Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Збунета толку ти е конфузен постот, си изнапишала се и сешто, |( а си можела сосема накратко да го објасниш проблемот. Според она што си го напишала, повеќе од очигледно е дека на типот не му е дојдено до посериозна врска, тој веројатно секој ден излегува со различна девојка. Зарем не можеш да сфатиш дека тој не бара врска, битно му е да се забавува небитно со која. Ако ти сакаш нешто повеќе од мување, би ти препорачала да не си го губиш времето залудно, батали го. За врска се потребни двајца, а со сила убавина не бива.
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Штом јас не збудалив значи оваа нема шанси :D

    Да се навратам на Јуник,значи зошто да го повредиш ако му кажеш дека си се мувала со некој друг?Па вие не сте биле во врска тој период.Си имала право да си срекна ама еве си го барала него во другите а немало потреба ако навистина си сакала да го заборавиш.
    Не гледам причина да не си дадеш шанса тебе а и него да бидете задоволни и двајцата.И самата кажа претходно дека ти е потребен тој за да бидеш срекна.Еве те побарал,тогаш што чекаш?да ти го земе некоја друга?Не бре девојко,искористи ја оваа шанса и дајте си можност да уживате заедно.Секој друг на негово место би те отпишал и немало шанса да те побара.Наместо да ја искористиш можноста ти се двоумиш.Не така.
    Ајде,оди јави му се разговарајте и се надевам вечерва најкасно до утре ке ни кажеш дека си повторно со него :D
     
    На unique123 и zbuneta2 им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    4 месеци сте разделени и тој сеуште очекува ти да си му верна? Верна на што? Па не сте биле во врска, за едно лапање се измачуваш, кажи му, кажи му директно во лице дека си се мувала со друг, немој да криеш. Ти од каде знаеш што правел тој за тие 4 месеци? Па животот не престанува ако сте раскинати, па уште и нема да ти простел, за што треба да ти простува, што си го живеела животот без него? Ај не му се притресувај, кажи му и ако не му смета ќе се смирите и на чисто ќе бидеш, а не да се смирите па да се секираш дали ќе дознае или не, не е тој никој за да му се правдаш.
    Со среќа :)
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elin

    elin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    здраво дечки на сите секогаш кога имав потреба бевте тука се надевам дека и сега ке ми помогнете :( имам дечко во сабота правам свадба а јас пак плачам секој ден :( со дечко ми имавме многу проблеми имав многу навреди од негова страна што јас се одалечив од него и почнав да контактирам со еден преку интернет но нашето прерасна во нешто многу повеќе од другарствоо со негоо мислам дека се залубив и тој во мене тој знае ја знае мојата ситуација и спремен е да ме бидеме заедноо но јас имам недуумници не знам што да правам со овој скапанн животт моите знает дека не сакам да се омажам но не ми дозволуват да ја расипам свршувачката ...а јас пак не знам како да го заборавам овоој ..се надевам нема даме осудите :?: :?:
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Си придава на важност господинот, има многу така шо се поставуваат. Затоа Ивона коа он така може, играј и ти со некое машко пред него, верувај нема да му биде сеедно, па нека види дали тоа било толку океј и нормално а ако он те праша прај се на тошо бе, речи му и тебе ти се играло со некој, ќе полуди :lol: . Проверено.
     
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Можам само да ПРЕТПОСТАВАМ како се чувствуваш, но на крај краева нема да бидеш прва што раскинала веридба. Ако не сакаш да си со него зошто би била? А и твоите родители повеќе сакаат да патиш отколку да раскинеш. И да пукне срам, што? :^)
    Ма да искрено, уште откако си почнала да ги губиш чувствата требаше да ставиш крај.
    Да не бајам сега, можеби е не е вкусно да прекинуваш сега, но ако е онака како што кажуваш, развод не бега.

    Седни, разговарај со него, можеби ќе свати дека не сакаш да си со него, но во никој случај кажување дека си се допишувала со друг и дека со него сакаш да бидеш. Ќе бидеш оцрнета така, верувај! :!:
     
  7. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ^^ ]:)


    Чекај малку. На 10 јуни прашуваш за тоа дали некој дечко ( кој по логика на нештата,е овој истиот со кој сакаш да ја откажеш свадбата ),може да ја злоупотреби твојата слика на фб..? Страв ти било,не знам што.. Како успеа само преку интернет да створиш толкава доберва за неполни два месеци,да прерасне вашата врска во нешто поголемо и тоа да биде доволно за ти да посакаш да ја прекинеш свадбата?!

    Прочитав дека си од друга националност,албанка мислам,е сега не знам дали уште одат браковите кај вас со договор помеѓу семејствата,значи вие двајцата не се гледате ( поправи ме ако сум грешка :?: ),ама ако не е така,ако ти си се заљубила во твојот свршеник,размисли пред да направиш било што со овој од интернетов. Дека после нема назад затоа. ;)
     
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не те осудувам јас и претпоставувам дека многу ти е тешко.
    Не сакам ни да влијаам на твоите одлуки и ти најдобро знаеш како да постапиш.
    Кога би била на твое место(не дај боже)би ја откажала венчавката без разлика дали моите не ми дозволуваат да го сторам.Па бракот не е наивна и лесна работа.Денес да се омажиш а утре да го оставиш.Тоа е за цел живот а не за еден ден.Ако навистина не сакаш да се омажиш треба на време да реагираш.Ама најпрвин треба да расчистеш со себеси,да знаеш што сакаш.Можеби ова е моментално што се случува и си нервозна заради венчавката.Размисли убаво пред да донесеш правилен чекор.

    Со срека :hai:
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Ти ги читав сега постовите и ова не е прв пат да ти се допаѓа некој друг, и некој дечко од школо ти се допаѓал пред некое време нели :D ах да ти се свиѓал и еден од друга вера, тука нешто не штима :wasntme: ај на страна тоа,сето ова значи само едно, дека ти не го сакаш дечко ти, не ни знам како си дозволила да дојде до свршувачка и свадба, многу е подмолно и лошо на неколку дена пред свадбата да откажеш ти се |( но, ако не се замислуваш со него тогаш подобро ќе е така :)

    П.с приметив дека на секој пост различни години кажуваш еднаш имаш 18 а дечко ти 23 еднаш 19 а дечко ти 21 :wasntme:
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не те осудувам ама малку ми е нејасна твојата ситуација.
    Си требала да прекинеш многу порано, а вака само си создаваш поголеми проблеми.
    Како и да е, подобро е да раскинеш, затоа што со него ќе треба да го поминеш цел живот-а веројатно не сакаш да си со некого на сила...
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    абе девојко јас мислам дека како што ти рекоа и другите прво треба со самата себе да расчистиш што сакаш што чуствуваш и што ти се случува,па да стапиш во брак е голема работа бе и си требало порано самата себе да се преиспиташ дали сакаш да го споделиш животот со тој човек па потоа да планираш веридби свадби,од една страна тоа од друга страна родителите па сватиги и ти нив колку пари потрошиле за сето тоа да ти го овозможат да ти го угодат не е едноставна работа и ти сега преку нок им велиш не сакам свадба(кога си на чекор до тоа)заради др.човек кој се допишуваш со него :fubar: не те осудувам ситуацијата не ти е лесна ама дај малку размисли јас мислам дека воопшто не си при себе и како да незнаеш колку е сериозна твојата ситуација земи затворисе во твојата соба смирисе премотај го филмот во главата смирисе размисли трезвено што ќе правиш и донеси правила одлука да не ја утнеш работата пак на крајот и да сватиш дека овај допишувачот твој е моментален занес само
    а тоа што те навредувал дечкото воопшто не го опрадувам,но во текот на врските се случуваат мн.работи ако тоа ти смета сега како не ти сметаше порано?стварно мн.работи не ми се јасни кај тебе мислам дека си мн.збунета...
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека девојкава не е воопшто збунета, само се наоѓа во безизлезна ситуација.Таа убаво нагласи дека се вљубила во друг и дека е спремна да ја прекине свршувачката, само не и дозволуваат родителите.
    Искрено, многу ми е жал кога луѓето повеќе се секираат што ќе кажат роднините или комшиите, отколку да ја гледаат среќата на своето дете.Елина можеби ќе влезе во брак поради туѓа воља, со човек кој не ја почитува како личност,брак кој не верувам дека ќе трае долго,поради недостаток од емоции и разбирање и исходот ќе биде ист,само штетата ќе биде поголема.
    Елина,мислам дека уште еднаш треба да ги седнеш родителите на сериозен разговор и да им објасниш дека ти не си среќна со тој човек и дека тој те навредува.Ако и понатаму настојуваат да се омажиш,тогаш собери храбост и кажи му на свршеникот како стојат работите.Поинаков совет не би знаела да ти дадам.
    На крајот на краиштата, ти си верувам полнолетна штом се мажиш и имаш право сама да донесуваш одлуки за твојот живот понатака.Никој со сила не смее да те убедува да правиш нешто што не го сакаш, бидејќи тоа преминува во психичка форма на семејно насилство.
    Постои ли некоја одредена причина зошто родителите не дозволуваат да ја прекинеш веридбата?
    Бараш совет и помош,ама си дала малку информации.
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Геа во ред но колку можеш да бидеш сигурен во некого со кој само си пишеш на интернет и колку си сигурен дека ќе се бори со тебе и избори во сета таа ситуација раскинување на свршувачки расправање кавги со домашните,сигурна си дека ќе го помине тоа со тебе?оти јас мислам дека така треба да биде ако ја сваќа нејзината ситуација како што тврди но јас не би била воопшто сигурна,родителите можам да ги разберам до некаде но неможам да ја поминам онаа граница на разбирање како што рече ти кога среќата на нивните деца ја ставаат на 2ро место, да не е ни прва ни последна што би раскинала свршувачка но девојкава ми делува мн.збунето искрено а и нема дадено мн.податоци како ја навредил дечкото со што,што точно и рекле родителите за цела ситуација?јас мислам дека таа е празна со аргументи и можеби со изговори таков впечаток добив јас ....
     
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е битно дали ќе остане со тој што го запознала на интернет, битното е дека таа ќе влезе во брак без љубов,значи таа свршеникот не го сака.Никој не и гарантира дека ќе има среќна иднина со дечкото од интернет и дали воопшто ќе има иднина.Може во целава приказна и да не постои тој другиот,а таа повторно да сака да ја прекине свршувачката бидејќи нема емоции за свршеникот.Бракот не е врска,па ќе се караме,ќе се мириме, нема да ти се јавам три дена или терање инает до бесвест.

    Ги разгледав и другите постови и видов дека девојкава има различни приказни, а јас се затрчав да и дадам совет, па не знам дали советувам некој во празно што ни прави филм,па дреме пред монитор и се цери од задоволство,или некој на кого навистина му е потребна помош.
     
  15. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Што да правам?

    Значи вака со дечко ми ,,бевме,, месец дена во врска :D но се случи грешка од моја страна што бев многу љубоморна и во сето тоа тој се изнервира и ми рече дека е готово со нас + јас сум таква треба да се осекам сосема сигурно во врска затоа што ми е изгубена целата доверба во луѓето :worried: ..многу го сакав и тој ме сакаше ама отпосле се сфакаат некои работи,сепак на моменти ми даваше до значење дека не ме сака а пак на моменти дека е спротивното :( еве помина 1 недела но јас неможам без него сестра ми денеска му вели да ве смирам ова она и тој рекол бива ..пред неколку дена почна и да ме боцка а и почна лајкови да ми стиска :) ..дали е тоа некој знак и како можам да го вратам пак знам дека ме сака ;(
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Што да правам?

    Оф,што не прави таа пуста љубомора |(
    Искорени ја побрзо што можеш зошто може целосно да го изгубиш него заради тоа.Зборувам од лично искуство да не правиш така.
    И не може дечкото да страда заради тебе поради тоа што немаш доверба во лугето.Не значи дека е како другите.
    Остави го фејсбукот,сретнете се очи во очи,тогаш расчистете.
    Плус 15 години си,не се замарај,ако ти се врати супер, а ако не живот иде даље

    Во најлош случај можеби тој едвај чекал да ти раскине ама не ми се верува но тој најдобро си знае

    Се надевам дека барем малку ти помогнав..

    Добра нок
     
  17. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Што да правам?

    Пред се, морам да те советувам да не мешаш никој во врската, ни сестра, ни другарка ни никој. Се што треба да се реши измеѓу вас двајца треба вие сами да си го решите.
    Не сфаќам зошто да ја имаш изгубено довербата во луѓето? Ако некој со некоја постапка придонесол за ова, тоа не значи дека секој човек на планетава е таков. Љубомората во една врска е нормална работа, но ако се претерува, тоа веќе не е добро ни за вас двајца, ни за вашата врска. Одите еден месец, сеуште се запознавате. Довербата не е лесно да се изгради, но сепак-се гради. Затоа дај му шанса да го запознаеш. Ако навистина те сака, ќе ти биде верен.
    И уште нешто. Барем за момент занемари го фејсбукот и виртуелното комуницирање со него, затоа што нема подобар начин на разбирање во четири очи. ;)
     
  18. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Благодарам на советите :)
     
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Девојки ме излажа...му верував ама ме излажа,Не знам што да правам како да реагирам.
    Понеделникот тој бил со другари на едно место каде што се збираат деца си седат мислам,а потака и бившата негова со другарки(таа не е одовде,од србија е) и тој ми кажа само дека дошла таа со братучедае само да се поздрават и си заминале.Но денеска дознав дека бившата останала да седит со нив.Го дознав ова од други тој не ми го кажа.Се немаме чуено со него и не знам што да му речам.Не знам ни што се дешавало таму.Не сакам да раскинам,а по сево ова требит зато што ја изгуби мојата доверба.Заедно сме две години.Последно време многу убаво ни беше цело време заедно и све..Али сега ова...ми го кини срцето..не знам што да правам
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    5.393
    значи штом е таква работата стави крај. Ти тој човек не го сакаш а и нема да го сакаш. Подобро е сега да ставиш крај едноставно да му раскинеш затоа што не сте правеле ни веридба, па и да сте правеле голема работа. Зар побитно е да се земете и да се разведете или воопшто да не се земете. И очигледно не си спремна за брак, незнаеш што сакаш и кого сакаш. Најдобро е да се тргнеш од цела оваа збрка да ставиш крај, а дали ќе останеш со овој од нет или ќе биде на крај сосема трет или четврт битно е ти да бидеш среќна а не да се заглавуваш само заради ќеифот на другите. Животот е твој и ти си го живееш ;)