Покрај сите двоумења јас му се јавив . Едноставно неможев да не се јавам , ако ништо друго барем д аму кажам дека ми е жал , кафе сме пиеле заедно , сум го чекала дома и по саат време со неа. Ми рече дека му е мило и дека цени што се јавив на момент помислив дека ќе заплаче , се гледаше дека му е тешко ..Сакав да му речам ако му треба нешто да ми се јави но сватив дека со тоа само ќе го збунам и муабетот во друга насока ќе заминеше ..заврши муабетот како што требаше ..
Не ми се веруваше дека вака скоро ќе пишувам на темава, ама ете .... Откако раскинав долга и сериозна врска, една вечер се смував со еден дечко кој порано многу ме привлекуваше. Беше ОК. Ми помогна да заборавам бар на кратко (иако на моменти си се чувствував како да не сум со него туку со бившиот). И се надевав дека ќе остане на таа една вечер, но тој од тогаш не престана да ме бара. Во меѓувреме, бившиот (кој сеуште пресилно го сакам) ме побара повторно. Рече дека премногу ме сакал и несакал да ме изгуби и да сме се потруделе да сме ги поправеле грешките... Толку сум збунета и толку незнам што да правам. Од една страна знам дека го сакам и дека ми е потребен за да бидам среќна. Несакам да го поминам цел живот барајќи го во ликовите на други. Од друга страна, ако му кажам дека сум се смувала-макар што не бевме заедно-нема да ми прости. Од трета страна, почувстувував некоја чудна страст кога се мував-се плашам дека е можно пак да бидам во искушение, поготово што дечкото нон-стоп се јавува за да се видиме повторно. И јас стварно немам идеја што да правам?! (Испаднав најголем идиот-знам)
Да не била блиска со мајка му, ајде де, ама штом била човечки е да се јави. Јас пак на тоа не гледам така. Ако не се јави, можеби тој тоа нема да го забележи. Доколку сум јас на местото од дечкото и се јави да ми изрази сочувство баш ќе си помислам дека е зрела личност, не од оние шо не можат една врска да преболат. Човечки е да изразиш сочувство, а не знам колку смртен случај на близок може да овозможи романтични услови за почеток на нова врска. Барем мене свадба и погреб ми се контрадикторни поими. Конечно, се си зависи од тоа како ќе го соопшти тоа, дали тел.разговор ќе отиде во др.води и тн. Абе душо на крај па, шо ти е гајле бе шо ќе помисли, тебе ќе ти олесни ако се јавиш. Направи го тоа за тебе, не за некој друг. Браво што си се јавила и што си превенирала муабетот да отиде во др насока. Супер потег.
Во врска сум 4 месеци. Бев излезена со моите другарки а дечкоми во истиот кафич со другари ми рече дека ќе оди но на маса деше до девојчиња. И до кај мене дојде неколку пати на маса но јас му направив фаци некои и си замина и после ме прашуваше зошто сум му лута. А цело време се гушкаше со нив, играше .. И после кога си дојдов дома и ми звонеше на моб и јас не кревав и ми пиша порака да му се јавам и му се јавив. И ме прашуваше зошто му сум лута и јас се му кажав зошто така се праеше и јас му викам ако не ти сум важна јас ок. И ми вика не кажувај глупости јас ако не сакав немаше да дојдам да се позз. со тебе ако не ми беше жазна ке си ја свртев главата а цело време беше со едни девојцинја на маса се гускаше се изнаправи муабет, се изнаига и после ми вика со другарите бев. А истото ова го има направено и минатата недела само го немав фатено на дело што прави но еве го фатив и неможам вака се нервирам. И зборувавме и ми вика јас сум таков дружељубив се дружам со сите. А во друштвото имаше едно девојче со мене што учи и заедно играа. и ми вика ти сигурно за тоа си лута оти јас му кажав пред тоа дека не ја поднесувам неа и тој пак со неа играше и со други и му викам да за тоа е. И ми вика јас сум таков неможам да се сменам што сум дружељубив ако сакаш прифати ако не како сакаш. И сега се нервирам многу а го сакам премногу неможам да му се скарам затоа што го сакав. И сигурно ти се и сешто ми вика си помисли некни кога ме виде си мислеше дека ќе те изневерам и ми вика нема јас тоа да го направам знаеш дека те сакам најмногу и нема тоа да ти го направам и сега незнам што да правам се нервирам многу ми се плачии А во првите 2 месеци не беше таков цело време беше со мене а сега е променет... почна со девојчиња други на маса да биди и да игра и се и ми вика таков сум јас а ми вика те сакам нема да те изневерам ако си мислиш нешто лошо
не сум била во твоја ситуација и не можа баш да ти кажам како да реагираш ама не е убаво од негова страна што сте биле во ист кафич а сепак сте биле одвоени, дошол само да се поздрави и си продолжил да игра со други девојчиња ова повеќе ми личи на мување не на врска, сепак си во право што се лутиш викаш дека го сакаш и не сакаш постојано да го бараш него во другите машки, а не знаеш дали да се смириш? ако го сакаш одговорот е лесен да,а за мувањето ако те праша кажи му ако не не кажувај, сепак проблемот е во тебе ти тртеба да решиш дали сакаш да ја продолжиш врската со бившиот е сеа не спомна зошто сте раскинале ако е некоја банална глупост во ред е или па сакаш да си слободна
Проблемот го гледам во тебе.Штом веке е крај значи навистина треба да е крај.Ти самата го бараш него во другите иако се работи за различни личности.Како би се чуствувале момците кога би знаеле дека го бараш него?Или пак стави се на нивно место.(Не сакам да бидам груба со тебе или пак да ме сфатиш лошо) Ако ти е тешко па што да ти речам друго,разговарајте,поправете ги грешките.Па се надевамн дека пак ке бидете заедно.
е па вакаа.... xD излегвам со едно дете што е во врска..се имаме видено 2-3 патии.....и се е ок...тој е во подолга врска...ама знам дека не им е баш нешто нај нај врската....знам дека меѓу нас нема љубов туку има свиѓање од двете страни....не сум заљубена во него туку само онака го бендисвам....е сеа раб е со јас бев до пред некое време во врска (да речам до пред 1 недела а може и повејќе) е сеа се плашам пак да не се заљубам во овајј....(а знам дека има женска) а баш ми е супер ко ке излезиме заедно се е ок... дали да престанам да се гледам илии?? стварно незнам....
Јуник прво да те прашам за причините поради кои сте ја прекинале врската? Ако е тој виновен тогаш остави го така, пробај со новиот, едноставно кажи му дека сакаш да размислиш и крај, ако сте раскинале веќе што има да му се правдаш со кој си се мувала. Или пак тргни се и од двајцата и размисли што сакаш Ивона јас не би го толерирала таквото однесување. Плус знае дека го сакаш и те уценува, ако го прифатиш тоа ок ако не крај, а што да прифатиш да игра да се пипка со девојчиња? Ај да рече дека му се добри другарки да сфатиш некако, ама ако му се само познанички со такво понашање + пред тебе, не не, јас сум за да му раскинеш. Па колку и да го сакаш имај самопочит и свое јас, ако ти смета тоа однесување прекрати. Ќе го заборавиш не е толку трагично. Свити од каде знае дека не му оди врската нај нај? Ако е во долга врска те користи за привремен флерт, чисто за да избега малце од монотонијата која ја носи долгата врска. Дружи си се ти, ако немој да правиш нешто повеќе додека не раскине со девојката (ако воопшто планира) затоа што на крај би била повредена, може да те искористи за да се промува и после пак да си ја „сака„ девојката
Не го прави она што не сакаш тебе да ти го прават така? значи незнам воопшто што бараш со некој кој има девојка а и неможеш да знаеш на нив како му е во врската бидејќи што и да каже тој ќе те лаже значи ако сака нешто повеќе со тебе нека си расчисти со девојката како прво,на овај начин незнам што гледаш убаво кај него што ве прави 2те будали?стварно не ми е јасно размисли
Swetty и јас сум била во таква ситуација порано. Со дечкото ептен си се свиѓавме но тој имаше женска. Секогаш кога ќе се видевме си поминувавме прекрасно и незаборавно. Можам да речам дека јас бев ПРВА а женска му втора. Но сепак самата помисла дека има женска и дека тоа го знаат сите, а со тебе се гледа тајно дава одвратно чувство. Разговарај со него и ако веќе планирате да продолжите со средбите или па ова мување да прерасне во врска што поскоро да раскине со женската.
Можеш само да се тешиш дека си му била прва, а женска му втора. Да било така зошто не и раскинел м? Зошто тебе не те претставил официјално како негова ПРВА? Одговор на тоа нема нели? Женска му со сила го држена до неа, или као беше она, жал ми е за неа многу ме сака неможам да и раскинам оо потапшај го по рамо, утеши го Мизерија сте, ве вртат како сакаат, а сте убедени дека сте први и јас да бев машко вака ќе ви правев, што да не
па претпоставувам дека врската не им е баш нај нај.....да им била тој не би барал друга девојка....знам дека додека беа скарани бидејќи имаме еден заеднички другар и тој цело време му велел за мене...ама бидејќи јас бев во некоја си да речам врска другарми ништо не ми кажа и одкако раскинавме ми кажа кога правевме муабет..... несакам да бидам причина за нивното раскинување...а не ни сакам сега моментално врска....бидејќи стварно бев повредена.... и си реков самата себеси дека сега нема шанса да бидам повејќе во врска....затоа што стварно не вредии никој не цени она што го правиш за негоо(а јас за него правев се и сешто и на крајот пак јас испаднав виновна) не велам дека има љубов меѓу нас...али двата се бендисваме(се свиѓаме вејке подолго време) и ете сношти се случи тоа штто требаше да се случи.... па на крај каева не сум јас крива што таа не знае да си го задржи дечкото до неа... Спојлер не го кажувам ова во самоодбрана ама стварно така е ... има девојчина што стварно незнаат да ги ценат дечковците и откако ке им избегаат тогаш сваќаат што губат...
Мојот проблем сум го кажала но ми треба совет. Oдев со мој врсник,првиот пат 4 месеци и раскинавме затоа што ми сметаше што сакаше и да излегува со другари. откако раскинавме он фати женска и таа го отпука и одма ми се врати мене. Кога се смиривме мислев дека ке биде сјајно ама не беше така он и се јавил на таа претходната сто го отпукала као да се смира као ја небитна сум била. Кога ми кажа таа не можев да поверувам и го прашував и не сакасе да признае ништо и му раскинав. После тоа дознав дека се гледал ама така као пријателски додека бил со мене и со некоја друга а откако сме раскинале и се собирал. После тоа не знам како он стапил контакт со моја пријателка и таа не смири да бидеме другари. Почнавме муабет. Ме викна кај него на работа, се зезавме и беше супер. Видов и дека е љубоморен кога пријателкава му казала као наводно ке сум фацала дечко и он прво се налути па се смиривме. После тоа на моменти беше супер, на моменти не. и го прашав зашто е таков со мене, како одговор добив дека му било страв јас да не му се одмаздим за све она што ми го направил као сеа еве почеток некаков и после крај. му кажав дека не сум таква особа и стварно не сум. После тоа ми кажаа дека кога му спомнале за мене он рекол јас сум завршена работа. После пак некако воспоставивме контакт и ми пишуваше као сакал забава и му реков во кратки црти јас сум луксуз а луксуз не мозе да го има секој и не сакам да бидам нецива забава. Ми врати дека секам тип со пари. Му реков не и тогаш ми призна дека ме повредил и дека он е кривецот зашто врската не ни опстоила. После доцна вечерта ме начека на мсн и почна да се шали со мене и ми пиша на крај дека веке ке бил таков. Додека после дознав дека он добро мене ме познавал и знаел дека јас не се мувам но као наводно сепак му требало да се увери. И и рекол дека таа наводна забава водела кон нешто друго и као времето ке покажело што сакал да направи. После тоа ме викна и цел ден бевме заедно кај него на работа и бидејки по цел ден е на работа и седев. Потоа вечерта ме бакна и јас убаво му казав не сакам мување дека сакам дечко кој со него ке имам се. Потоа сакасе поинтимни да бидеме, јас тогас се тргнав и реков не,,,он тогаш се наљути и ми рече дека јас сум мислела дека он сака да ме искористи и ако мислам така заврсено е помеѓу нас ми каза дека сакал на тој начин да се фатиме што мене ми беше чудно. После тоа правевме опст муабет и му казав уз тоа дека сакам се да оди постепено како сто треба и он не мора до негде те разбирам у право си ама до негде и не си. Ме однесе до дома и ми рече дека не ми е лут но дека е не е он крив сто јас не сум ја искористила приликата. После се осекав глупаво, но вие ми рековте дека добро сум постапила. Потоа ја заминав на одмор и кога се вратив ми пиша као да не губам време на него. После тоа после една недела ми пишува на мсн дали сакам да бидеме пријатели. И прифатив. и пак муабети, муабети и пак излеговмо и овој пат не знам како му успеа ама ме собра и јас му реков и сеа значи во врска сме и он као не извини погрешно сум се изразил као другари и ја ок. И остана на тоа. Арно ама не видела моја пријателка и му рекла и го направила бербат и он ми се јавува као ке треба муабет да правиме не е тоа што мислиш ке ти се јавим ама не кажуј за тоа што бидна и еве го го нема да се јави. Ми пишува одвреме навреме на мсн или на скајп. Ми пиша пред извесно време дека му е ептен глупаво од мене. Еднаш ми се јави ама општи муабети а вцера јас му се јавив и исто општи муабети. Пред два дена дознав дека има девојка и му се јавив и ми се јави зенско и додуса девојцето ми реце дека не е девојка му после се јави он и ја се испокарав и го изврегав у стил стоко една безобразна и му спустив слусалка. После инсистирасе да се видиме и ми се извини. И денеска излеговме. Ми каза дека усте оди со девојката но теско дека ке му опстои врската не само со неа со било која да иде затоа сто таа прво е од село а друго он по цел ден е на работа. Ми се извини и ми каза дека поцнува од поцеток као засега за поцеток другари, на кафе муабет да излегуваме као секогас кога ке посакам за на кафе да му се јавам и дека ке гледа да се смени. Од друга страна ми призна дека му е страф врска да отпоцне со мене затоа сто е свесен дека ме повредил и дека ја еден ден ке му вратим за тоа. И сеа не знам сто да правам, АКО МОЗЕ НЕКАКО ДА МИ ДАДЕТЕ НЕКОЈ СОВЕТ ВЕ МОЛИМ !!! И сеа не знам...барам совет...
И сега Збунета2 и јас се збунив од овој пост и твојата возраст. 25 години имаш навистина? А колкав е типот? 5-то одд.? Значи најискрено, се работи за еден ограничен и многу незрел тип. Се плашел дека ќе му се одмаздиш... што е ова, V for Vendeta? Вакви изјави и заплет не сум сретнала ниту во серијата. Сакал да види дали во меѓувреме ќе се муваш со други? Види ти Шерлок Холмс и додека не си со него, сака да се осигура дека си "негова". Мислам бизарно. Ама навистина. И конечно, аргументот кој ме наведи навистина да помислам дека е сељаче - наводно ќе ја откачел типката зашто била од село. А он зафатениот бизМисмен си игра Господ со сите вас, марионети околу него, сите ве мота, ве држи у рака бре (ова е филмот у неговата глава инаку...) Значи типот си е лажго, ем неодлучен, ем чуден, ем секаков. Лош тип просто и сметам дека не само ти, туку никоја друга нема да има никаква иднина со ваков примерок. Мојот совет е елегантно да го откачиш, да скинеш секаква комуникација со него, секаков контакт и да си продолжиш со животот. А што рекла другарката, блиските негови или други, рекла-казала муабети, во иднина нека не ти се потребни за вакви работи. И не се преоптоварувај толку со ситници и детаљи, зашто лесно можеш да изгубиш контрола и да збудалиш. Овој тип ни сам не знае што сака, несигурно, изгубено , незрело мало дете, кое се крие зад параванот на мачомен и женсковртач.
Да ти казам и мене ми падна цудно и кој излеговме му реков да и казе на девојката не сакасе. Ја стварно го сакам и стварно сасма ми е главата и не знам сто да правам. Затоа побарав совет. А типов сеа напуни 26 години. Не знам стварно.
е сега јас да ти изјаснам друго, кога знаеш како е да си повреден тогаш стависе на местото на девојката и размисли малку,како што рече мимс89 во такви ситуации само можите да се тешите дека во вас нашол нешто повеќе отколку во девојкаму дека не ја сака и бла бла бла вистински мажи кои знаат што сакаат ако не им оди повеќе во врска се искрени се кажува и едноставно се раскрстува и чао догледање но бидејќи не им е сеедно не го прават тоа туку само сакаат да разбијат монотонија во врската или да пробаат нешто ново е сега девојката не е крива што таков гад покрај неа треба со сонџири да врзува и демек таа незнае да го задржи,па ако таа незнае еве ти освои го до таа мера да се скара со женската по тебе да трча и задржи го...
Причината поради која прекинавме, не беше ни најмалку банална. Се собраа премногу работи, двајцата правевме премногу грешки, вмешавме и други луѓе и мораше да пукне. Од друга страна цела вечер додека бев со тој мувачот, замислував дека сум со него. Сега се чувствувам виновна поради тоа што го направив. Ми се повраќа од сама себе. Затоа тој мувачот не сакам ни да го видам. Го избришав и од ФБ, за да не ме замара. Голема грешка ми беше. Знам дека ако му кажам, нема да има никакви шанси за нас, а вистината е дека и покрај се, несакам да го изгубам. МИслев дека лесно ќе продолжам без него, ама еве веќе некои 4 месеци неможам да се соберам. Се гледаме и понатаму и тој изрази желба да се смириме. Да почнеме од почеток. За да го направам тоа ќе морам да го лажам .... а јас несакам да го повредам, знам дека такво нешто најмногу ќе го боли ....
Види и пробај како ќе оди сега, сепак ништо не губиш.. а минатото остави го зад себе, почни со него одново, останатото остави го на страна..
јас мислам дека нема простор толку да се измачуваш во ред ваша работа што се случило и за што си раскинала со дечкоти ама додека си се мувала си била скарана со него значи не сте биле заедно и немаш ни обрска тоа да му го кажуваш или да се правдаш,нормално си била слободна си сакала да пробаш нешто ново како ќе биде и да продолжиш така да незнам за што се обвинуваш,сега ако свати дека не можеш понатаму без дечкоти не е мала работа и ако имате шанса да бидете пак заедно и двата да заборавите на све тогаш направете сериозен муабет закопајтеги секирите и ќе биде што ќе биде