Мене една баба цело време ми лајка сториња, а не ми пишува. Не се знаеме лично, еднаш на слава се видовме и ме додаде. Што значи тоа?
И бабите веќе не се тоа што беа. Порано се знаеше, во живо ќе ти каже дека има внука за мажење. Сега сториња ти лајкува и чека ти да ја прашаш.
Светот нема да пропадне ако пишеш прва, ниту ќе се скршиш. Ако веќе го знаеш од видување, па и симпатичен ти бил...што чекаш? Тој го направил првиот чекор, во модерново време лајкањето е токму тоа, не треба да се правиш на удрена. Тој чека твој знак, а ако ти сакаш да си играш недостапна, тогаш ич не почнувај. Ни на 15 години, ни на 20, 25, не можев да сфатам што е толку проблематично да преземеш прв чекор. Сега на 40+ па ич не ги разбирам помладите. Јас не сакав да се лигавам и да си градам лажни надежи, подобро од старт да знам на што сум отколку да се влечам и тој да си најде друга девојка додека чекам да пријде или да се јави. Ама очигледно, повеќето преферираат да чекаат машкото да пријде прво, оти нели, машко е.
Абе види супер е да пише прва. И јас не го сакам тоа играње недостижност. Ама ова со лајкови нема врска. Досега ми се десило со месеции да лајкаат сториња а во живо не сака ни здраво да ми каже?? Која е логиката. Членката може да пише прва не е тоа проблематично. Но ако навистина дечкото "лајка" се по ред па каде упали - упали, тогаш треба внимателно да следи што понатаму.
Па затоа од старт да знаеш на што си. Дали вие мислите дека порано не правеле така машките во времето кога немаше социјални мрежи? Исто правеа. Кога тогаш ќе сфатиш што сака од тебе, ако не се поклопувате, полесно е да кажеш чао порано, отколку кога ќе се затрескаш. Јас бев жртва на таков кој си пробуваше секаде, беше слаткоречив, ѕвезди симнуваше. Ама за среќа, на време сфатив каков е. А тогаш немаше социјални мрежи, бар денес е многу полесно да разбереш каква личност е некој, се' ти е на дланка.
Баш така. Ја па не разбирам зашо ова за толку релевантно го зимаат. Може онака рандом девојки си лајка. Вајда симпатична му е, ама не мора ова ништо да значи. Па ќе бараат знак некој у ова Тој да е заинтересиран, ќе си пише, муда до толку да се нема, да нејќат ни да пишат? Е аман, ако ова не можат, да не замислуваме понатака како би носел одлуки ко прав маж. Ако му се свиѓа и сака да почне муабет, ќе пише. Ја не викам и девојките да не пишат први, зашо да не. Али вака со лајкање па чекање бесцелно, глупо е, и не мислам дека 100% им е за да покажат заинтересираност. Така да, не верувајте многу многу на тие лајкови и реакции, не се баш мерило.
Лајкање, а не пишење не го сфаќам буквално јас оти го гледам малку релативно. Во смисла, скроз можи да е дека некој те бендисва конкретно тебе и е заинтересиран за тебе како жена/девојка па не знај како да искомуницира то ради низа причини, иако можи да е и ради контентот кој го ставаш и нели зависи какви луѓе сме - така користиме социјални мрежи. Шо јас мислам дека лајкување најчесто е - личноста ни е од интерес доволно/површно. Значи скролам сториња, гледам нешто убо - лајкам. Не мора да значи дека конкретно сум заинтересирана за та личност. Едноставно ми фати око ама не е толку длабоко за да се замарам пример да прам чекор. Ако случајно ми слајдни нема да се „налутам“. Ама во тој даен момент е само една од низа личности кои ми фатиле око и да ставам лајк „не боли“ и служи како опипвање на потенцијален терен. И нешто како шо рекоја погоре, ти доби некаков сигнал. Прати сигнал назад ако сакаш поконкретна реакција оти можи да остани само то. Читање знаци. Шознам. Праење чекор прв ми е штедење време и нерви во многу случаеви. Иако за мене не се лајкојте нешто мерило, јас ако видам нешто убо - ќе лајкнам и не мислам многу. Ама пробвам ете да ја сфатам и другата перспектива, оние кои гледаат некоја тежина во лајкови. Зборам вака ама вечнио симпатија ко ќе ми лајкни се згрчувам.
Се согласувам потполно. Бидејќи вакво лајкање сторис го сфаќам како: или буцкање за ти да пишиш бидејќи тој нема муда/не знае како или си ги истражува опциите, па каде упали упали. Што ниедна опција не ми се допаѓа. Ако ти е дојдено до мене - пиши едноставно, наместо "давање знаци". Ете, не ми влегува во глава машко на мене да остава да го "освојувам" и да му кревам его. Мажите обично едноставни се, ако им се допаѓаш навистина и ако имаат самодоверба, не им е проблем воопшто да пристапат. А маж на кој не му се допаѓам доволно и/или без самодоверба не ми треба.
Абе круна нема да ни падне и да пишеме, пример нас ни се допаѓа ептен типот, заинтересирани сме и слично. Како ќе му даеш до знаење дека го свиѓаш? Мораш да покушаш, да се охрабриш, ништо сепак не губиш. Одбивања? Големо такво. Знам оти не ни е на никој сеедно, али дај бе, неминовни се тие. Не може да ги нема ич. И воопшто не е за потресување тоа. Во овој случај, сум за да пишеш прва, да пробаш. А ова другово, искрено ко демнење и манијачење ми личи. Заинтересираност покажувал.. Убаво викаш, ко да те тестираат колку ќе издржиш, и ќе паднеш на колена пред него што се вика, да се решиш да му пишеш. Е тука веќе и инат те фаќа, па и симпатичен да ти е, ќе ти се одмили. Машкост вака не се покажува, треба малку да стаат прст на чело како се понашаат. За егото ако им е само, тогаш се надевам дека нема да испаднат будали девојките, па да им го хранат. Нека си чекаат слободно. Глупости. Кај олеснето е вака онлајн на мреживе, па уште храброст немале ни за ова.. Можеби и од друга причина лајкаат, Демонка ко шо кажа ете, им се свиѓаат сликите, контентот. Не треба одма да се зима здраво за готово.
Да, ова така е, ако ти се свиѓа некој маж а тој не знае, ќе дадеш до знаење некако. Ако нема реакција - чао. Искрено, ми се свиѓа еве еден тип на фејсбук го додадов вчера и ме прифати, и се смеев дека манифестирам да ми пиши. Не знам како да се понашам, не знам да пишам и водам разговор, па еве воедно и совет би побарала како да му паднам во очи. И ова е секогаш можност. Сум лајкувала кај луѓе чисто бидејќи ми се свиѓало она што го објавиле, а не тие самите.
Здраво, шо праиш, како си? Секси си, убав си И бам слика Ех не знаеш.. Знаеш убаво, али коа е лично за нас, знам дека малку ко да се кочиме, трема нѐ јаде, па се дешава да стварно не знаеме како да пристапиме. Во врска со нешто што постира на пример Да почнеш така муабет полабав, да се надоврзеш, па ќе видиш како ќе реагира. Можеби баш убав муабет ќе падне, од кај знаеш.
Јас тргнам од аспект јас шо сакам/неќам и истиот третман го давам ако кон некој прам чекор, и мислам најлесно е така, тргни си од тебе. Јас мислам дека социјални мрежи ни олеснуват со opening за интересен разговор, шо ако на некој со муабетот му падниш в очи - ако сака можи да го продолжи. Сега и ФБ има сториња, па види шо постира и на некое слајдни му со лабав муабет поврзан за контентот на сторито. После или ќе те побара тој, или пробај уште еднаш. Некако да воспоставиш позитивна, пријателска атмосфера. И ако веќе ви кликни муабетот - лесно почнува да е. Онлајн, за мене, ова функционира. И ова го пишам генерално за онлајн комуникација и да си маж и да си жена кој/а решава да го прај овај чекор. Јас не сум фан на запознавање онлајн, пред се зошто ми е многу тешко онлајн комуникацијата со сексуален/романтичен интерес да ја пренесам во живо. То ми е личен недостаток. Ама то не ме спречва да флертовам оти ми е досадно. Манифестирам сите грлис шо прајте чекор да ви успеј. ✨
@Mrs. right @theowndemon уште нема ништо постирано откако ме прифати, некои рандом слики видов со другари/колеги си има на постс повеќе. Да напоменам не го знам, го видов на слика тагнат кај познаници па ми излезе во предложени и бев ко "okay nice I like this one". Ама ете ќе "подемнам" уште малце, да не објави нешто за кое можам да му слајднам во дм, ако не ќе манифестирам и понатаму па можеби да се престрашам и сама да пишам, па зависно од реакција ќе видиме што понатаму. Да не ми е криво барем ако ништо.
Не значи ништо голем процент од машките лајкуваат кај скоро секое женско што барем малку им се допаѓа можеби му се допаѓаш ама не доволно, или му се допаѓаш а не си дошла на ред да ти пише пошто пишува со други во меѓувреме, можда има девојка а сака нешто и настрана да направи... Има многу комбинации а најдобро за тебе е да не се понижуваш и да пишеш прва освен ако не сакаш да завршиш како објект за задоволување на страстите. Машко ако стварно сака нешто со тебе нема да одолговлекува со месеци туку ќе ти пиши во прва прилика што ќе можи единствено што можеш е да возвратиш со некој лајк на слика или стори доколку објави и тоа е тоа од твоја страна на него е да направи чекор немој во никој случај да пишуваш прва