Ти си знаеш дали вреди да се пише, најјдобро. Ако вреди, пиши...еднаш само, после чекај. ПРВА, секако.
Ова многу комплицирани модерниве времиња некако, на графчиња да гледаш дали му се свиѓаш, па лајкнал, не лајкнал, па што мислел поетот со лајкот, ноу ноу . Да требаше сега некој да барам немажена ќе си останев гарант.
Полесно беше порано без нет. А не сега ми лајкнал, не ми лајкнал, не мора да значи ако некој лајкнал на некоја девојка дека автоматски му се допаѓа, па сигурно истите тие не лајкнуваат само на една девојка.
Ама така де, не прават чекор ни да пишат само, а не да треба ко порано да ти пријдат во живо, што е далеку понезгодно ако те одбие така.
Да. Да почекаш уште еден месец и после тоа да не прашаш истово. Да сакал ќе пишел. Штом нејќел значи не сакал Пролазен онлајн лик, шта чеш. Едино ако ептен, али онака ептен го свиѓаш и осеќаш дека може да има нешто повеќе, само во таа варијанта јас би пишала. Инаку не вреди да си трошиш од лепота за некој си таму шо си го лади
Јас регуларно отворам и лајкам сторис на другар(к)и, не сум знаел дека лајкнување приказни на Инста/ФБ било неофицијално објавување интерес.
Па едно е да лајкаш сторис на другарки, а друго да лајкаш стори на некои што не ти се другарки, што знам
Па добро изгледа имам различен светоглед, не додавам ни прифаќам рандом лица па автоматски по тоа претпоставив дека членката и типот кој и лајка константно слики се другари.
Ко шо ја разбрав, не се познаваат од никаде. На мене барем ништо не би ми значеле тие срциња. А ги имало, а ги немало исто се фаќа. До душа и се неам најдено у ваква ситуација, оти не ги ни прифаќам на социјални мрежи оние кои не ги знам. Си ги сметаат многу луѓе ко начин на удварање, ама мене не ми ваља ова. Па ако симпатишаш некој кажи си ко чоек. А многу и онака си ги кликаат, оти постои ко опција. Тоа ќе да е и случајот сега. Да имало нешто, ќе се десело. Сè наваму е лажење на сам себе, барем мене ми делува така од страна. Месец дена и повеќе од доста е.
Видете сега… да се оградам од се. Јас со дечково не се знам лично, го знам од видување и тој мене ме знае од видување. Сте биле некогаш во ситуација кога некој знаете онака само на име бидејќи сте слушнале нешто за него или некој ваш познаник бил во друштво со него? Епа те така го знам. Не ми е скроз анонимец. Симпатија од далеку, така го сфаќам јас. Друго, во врска со лајкнувањата на сториња се согласувам дека е една голема глупост и сум свесна колку е полесно да запознаеш некој во живо и од таму да тече работата, напоменав и погоре дека сите мои врски/излегувања започнувале секогаш така, сега е единствена ситуација кога се “расправам” со ситуацијата на лајкнување. Трето, на некој може му значат тие лајкнувања на некој не. Според мене ни едно машко нема туку така да лајкне стори, во ред може да е женскарош и да лајкнува на 70% но, пак има некоја задна намера, што не значи дека е добра секако. Сега се ставам во ситуација да имам дечко и тој туку така да си лајкнува, му паднала под рака па ај, нема да е чудно? Па одма ќе си помислам дека има некоја задна намера. Да, се согласувам дека е глупо со лајкнувањата ама едноставно тоа е денешното време и така веќе функционираат работите. Скоро се се случува преку социјални мрежи и така едноставно течат работите.
Така е девојче. Реална си ама сега има некој и на се си става лајк, ако не е таков и он те симпатизира. Затоа ајде на кафе викај го.
Мене една баба цело време ми лајка сториња, а не ми пишува. Не се знаеме лично, еднаш на слава се видовме и ме додаде. Што значи тоа?
И бабите веќе не се тоа што беа. Порано се знаеше, во живо ќе ти каже дека има внука за мажење. Сега сториња ти лајкува и чека ти да ја прашаш.