И јас ќе се согласам со членките..... Си се спасила од таков идиот. Таков не ти треба. Ќе си најдеш друг.
Ќе видиш или таа ќе го заеби или тој ќе ја заеби неа, таквите луѓе не се задоволни од ништо. А ти си се спасила на подолг план, засега не можиш да го видиш то, оти процесираш други чувства, ама верувај ме.. си се спасила
Абе ај ти се умираа за глупости..треба да бидеш благодарна што навреме си се спасила ...ако те искористил(а тој и сакал само да те искористи ништо друго)само сега уште по тешко ќе ти беше,вака полесно ќе пребродиш ова од искуство кажувам.
Здраво ве молам за совет, у петокот бев искочена со другарки у диско и сестра ми беше со мене и со мои другарки. Останавме без резервација па отидовме во друга дискотека непланирано Дечко ми накај 12ч ми кажа дека си легнува и толку беше. Помина отприлика 1час и сестра ми ме штипе вика еве ти ја љубовта. Ја незнам кај се наоѓам знам дека е дома и спие он искочен, не се надевал дека ќе ја смениме локацијата. Избувна сестра ми многу зашо една недела и више го немаше да дојде да ме види. Ја упраивме причава пријателот од Швајцарија си дошол му вртеле упорно и искочил. Не ми кажал зашо ќе сме се скарале дека не сме се виделе ја и он а испаднал. И сестра ми го праша да не ти пречи музикава додека спиеш, зашо вака и правиш ја лажеш и уште нешто му кажа поднапиена беше ама не го навреди. Си заминавме ние од диско накај дома кога гледам и мене и сестра ми не избришал од соц мрежи, ми изнапиша тажни реферати до срце ме здоболе се убив од плачење, и кога ја сакав да му вратам веќе не можев да пишувам. Репорт ми ставил или блок. Он као демек се навредил од сестра ми а се што му кажа беше од почеток до крај точно. После 3 дена ми пиша на whats app да сме се виделе деновиве и ми вртел а у меѓувреме видов дека ја заследил една женска шо си имаше праќано директи со неа, едвај ја одследи и знае колку не ја поднесувам. Го прашав за шо сака да збориме кога неа ја заследил, помизерно не знам дали сум се псетила. Рече намерно за да види дали го проверувам. Помислата со неа ме убива, повторно таа а јас на блок.И уште му стои мене ме тргнал од сегде. Претешко ми е што све не сум му простила, ај ќе тргне ќе тргне. Кај он крив он ме одјеба. Од петокот од после дискотеката секоја вечер пиам диезепам, не можам да се помирам, плачам нонстоп многу ми е мака. Го сонувам постојано. Не знам што да правам , да го побарам да му пишам? преку милион ствари имам прејдено, само ка вложував 3 год, лајкаше девојки од фб инста, имаше пишувано рандом разговори ама со девојки што не му се ништо. Ми наметна вина дека ја сум крива сум претерувала. Многу ми е тешко и имам уште илљада работи да му ги кажам на душа што ми тежат. Што би правеле вие?
Продолжи понатаму. Не заслужуваш ваква врска која се базира на лаги. Довербата е нула. Може и да те изневерува. А и да не те изневерил, се гледа дека воопшто не му е битно за тебе и гледа начин да те откачи, a потоа да те манипулира да трчаш по него. И да се смирите, нема ова да трае. Или ќе те извара, или ќе прекинете пак. Така да, не се понижувај. Не вреди. Млада си. Животот е пред тебе. Сега ти е тешко...ама... За неколку месеци ќе се смееш на ова.
Според ова што го пишуваш мислам дека нема зошто да се замараш понатаму со него, уште помалку па да завршиш на сериозни лекови уште сега. Сосема случајно си го открила, да не сте отишле баш во истата дискотека никогаш немаше ни да знаеше дека бил излезен - којзнае што друго криел од тебе. Тоа е што е, секако дека не ти е сеедно, лошо искуство е но сепак е искуство. Цени се повеќе, нема потреба да трошиш повеќе време на него.
Го знам сето ова, меѓутоа претешко ми е толку години, зашо само така безмилосно не блокна. Нели помислува како ми е. Тамам кога помислив ќе не биде и нас се беше во ред ова се деси. Претешко ми е се изедов со прашања и одговори. Колку љубов опростувања му дадов. Како не го срам да ја адне таа што си праќаше после 6 месеци врска директи. Ќе пукнам од мака. Ми рече ќе збориме у живо и го нема. Шо му беше намерата па со тоа? И зашо на whats app ме чува.
Девојче оди со сестра ти забавувај се, запознавај нови луѓе. Океј разбирливо да ти е криво дека лажел и тоа со другава очигледно ти го повредило егото. Но има и други дечковци кои апсолутно нема вака да манипулираат, лажат и уште па ај ќе збориме. Тој ако сакал да збори нема да закажува термин, ќе најде у моментот начин. Не си тепај време со вакви луѓе
Знам меѓутоа до таа ноќ се беше ок меѓу нас. И сега ова искочи. Најболно ми е тоа. Имав закажано и за НГ да славиме дневна журка. Другарките сите ми се со дечковци, сестра ми нема да е тука. За најубавиот период ќе бидам толку падната скршена на парчиња. У прашалници. И ќе се измачувам да не има друга, дали си бара па ме чува сигурна карта, дали му е тешко и на него. Многу прашања но без одговор… И све се заборави и фактот дека тој МЕ ЛАЖЕЛ темата беше ЗАШО се замешала сестра ми. Си ја префрли кривицата.
Ај размисли дали можеш нешто да промениш ако размислуваш и што ќе се случи ако добиеш одговор на прашањата.Пак ќе бидете заедно ќе му простиш?Дечкото сакал да те откачи,како и да звучи,и само си барал повод.
А наместо овие прашање, запрашај се дали можеби он цело време барал причина да се скарате и да те откачи. И ова со сестра ти му дошло како кец на десетка? И не ја обвинувај тука сестра ти, бидејќи и ти треба малку строго да се покажеш спрема вакви лингури што мислат дека врската е Шведска маса. И нема врска тоа што другарките се во врски, најди други луѓе, запознавај.
Па помислив и ја на ова ама зашо би ми пишувал реферати таа ноќ и утредента. И пред 5 дена да збориме ако сакал да ме откачи. Тамам ете раскинавме. Не знам можда и грешам од страна човек подобро гледа. Ама не можам да сум мирна и спокојна толку години ми отидоа така, колку вложив нерви, љубов, жртви и се беше во ред до оваа вечер. Имам книга да напишам за што све сум прегазила, опростила, колку сум го сакачла ценела…
Ти си мислела дека било се ок.Но, не било.Веројатно во позадина се вртеле други нешта од негова страна.Најдобрата одмазда што сега можеш да му ја дадеш е да го ставиш на целосен игнор и да покажеш дека среќата не ти зависи од него.Верувам дека во животот имаш стотици причини за уживање и радост.Искористи ги.
Така е мила, ама почна и да гради куќа, сите веќе мислевме дека кај и да е и ќе ме побара. 31 год е. Од толку планови, цели, замисли со него овоа ми се случи. Но имаш право можно е во позадина да се вртеле други ствари од негова страна.
Зрел човек што планира иднина со тебе не прави вака.Седнува како маж и разговара,го решава проблемот.Како може да ставиш на некој одма блок и да расчистиш наеднаш.
Викаш дека се било ок, ама си и повеќе од свесна дека години уназад не те почитувал, и све и да не те изневерил, ипак криење, лажење, аднување сомнителни девојки за да им праќа пораки/слики - се први чекори до неверство. Не оставај маж 2 пати да ти каже дека не сака да е со тебе. Особено не некој ваков неблагодарен, кај си му простила се и сешто што те излажал зашто приоритизирал другари место тебе уште се нашол повреден завалијата оти сестра ти му ја кажала вистината во лице па сега она крива и ради проблемот со неа он ТЕБЕ ти прекинува.. не те цени, затоа цени си се ти сама, ќе најдеш некој асален, искрен, лојален да не те боли глава кај е и со која. Годините поминале не можеш да ги вратиш, дури и да си сама за нг, дотерај се, излези, појди на пијачка или види приклучи се на некоја другарка со дечко и ако би те посвоиле за еден ден ќе си поминеш поубаво него во друштво со некој што нејќе да е со тебе, а нема ни гз отворено да ти каже па сестра ти крива му била.
Подобро ќе се утепам од плачење ама нема да го молам и да му се вратам за жива глава. 31 година, за срамота, јас мислев за некоја тинејџерска приказна се работи.