, не може се испрекршила информацијата низ повеќе replies на форумов. Нигде не спомнав дека тој бара од мене секој ден, иако што е до него, да сакав ја секој ден - би сакал и тој. Факт е дека има повисоко либидо од мене. Ама, јас мислам дека и на тоа се работи, се усогласува парот - либидо не е некоја фикс константа.И моето либидо може би се кренало, само ми треба малце простор и трпение од негова страна, но вака со лутење само стрес и инат ми ствара. Во минатото чуствував вина, ама сфатив дека во право сте, секс треба да е fun activity а не да е под 'мора', со форсирање и психички притисок ништо не праиме. Сега единствено сакав да пробам друг пристап кон проблемот, т.е да побарам повеќе трпение и простор па ме интересираше дали има меѓу вас такви кои надминале вакво нешто. По се, ми изгледа дека слабо...
Мој совет искрен е да го оставиш овој однос зад себе. Но, ако до толку не можеш како што кажа пробај да разговараш и да кажеш се што мислиш искрено, дури ако треба биди груба спрема него затоа што тоа и го заслужува. Ако видиш дека и после разговорот е ист тогаш те молам остави го. Овок живот е преубав и е полн со преубави можности и сигурна сум дека еден ден ќе си најдеш некој кој што ќе го има целото разбирање на овој свет спрема тебе. Како што е животот убав така е и краток и затоа мисли малку на себе во одредени ситуации…ова е една од тие ситуации каде што треба да мислиш на себе и да имаш секс кога ќе сакаш ти а кога ќе сака и он. Поентата е да сте сложни,а не оти тој имал поголемо либидо па ајде сега кога ќе му проработи мора да се има секс…ма дај ви се молам.
Може ли да ми потврдиш дали те разбрав убаво? Кажуваш дека ти дечково никогаш не би го одбила за секс а ако она го одбива секогаш кога ја присилува на односи тогаш МОЖЕБИ треба да си најде нов дечко?
Да, ако не се усогласуваат интимно треба да поработи на пронаоѓање на нов дечко затоа што сегашниов не ја пали...
Инаку.. не знам како вие размислувате ама ако го одбиеш дечко ти за секс пошто не ти е денот, ти е лошо или било што не значи дека сеуште не си привлечена кон него… значи дека во даден момент едноставно не ти е до секс. Не мора јас да имам 13 пати секс во текот на неделата за да ти докажам дека сеуште ме привлечуваш. Девојчево не можеби туку сигурно треба да си наоѓа нов дечко оти не е нормално некој да те присилува на било што.
А, да одбиеш тринаесет пати во ред ли е според тебе? Не верувам некој тринаесет пати во седмицата да ме одбие и се уште да сум со него. Ќе си барам некое друго решение. Не мора дури и да е дечко. Некоја нова забавна активност, занимација за да ми мине времето...а, не да се замарам дали ќе ме присили или не.
Ама не може сега да настануваат скандали затоа што таа го одбила, ако јас видам дека такво нешто се случува ќе седнам со партнерот и нормален муабет ќе направам што како и зошто ,а не сеа ко малите деца ќе се лутиме и нема да збориме додека не ми дадеш, мислам стварно ви се молам..
Ве молам за совет… 5 месеци пишувавме само и после прифатив да бидиме во врска а тој сакаше уште од почетокот..тогаш му реков врската да биди во тајност и сега во 2 месеци врска ние само два пати се имаме видено. Не ме бара веќе за да се гледаме од 18ти септември кога се видовме последен пат веќе никогаш не ме побара за да се видиме а пишувавме и понатаму и кога ќе го прашав зошто е така зошто веќе никогаш не ме побара ми велеше оти немам време… или па ќе ми се развикаше… денес пишувавме и ми рече да се видиме вечерва ама сакам да имаме односи.. на тоа му реков кога ќе кажеш на сите за нас и кога ќе објавиш слика со мене тогаш ќе имаме се… ама тој не сака ни да објави слика ни некој да знај за нас… и се налути се скаравме ве молам за совет… многу ми е тешко…
Не те сака, ќе те убедува и манипулира само за да добие нешто друго. Совет: не си губи време на таков.
Два пати само сте се виделе и ти пишал дека сака односи, само за тоа му е. Откачи го, не ти треба ваков.