Прескокни ме. Има овде луѓе кои разговараат добронамерно. Ваш заради што осетив негативна енергија пишав овде каде што многу пати ми помогнале.
Полна Месечина со ретро Марс Ајдоле не замерај. Не знаат сите да канализираат негативната енергија правилно, тоа е.
Старк верувај од шок како во сон ми е, настината сум, пијам лекови и знаеш како е неможе човек рационално да разговара и да размислува па и во 1 после полноќ. Пред да почнам да читам книга ми се јави, нешто беше зс кој учел во моето средно (пред 15 години) и тогаш ми рече: Тоа е најдолно училиште, таму се запишуваа деца кои не ги примаа во другите училишта и тоа е ФАКТ. Од тогаш се извинува, пишува ама не враќам, не знам. Јас никогаш на никој тоа не би му го рекла, а и многу ми е гајле мене кој кај учел се додека е здрав и среќен.
Немој со тоа казнувањето на игнор и да не се зборува... мене тоа ме оттргна од сета почит и љубов што ја имав. Би те советувал ако ти смета таквото однесување, да го прашаш што сака да постигни со ова што ти го зборува тебе на овој начин, и да му објасниш дека овој вид на однесување те повредува и не оди во никаков прилог, дури и дека е безврска. Пошто сметам дека го кажува во негативна конотација, а и ти веројатно си го акумулирала така, макар што и да е така демек било лошо училиштето не знам што, еве ти си океј и образована и се.
@Purelove92 со другарка ми, ова го вклучва и дечко ѝ, имаме running joke дека нејзиното училиште е толку лошо шо нејзината улица одбираше да ги запиши децата во то потаму. Ко ќе кажиме дека од училиште сме биле ваму или таму, ѝ велиме „не би разбрала ти од таму, не се исплаќаше за 10 деца да ве носат“ итн. Нормално, ова е прифатено од нејзина страна за да е running joke кој го имаме. Ако не беше прифатено немаше да го спомнуваме оти не е смешно. Сакам да кажам, ако провоцира и на секое се карате - види дали со разговор можи да го решите проблемот. Ако е мајтап и дури и за то се карате - јебига @Billy Idol е во право. Ова е карање колку да се прај нешто. Јас би експлорирала зошто би се карале дури и за ова. Шо е подлабокиот проблем.
Подлабокиот проблем според мене типот можеби и си има некој синдром на супериорност па ај сеа ќе провоцираме, под претпоставка дека е сериозен моментов, пошто и сама ми потврди дека не било смешно..
Не за жал не беше мајтап туку успеси и достигнувања во животот. И јас мислам дека се работи за супериорност :/
Јас да сум како тебе, би изреагирал директно и без никакви вртења во муабетите би го прашал што сака да постигни со ова? "Дали се мисли нешто попаметен или?"
Можи. Искрено не памтам од претходно дали има пишано членката, низ магла ми е. Ама поентата е та. Ако имаш проблем - целиш кон то да се реши. Само ако се жалиш од проблемот и не го решаваш - нема да се реши сам. Некогаш и не можи да се реши и тогаш се гледа шо друго можи да се смени за ситуацијата да е без нервози и стрес. Исто за да се реши проблемот мора да сакат двата да го решат. Ако само едниот се труди пак нема да има баланс и пак не е то решение. Така да @Purelove92 ќе те означам пак. Разговарај без карање, со сите карти отворени. Ранливо, шо те мачи, зошто те мачи и како се осеќаш. Исто, кои се твоите граници и зошто. Прашај го истото и него, шо го мачи, зошто, како се осеќа, граници. Само така ќе знајте дали исто гледате, дали исто планирате и дали имате исти граници и дали би ги поместиле тие граници поваму или потаму. Ама, биди спремна и дека можи нема да дојдите до заедничко решение. Кога и да те фати страв сети се на две работи: 1) прашај се во истата ситуација ако си секој ден уште 5-10-15 години, како би се осеќала? и 2) дали ти вреди да плаќаш се ова по цена на ментално здравје и од таму на колкав компромис си отворена?
Најверојатно. Така и ќе направам само да оздравам. Не е толку лош човек заради тоа и трошам енергија инаку одма би го баталила. Ќе си дадам уште еден ден да живнам па ќе разговарам секако. Навреди и негативна енергија околу мене не сакам.
Здраво. Со дечко ми сме 1 месец во врска. Во се супер се сложуваме освен во муабетот, поточно тој повеќе зборува од мене. Цело време само одговарам на неговиот муабет, а кога ќе дојде ред да кажам јас нешто одма ме прекинува и почнува да зборува за нешто друго. Како да го променам тоа?
Кога следен пат ќе те праша ќе го прашаш директно што мисли и што сака да каже со тоа ,немој да ме сфатиш погрешно но мислам и двајцата треба мслве по mature да гледате на работите .. да не прочитав кога си завршила средно по муабетиве ќе си помислив дека си тинејџерка. Затоа доколку има повторно слина ситуација место дс се радпрсваш прашај го директно што мисли да каже со тоа и пробај посозреано да размислуваш.