Јас нема да се согласам со Нина целосно. Да во право е дека сте веќе возрасни и дека било и поминало, и се тоа што се десило меѓу вас е минато и очигледно си имате веќе нови животи, моментот каде што викаш дека зборувала лошо за твоите (односно нејзините родители) и за твојот брат со попреченост според мене е нешто неприфатливо. Не треба да одиш. Кажи и само фала на покана и тоа е тоа. Ај тебе што те праела и напраила будала е едно, ама од твоите родители и брат нема шанса. Нека фаќа патот.
Си има некој психички проблеми, па можеби се истура на тебе. Или пак нешто му пречи кај тебе, па вака прави. Разговарај со него и кажи му дека ти прели. Ако пак не се опамети, батали го.
Лесно избувнува. Ама му раскинав јас неќни. Шо да правам сега? Не сум дете така да ми праи, и на дете не се прави така.
Ништо, што да правиш. Ќе си продолжиш со животот. Дечко секогаш ќе можеш да си најдеш. За некој што ти прави така, убаво си му направила. Немој да трпиш психичко малтретирање. Ако нема хемија помеѓу вас, нема радосни моменти и среќа, нема согласување, се тргаш од патот и тоа е тоа.
Замислете ... маж над 30 год се беше ок и преку ноќ почна да вика да мисли дека заследувам мажи кријам провокативни слики од мажи, му сметало што сум имала дечковци порано, сакал невина жена, неќел да ме пушта никаде...а се беше ок. како под некое дејство да е
За ваков не вреди да трошиш зборови не да (го о)пишуваш тука. Ќе му кажеш се што си имаш јасно и гласно и чао адио.
Со дечкото сме кратко време во врска. Пред да почне со мене водел друг живот(дури и кога бил со претходните девојки) - обично завршувал во кафана и се поднапивал. Од кога почнавме да комуницираме почесто и од кога се фативме тој неколку месеци веќе се нема напиено алкохол, вели дека се сменил ( со мене ) и завршил со тоа засекогаш. И на секое ми вели дека кога ќе кажел тој нешто значи завршено е. Искрено се плашам дека еден ден ќе му досадам и ќе се врати пак на старите навики. Дали може човек навистина да се смени? Кое е вашето мислење?
Па, можно е да се врати на минатите навики доколку е таков тип. Провери го бидејќи ако се пропил повторно ќе оди по кафеани со другарите.
Ако почне пак да пие, тоа е до него (не до тебе). Не преземај толкава одговорност за туѓи постапки. Иако мој совет е што подалеку од луѓе кои тонат во алкохол.
Не, туку ти да го избркаш на партал ако пие. Тој треба да се плаши, а ти не. Колку и да ти е убав, алфа мажјак, ако почне да пие сметај x10 потешки се проблемите со пијаница.
Здраво. Имам еден проблем ама мислам дека го имам со себе па ми треба да чујам и друго мислење. Наиме, пред некоја недела другар на мојата другарка реши да ми пише со цел да бидеме во врска. Арно ама јас од старт не сакам ништо, ем не го познавам ем не можам да се базирам на муабети дека бил добро дете. Тоа му го кажав, му реков дека сега засега не сум за врска туку ако сака чисто другарски. Рече демек можи ќе ми се смени мислењето ама јас не се чувствувам така, имам некое негативно чувство и стегнатост кога ќе стигне негова порака и немам некој си муабет, не сум опуштена во разговорот и немам некои чувства. Си викам кога човек прво не сака пријателство… Не знам, имам некое такво мислење дека партнерот прво треба да ти биде пријател, да се гради врската на тој темел бидејќи сите знаеме што се подразбира под тој поим. Не знам можи е до мене, јас не сум таков тип што лесно се впушта во врски ако прво некого многу добро не го познавам и немам изградено доверба како кон пријател. Дилемата ми е во тоа што ако испадне шанса со некое друго момче (во моментот додека пишувавме со него немаше никој друг за да ми се “мати умот”) и слушнам муабети од типот “нели за брзо не ти требаше врска а сега имаш некој”. Се чувствувам како да сум го излажала или пак изневерила со тоа. Фала ви на секој одговор и мислење
Не може да бидеш пријател со некој што сака да биде со тебе во врска. Можеш да му дадеш време да се запознаете повеќе и подобро за да видиш за каква личност се работи, ама ако не ви оди разговорот како што гледаш и не сакаш ништо со него, тогаш треба тоа директно да му го кажеш за ниту тој, ниту ти да си го трошиш времето. И после тоа ќе прекинете комуникација. А за другово, не му должиш ништо, продолжи си понатаму во потрага по друг партнер, ама искомуницирај искрено. Не е океј да го влечиш кога очигледно не ти се допаѓа.
@Billy Idol Искомунициравме искрено и му кажав директно од старт со каков став сум и да знае на што е, како што рече ти, не сакам да го влечам. Мислам дека коректно постапив кога му кажав дека не сакам врска, не сакав да бидам безобразна или пак да го навредам и да му речам директно дека не ми се допаѓа, сепак е близок другар на моја другарка. Повеќе ми беше за последниот твој пасус и мислење