Hello, би сакала да прашам совет се гледам со момче еден месец, со тоа што 3 недели (после тој месец) е заминат на патување и нема да се видиме се до 6ти декември. Е сеа, кога ќе се врати се мислев дали да го прашам што ќе прави за Нова Година и дали би сакал да правиме нешто заедно, или па да чекам тој да ме праша? Не сакам да испаднам needy & desperate као дека мора со него да сум за Нова и дека зависам од него или па дане ме сфати погрешно дека го напињам, сепак се гледаме кратко, но од друга страна би сакала да знам и да си планирам, ако не сум со него да идам со други. Сите ми викаат чекај он да те праша прв машко е, но меѓутоа што ако не ме праша и си останам не договорена и сама а он си испланира? Ја сум секад за комуникација и дирек прашување без разлика машко женско и правило кој треба прв, но сите ме предомислуваат од страна па би сакала да слушнам и ваше мислење helpp
Прашај го, биди тоа што си - директна и комуникативна и нема да зажалиш. Ако за некој си одвишок "needy" друг се би дал за таква девојка. Можеш да му спомнеш дека те викале и други, па за да си се организираш прашуваш и така ќе видиш и што планира, а ќе му оставиш простор и тој да покаже иницијатива како машко.
Денес ме избришал од секаде… Кога видов многу лошо се почувствував.. не знам како ќе го заборавам нема да можам… тука сме од исто место ќе се сретнуваме.. Тешко ќе ми е… го сакам и покрај се…
Види да ти кажам една сурова реалност. Да сакал и тој ќе успеевте, се вака е само проекција на твојата тага и љубов кон него. И ќе го заборавиш, не треба да ти зависи цел живот од него, студираш, работиш, што правиш? Занимавај се со нешто.. ќе помини, не си ни прва ни последна.
Кога ќе го сретнеш наредниот што ќе го сакаш и ќе те сака и ќе имате нормална врска ќе видеш дека сега залудно се нервираш.Мислам и ќе ти биди мака за кога си се нервирала.Ќе го заборавиш,биди силна и главата горе.Отвори си го видикот за нови можности
Се обидов дури и да се сменам за него бев спремна на се… ми даде време за една недела да сум се сменела и ми рече после таа една недела ќе видам каква ќе бидеш и ми рече ќе зборуваме после понеделник за се… и тој понеделник помина и не ми пиша.. ни да зборуваме ни ништо а ми рече така… во меѓувреме тие денови имав и смртен случај во семејството ни за тоа ништо не ми пиша ни па да сакаше да биде покрај мене во тие моменти… уништена сум како што не сум била никогаш досега во овие 23 години.
Сосема е океј да се чувствуваш вака. Момчево или типов нема чувства за тебе, а ти имаш. Замисли кога би го запознала вистинскиот... колку би била среќна и ти и тој што те има.. Не те знам, вака на форум че си речиш ај треска глупости некој позади Аватар и никнејм ама сум поминал слично како тебе.
Да се смениш? Немој за никој да си се сменила, со цел да му удоволуваш, за никој!!! Ѓубре манипулаторско. Би требало да славиш што ти се тргнал од животот.. Какво тагување бе, за кого тоа? Дали заслужил? Си играл со твоите чувства, и те отфрлил, ништо не си му значела. И не си мала толку, научи се да си се цениш поише.
Најмногу ми е криво што знаеше многу работи за мене еве дека не сум имала со никого досега ништо… криво ми е ова што му го кажав можеби не требаше…ете ништо не вреди и покрај тоа не ме сакаше.. ама ете толку многу му верував дека ме сака, ми ветуваше се… му пишал на брат ми му кажал дека ме сака дека сака се искрено со мене.. на други луѓе кои ни се заеднички пријатели на сите кажуваше колку е заљубен во мене… А само два пати се видовме и два месеци не ме имаше побарано за да се видиме и после една вечер ми пишува вечерва да се видиме ама да пробаме да имаме односи.. а не сакаше никој да знае за нас. Јас му реков кога ќе биде се во ред со нас и сите ќе знаат тогаш ќе имаме се ама не сакаше никој да знае.. добро е што не отидов таа вечер.. ми рече можеби поради тоа не ни одело.. ако се случело тоа можеби немало веќе да се расправаме а сигурно само ќе ме искористеше и ништо друго. Сега се каам за тоа нешто што му го кажав за мене и за многу работи.. што не ја видов вистината на време, што пробував да се сменам, а сега сфаќам дека ништо не било до мене. Каењето е само губење време…
Баш океј си постапила, пристојно. Верувај ко че си вистинска и добри намери, кога тогаш ќе си го покажат лицето таквите личности. Вака барем знаеш сепак каков бил. Биди си ти таква ко шо си, верувам дека си добра личност и не знаеш што ти носи иднината... можеби ќе се усреќиш!
Како и да е научи лекција од ова за нареден пат.Сега ти се чини дека е многу лошо ама верувај ќе помине со тек на време.И немој да се сменуваш заради никого,освен за себе
За жал целта единствена му била да те искористи, ништо озбилно не сакал.. Те нашол фина, добра и неискусна, и пропалитетот мислел дека добра прилика си нашол, он да си задоволи свои потреби, и да те одјебе коа сака, па пак да те вика коа ќе му затребаш. Е така не може, гадно се заебал. Убаво си му напраила, што не му го дозволи тоа. Тоа е, ајде, памет за другпат, искуство ова ти е сепак, колку и да било лошо. Доверба сеа нема да имаш така лесно во некој, ама и подобро, претпазлива бар ќе си. И нема што да се мењаваш ти, тоа запамти го, цени си се, никој нема право да те заебава и манипулира.
@Herrra Од сам почеток си била жртва на манипулација, тука немало хемија ни 00.001% во вас. Цело време си била манипулирана од негова страна се со цел да те добија емоционално за да можи да те користи, целта му била да ти ја најди а потоа и извади слабата точка и страна за да можи да те користи. Па уште ти рекол ти да се смениш, зарем не забележуваш дека ти наметнал и вина врз тебе, за да се чувствуваш виновно психички, и под тој психички притисок очекувал да попуштиш и да му се предадеш, ама за жал не му успеало, те чувал господ. Ова дури е и иживување. Можеби си го засакала, но тој тебе не. Целта му била само да те искористи. Мора да се соземиш и да собериш сили да се вратиш во нормала. Не вреди ни да жалиш ни да плачиш а не пак да го сакаш некој кој те манипулирал цело време и си му била само жртва. Не вреди за еден никаквец да се упропастуваш, додека ти во денот го мислиш 1001 пат, дали мислиш дека тој на тебе помислил барем еднаш? Не. Ете и те избришал од секаде. И сега да те побара, ќе те бара со истата цел да те искористи. Идиот. Јасно е дека и сега срцето те владее над разумот, ама мора да го вклучиш умот и да почниш да размислуваш. Еден ден ќе сфатиш дека не вредело ништо и ќе се каеш во каква ситуација си била заради некој идиот кој те доведол во лоша состојба. Нека ти биде поттикт и причина плус сите овие валкани работи за да преболиш и заборавиш на се шо се случувало. Тој ако имал машкост и бил способен немало да биди сам на тие години и да се занимава со нехумани работи, туку ќе гледал на животот озбилно и сериозно. Ваквите немаат ни 1% машкост во себе, срам и резил шо постојат, кретен. Почни да работиш на себе, лично на себе за да си ја вратиш самодовербата. Време лечи рана, животот и крева и спушта, ама ќе дојдат подобри денови кога навистина ќе влези некој во твојот живот и ќе донеси ведрина, некој кој ќе те сака и почитува и ќе гледа на тебе со чисто срце. Не брзај во ни една одлука, се додека не се осигураш дека 100% е нештото така.
Тешко ми е што така си играше со мене… јас за него никако не одговарав ни физички ни на карактер, цело време ми викаше промени се и здебели се на ништо не личиш значи секакви навредливи зборови… ако се обидев да му вратам нешто да се одбранам или ќе ми се развикаше или за се мене ќе ме обвинуваше… се му сметаше, што и да направев или да кажев него му сметаше. Само не знам зошто му кажуваше на сите околу нас дека ме сака… кога му реков не заминувај без збор, секој заслужува да ја знае вистината, кажи ми барем нешто да си знам, зошто се случи вака, тој ми го рече следново: “ Да се правдам? Нема потреба.” Е ова ми го рече. Тоа е… на крајот е добро што тој замина од мене, јас толку многу го засакав што немаше никогаш да можам да заминам од него, колку и да ме повредуваше и да се однесуваше лошо со мене. Којзнае можеби вака требало да биде… да, ќе ми биде претешко сега и нема да можам да верувам во никој друг, ама времето ќе излечи се. Верувам во тоа.❤️
Денес објавил слика на стори… имал девојка… е дури сега ми се умираааа… како можел какоо… а се сомневав во последно време тие почнаа да си срцнуваат на слики имав приметено и ете…
Ти треба искрено да славиш си се спасила со време од манипулатор и лажго а не да ти се умира.Знам тешко е ама за ваков да жалиш.И сама гледаш дека цело време си верувала во нешто што не постои.
Баш ти е гајле, нека се гони таму на време си се спасила и не направи ништо за кое што би се каела. Крени глава и напред.