Девојче не си губи време. Прво уште три фејк профили да направиш он истиот муабет ќе го врти. Второ зошто уопште правиш фејк профили? И што е тоа што ти се допаѓа побогу?
Е и јас се прашувам што и се допаднало? Изгледа убаво пишал членов. Не знам стварно што е работава, што и има допадливо?!?!
Пак не ми е јасно што има допадливо во тоа што типот е кретен зошто кога му ја кажала вистината ја блокнал. Стварно не разбирам еве таа самата нека објасни.
Грото трчаат по такви па после плачат. И јас бев таква, кога бев тинејџерка и не се гордеам Привлечно ништо нема
Грл Да тргниме дека нема зошто ваков тип да ти се допадни, ама моментот кога те блокира или преќини контакт - do not chase! Не помагајте да се билда машко его. Следно, ти не си затрескана во него. Туку во некоја идеја шо ти сама ја имаш изградено за него. Пошто еве, од вчера читам и пробвам да сфатам зошто на некоја би се допаднал овој. Па сем да е прелепотан па да си прајш филм дека е и фин/посветва внимание или шо год било друго - нема друго. Move on. Дупли профили нема да ти решат проблемите и да се затреска во тебе, секогаш ќе се затресква во идејата шо ја презентираш од друг профил. Подлабокиот "проблем" нема да го реши.
Добро е барем си признаваш, иако повеќето имаат вакви или слични искуства кои не се за гордеење Навистина нема ништо привлечно, затоа тука ја советуваат да не трча да се спречат плачките, ама нејзин си е изборот.
Мислам дека во нејзиниов случај не станува збор за потреба од тоа да му врати во иста мера, друг и е проблемот. Добар совет доби од @theowndemon
Уште живееме во годината кога се правеа фејк профили за да сталкаш некого, па и тоа некој што те блокирал ? Шо сме ние женскитеее не го сакам ми досаѓа ама ми годи неговото внимание, па кога ќе го снема пу пу не важи симпатичен бил.
Имаше една членка овде на форумот што бараше женска за другар и. Мислам дека ,,Ива" беше профилот. Не можам да ја најдам темата и разговорите. Испадна дека маж и бил тој за кого барала женска и сакале тројка.