Кратко и јасно. Ниедно машко што ве сака и вреди, нема да си го дозволи ризикот да дава мешани пораки и да ве изгуби. Ghosting и слични глупости не прават мажи коишто сакаат, туку мажи коишто сакаат да имаат контрола и играчка во раце. Ако те сака, ќе му биде страв да те изгуби, а ако му е страв, ќе знаеш.
Леле јас сум најредовна овде. Луѓе имам пишувано дека имам опростувано лајкови на мојот роденден . Сте ми биле поддршка и некои од вашите совети сеуште ги применувам. Немаме веќе таков проблем, дечково ги знае моите размислувања окулу тоа. Сега сум во недоумица. Кога бев средно пред едно 15 години мајка ми се разболи од рак па не можев баш да се фокусирам на учење. Битно завршив, имам добри спомени со моите соученици и тоа е тоа. Завчера јас со ужасна мигрена, на парацетамол и други лекарства ради настин.. Ми се јавува дечкото и ми праве муабет како моето средно училиште било најдолно, како имало највеќе деликвенти, се запишувале деца кои не ги примале во други училишта... Јас се шокирав. Се јавив да го прашам зошто воопшто му е гајле него, тој тогаш не ме ни познаваше, па и да не сум одела средно што и тој ми вели " браво, браво". Премногу се навредив, јас не сум човек кој генеларизира и класифицира, сите се луѓе за мене и сите подеднакво ги сакам. Потоа се извинуваше, сеуште се извинува, но веќе 2 дена не враќам, не читам. Ништо не ми е јасно.
Многу чудно за двајца возрасни по 30 год ви е однесувањето.Јас еве разбирам дека си се навредила ама неможе на секое да се лутиш па да му простуваш и така во недоглед.Мислам дека вие едноставно не сте еден за друг.
Ти беше мислам, кога пишуваше за тоа да одиш кај него дома? Мислам дека се објаснувате за глупости, чим ги знае твоите размислувања, и мене не ми е јасно..зошто ти го рекол ова за школово.
Тој има 36 . Не се лутам на секое таман работа али некои мои ставови не отстапувам, пример не сакам да ми го прават она што не го правам. Да се тоа се среди.. Али ете па не знам, зошто некој на некој би го рекол тоа..
За да те навреди, да те испровоцира, не знам што е битно средното и него каква улога му има што си учела таму, мн безвезен муабет од негова страна
Ти не си човек што генерализира и класифицира, но како би го опишала него, дали тој е таков?! Ако е таков, прифати си го каков што е, со сите негови мани. Или не го прифаќај, од тебе зависи.
Камо да ми беше досадно. Зошто наместо да дадеш совет навредуваш? Или преќути ако немаш што да кажеш.
Не гледам зошто се навредуваш. Советот беше конструктивен и баш на место. Досадно ви е, немате динамична комуникација и гледате да се закачате за глупости, и така канализирате негативна енергија.
Прескокни ме. Има овде луѓе кои разговараат добронамерно. Ваш заради што осетив негативна енергија пишав овде каде што многу пати ми помогнале.
Полна Месечина со ретро Марс Ајдоле не замерај. Не знаат сите да канализираат негативната енергија правилно, тоа е.
Старк верувај од шок како во сон ми е, настината сум, пијам лекови и знаеш како е неможе човек рационално да разговара и да размислува па и во 1 после полноќ. Пред да почнам да читам книга ми се јави, нешто беше зс кој учел во моето средно (пред 15 години) и тогаш ми рече: Тоа е најдолно училиште, таму се запишуваа деца кои не ги примаа во другите училишта и тоа е ФАКТ. Од тогаш се извинува, пишува ама не враќам, не знам. Јас никогаш на никој тоа не би му го рекла, а и многу ми е гајле мене кој кај учел се додека е здрав и среќен.
Немој со тоа казнувањето на игнор и да не се зборува... мене тоа ме оттргна од сета почит и љубов што ја имав. Би те советувал ако ти смета таквото однесување, да го прашаш што сака да постигни со ова што ти го зборува тебе на овој начин, и да му објасниш дека овој вид на однесување те повредува и не оди во никаков прилог, дури и дека е безврска. Пошто сметам дека го кажува во негативна конотација, а и ти веројатно си го акумулирала така, макар што и да е така демек било лошо училиштето не знам што, еве ти си океј и образована и се.
@Purelove92 со другарка ми, ова го вклучва и дечко ѝ, имаме running joke дека нејзиното училиште е толку лошо шо нејзината улица одбираше да ги запиши децата во то потаму. Ко ќе кажиме дека од училиште сме биле ваму или таму, ѝ велиме „не би разбрала ти од таму, не се исплаќаше за 10 деца да ве носат“ итн. Нормално, ова е прифатено од нејзина страна за да е running joke кој го имаме. Ако не беше прифатено немаше да го спомнуваме оти не е смешно. Сакам да кажам, ако провоцира и на секое се карате - види дали со разговор можи да го решите проблемот. Ако е мајтап и дури и за то се карате - јебига @Billy Idol е во право. Ова е карање колку да се прај нешто. Јас би експлорирала зошто би се карале дури и за ова. Шо е подлабокиот проблем.
Подлабокиот проблем според мене типот можеби и си има некој синдром на супериорност па ај сеа ќе провоцираме, под претпоставка дека е сериозен моментов, пошто и сама ми потврди дека не било смешно..