Ти треба да го ставиш на блок не да чекаш он да те одблокира и да ти даде нова шанса.Ако бидете пак заедно и прејдеш преку ова му праќаш порака дека може да те гази секој следен момент.
Па никако нема да му се вратиш фала богу и да не си на блок. Научете се ВИЕ луѓето да ги ставите на блок,а не тој ќе се понаша дебилно, мене ќе ме избрише од животот па и уште ќе плачам. Животот е преубав за било кој да се замара со вакви детски мозоци на 31 година.
За ваков човек моментална че биди болката, ама на долг рок ќе славиш. Манипулатор невиден е. Сакајте се повеќе и не дозволувајте да не те почитуваат.. секогаш го велам тоа оти и јас како машко се имам изгорено.
Од поранешен дечко за роденден добив јакна, јакната е стварно убава, не знам дали да продолжам да ја носам од како раскинавме Носите ли и Вие вака работи од поранешни?
Досега не ми купил никој ништо камоли јакна, ама шо е крива јакната ако ти е уба да не ја носиш? Демек несреќа во љубовта?
Носам. Чувам. Поклон е. Ако ми се допаѓа ќе го чувам, не гледам зошто не би. Особено ако е добра јакна. Ако толку ми се допаѓа шо сама би ја купила ако ја немав - зошто да не ја носам?
Не, не носам, ќе ме потсеќа на него, од бившиот дечко кога раскинавме сите поклони и ги дадов на тетка ми, неќев да ги фрлам ама и неќев да ги чувам, и така неа и ги дадов, имаше мечиња, срциња, рамки од слики ги извадив сликите и рамките и ги дадов, можеби имало уште нешто, ама во главно ништо не чувам.
Да носам, имам часовник од бившиот и не го имам извадено од менеза мене поклон е поклон, нема зошто да не го носам, ниту ме потсеќа на него ниту ништо
Nosam. Na vremeto frlav se od bivshite, duri na edna od lutina i gi vrstiv site pokloni. Sho budala sum bil togas haha, sega si nosam sepak vo dsden moment bile dadeni so kef.
Да носам часовник и тоа го отепав од носење, повеќе од 10 години, но не ме потсеќа на бившиот воопшто, тоа беше една тинејџерска љубов од средношколските денови.
Луѓе не е некој проблем али би сакала да слушнам мислења. Со дечкото сме 6 месеци заедно, двата возрасни 31 и 35. Што имавме проблеми на почеток средивме. Се е во ред, ме запозна со сите пријатели негови, излегуваме сегде итн.. Е сега малку ми е чудно што никогаш не ме поканил дома. Има болна мајка со дијабетис и притисок, татко со исто здравствени проблеми и сестра, на почеток го прашав зошто не одиме кај тебе да гледаме филм нешто? Он ми рече дека сеуште не сакал да ме запознае во случај да не се скараме (тогаш се каравме бааѓи), сега сеуште не, тие не ни знаат дека има некоја. Воопшто не е близок, одделно живеат..Го прашав завчера ми рече "зошто да не биди изненадување кога ќе дојдеш, а и глупаво ми е да им кажувам , немаме ни паднато на муабет" . Излегуваме на места каде што излегува сестра му, секој момент можиме да се сретнеме па и со неговите.. Само незнам што не ме кани макар на едно кафе?
Затоа што веројатно мисли дека сеуште е рано и се согласувам со него. (иако јас и порано од тоа сум ја поканил чисто за да знае дека имам сериозни апла намери и да биди сигурна во то )
Јас за 6 месеци не би очекувала да ме викне дома ама добро, тоа сум само јас. Никогаш не сум сакала запознавања со родители за толку кратко време.