Girlie ако се имате видено два пати не си ни во него заљубена туку во идејата шо си ја замисли за него. Следно, огромно црвено знаме е зборање за брак на едвај два пати виденост. Накратко, сака секс и спремен е да кажи се шо треба за да добие.
Како се планира иднина од првото пишување со рандом човек што си го запознал на социјални мрежи? Малку размисли објективно, надвор од иднината што си ја замислуваш. Сте се виделе последно во септември, сега е ноември. Мислам дека тоа е доволно објаснување.
Не се запознавме на социјални мрежи, се запознавме во живо на кафе во друштво и потоа почнавме да пишуваме… Размислив да… помина премногу време откако последен пат се видовме веќе не ни планирам да се гледам. И да ме побара веќе не му враќам. Тоа е што е.. ќе се потрудам да бидам подобро и да го заборавам.
Девојче, секој може да отиде пред црква и да каже дека те сака, единствена си.... Што мислиш дека локацијата е фактор за точноста на неговите зборови. А што правиме со делата. Ако те сака ќе ти пишува и ќе инсистира да се видите. Не си заљубена во него, туку во филмот што ти го возел. Треба малку да созрееш во тој дел. Он затоа и бира на кого ќе му го вози филмот.
Dva pati se imate videno i te krie... a ti vetuval brds i dolini. Evtin i providen manipulator. Ako ne sakas da stradas, blokoraj go vednas i to e.
Колку години имаш ти? 15? И? Што има врска дека те однесе пред црква? Се додека не те однесе ВО црква, може што сака да збори, а твое е да одлучиш дали ќе му веруваш.
Ќе пукнам веќе ако не побарам мислење од некој ама не сакам да пишувам јавно. Не е проблем, само ме интересира мислење за една мала ситуација, кој е расположен нека ми пише ама да е повозрасен, жени од 30+ а мажи од 40+ се добредојдени за мислење.
Каква врска било ова? Се немате видено и заедничка иднина планирате. Сигурно и прстен купил и спратот дома го спрема. Девојче, млада си уживај. Излегувај, запознавај луѓе, уживај во младоста и животот.
Се извинувам што пишувам волку доцна но сега можам. Фатена сум во канџите на нарцизоиден психопат кој ме изневерува. Ми забрани се дури и банкоматските картички ми ги зема. Ве преколнувам за помош, Агенцииве се прескапи. Дали ке се нафати некој да го следи ќе си платам се шо треба. Фала однапред.
Вработена си нели? Претпоставувам да, штом спомна картици. Вака ќе напраиш ако мене ме слушаш. Доаѓа ден у месец кај што си зимаш плата, идеш у банка со личен документ и си ја подигаш платата и едноставно си одиш од дома, ни а ни ш. Се што е вредно од кај тебе дома да си земеш: злато, сребро, скап накит, прстени ги продаваш и бегаш што подалеку. Можеш и кредит да земеш дур се средиш. Ако имаш деца, миленичиња исто ги земаш. Од работа можеш преместување да побараш. Ако имаш повреди на тело, веднаш отиди во болница да се направи запис. Адвокат добар одма си наоѓаш, може ако е некој ептен луд и забрана за приближување да му дадат. Забораив да кажам, ако не си вработена или немаш приход, едноставно што можеш од дома што е вредно, грабни и бегај. И работа што побрзо најди си. Тропни и прашај на сите места, може им требаат луѓе. Немаш поинаков спас од ваков човек, само ќе си ги губиш годините.
Забораив да кажам, ко ќе си ја подигнеш платата, од банка можат да стават забрана на тие картици, така да за него тие ќе станат обична пластика Ако знаеш кај стојат парите само земи ги и ич да не се осеќаш лошо, на такво грабање картици, практично е кражба... и ти заслужуваш да си среќна. Лични документи ако ти држи, пример лична карта, продаваш нешто што има вредно дома или па позајмуваш пари и си вадиш нова за многу брзо, по брза постапка. Само што и да правиш, не останувај со него. Знам дека е тешко, но мораш да мислиш на себе. Со среќа, се надевам кажаново е од помош. Може некоја друга да се надоврзе да каже здруженија, друштва или па некој добар адвокат што би и биле од помош на девојчево
Веројатно го сака, веројатно и значи нешто, што знам. Но со таков човек се е џабе. Треба да си поголем психопат, за да излезеш со вакви луѓе на крај.
Најдобронамерно, избркај го од дома, зашо мислам дека тоа е твој личен стан, ако не се лажам. Не знам зашо да го следиш, шо фајде? Смени брава, пријави го во полиција, што чекаш уште, и што бараш со таков човек? Зборевме и претходно, а еве и сега зад истото стојам..
Собери си ги твојте работи и оди си од кај него, оди во банка, нека ја блокираат таа картичка, после оди извади си сметка во друга банка, и префрли си ја платата таму, лични документи извади си нови ако не ти ги дава тие, ако ти доаѓа на работа и те вознемирува пријави во полиција, побарај забрана за пристап.. Сама ако не се спасиш, никој нема да дојде да те спаси, верувај.
Да, еден од ретките кој ми кажа дека се гледа со девојка и не би било фер, тоа ретко се наоѓа кај машко денес, сепак фала.