Не му должиш ништо чим си му кажала уште од сам старт. Може најдобро е да ја доведеш до крај комуникацијата. Доколку ти е тешко и тој продолжува и навалува, повторно, мора да си директна. Кажи и на другарка ти исто така дека немаш никакви намери со него. Може звучи грубо, но верувај нема подобро од директно и отворено комуницирање. Се гледа дека си добра особа и сакаш да си внимателна со зборовите, но некогаш нема друг избор. Стави се себе си, и твоите емоции на прво место, и не се замарај за луѓе кои не ти се ништо. Фокусирај се на тоа што ти го сакаш.
@Босилче не се оптоварувај, не си груба, си дала шанса да видиш како ќе течи разговорот меѓу вас, но и понатаму не ти се допаѓа на таков начин. Не можиш да форсираш такви чувства. Плус ако ти се вртат мисли "што ако се појави некој друг сега" значи не го гледаш како потенцијален партнер за во врска. Можеби ќе се појави некој па со него да осетиш нешто посебно и да си спремна на повеќе, а може и нема. Апсолутно никому не си должина да се објаснуваш, доволно е да си искрена за тоа дека не гледаш тоа меѓу вас да оди некаде.
Добро е и што директно си му кажала. А и ако си фатиш во меѓувреме дечко, не се замарај со него. Ако ти пише во таков случај, кажи му дека не бил твој тип и толку е муабетот. Нема што да те замара повеќе. Ќе го откачиш на културен начин. Некогаш е подобро вака да се каже уште во сам старт и директно, за подоцна да нема проблеми, а и да не му се дава лажна надеж.
Баш така, убаво е да се започне односот начисто, со добра комуникација и чисти взаемни намери меѓудругото. И комон/сенс. И секако, евентуално пријателство кое понатаму би вродило плод искрена и надежно взаемна љубов. Иначе на темава, убава тема, иако не ја отварам често, и не планирам. Јас пр. ни совети, евентуално предлози би да давам, ни претерано па барам, нити ме занимаат обично искрено. Се водам по тоа, мој живот, мои правила што би се рекло. А и премногу љубовни/проблеми па не е на арно. Е арно ама сеа, земав да ја читам, и стасав до една членка пишала ја однел еден во црква на прв дејт. Луѓе, вакви ли се проблемите, и дали да продолжам да читам понатаму?
Ако ти влијае негативно ич немој да му ја мислиш, блок и чао. Неможе во животот на секој "што сака врска" да му се правдаш.
Сигурно не е подобро да не сака да биде со тебе како што ми се случи мене. Тој имаше девојка а, ми се додворуваше мене ама ништо сериозно. Според мене биди во контакт но, продолжи си со потрагата. Детето покажало интерес за тебе бидејќи си убава.
Се извинувам за подолгата објава, ама морам да објаснам ако некој прочита фала однапред. Неодамна запознав еден дечко, вака ок, исти бевме по некои работи, сакаше сериозна врска исто и јас, меѓутоа како го запознавав се повеќе и повеќе, ми стануваше чуден...пошто не сме од исти градови се договоривме да дојде самиот ми рече тогаш нпр 20ти март, дојде и тој ден он ништо да спомне, му реков јас, нели ќе се запознаевме? ми рече дојди ти ако можеш, јас не можам, викам зашто? Мене така не ми се оди сама во друг град за некој што не сум го видела, после ми кажа дека не бил расположен да збори, викам зашто слободно кажи ми што е проб можеби ќе можам да ти помогнам, ми вика тешко е кога имаш кредит и сметки стигнуваат од сите страни, вика живеев во Скопје 10години под кирија и ми се собраа давачки, не можам сега да дојдам викам ок, да скратам после ја имаше колата ставено на оглас дека ја продава и ми пиша демек ќе дошол понатака, реков ок, си мислам можеше да кажеш а не помина денот што он го кажа и ништо не ми кажа додека јас не го прашав. После ми пишал дека изнајмил стан да живее, ми збореше за заеднички живот, се подразмислив малце, ми рече дека имал кредит 10 години да отплаќа по 600евра, понекогаш се прашувам дали сериозно кирија во Ск е толку да се отплаќа, чудно ми дојде некако, ајде се видовме еднаш ок е дечково ја вака ја така, само ме кочи многу што ми делува дека е задолжен и ве молам поштедете ме од коментари дека сите живееме со кредити имам страв од тоа бидејќи на тетка ми мажот и го уништи животот со кредити, пишувам со дечково иако на моменти ми е чуден, ме прашува да се гледаме почесто да се запознаеме и ако сакам да живееме заедно, јас најискрено никогаш не сум сакала да живеам како подстанар или со кредити имам фобија да должам два денари ќе се осеќам вознемирено додека не ги вратам не па милиони, проблемот ми е како да му кажам на дечково дека стварно не би можела таков начин на живот, еднаш му спомнав низ каков пекол помина тетка ми поради мажот и ништо не ми врати на таа порака!!!! Туку после два дена, ми рече јас имам план, не сум ни јас за кредити, (си мислам во памет па ти и да сакаш да земеш кредит за стан нема да ти одобрат кога веќе должиш 10г и плус има каснето) вика, не се секирај ја ќе плаќам, а за купување стан имам план без кредит демек, си мислам во памет да си имал план не би плаќал 10 г нешто по 600е месечно и да немаш ништо на крај, пак ќе кажам би ве замолила да не ме напаѓате, не знам што да правам со дечково, како да му кажам дека не сакам таков живот дека тоа е причината што почнав да се повлекувам, глупаво ми е не знам како ќе ме сфати, не можам да живеам цел живот со финансиски проблеми, немам ништо против тие, јас не можам, ама каква ќе испаднам ако му кажам него не знам, што мислите Вие?
Не мора да му кажеш директно дека е поради финансиските проблеми што ги има, туку најди друга причина дека не ти се допаѓа толку и продолжи понатаму. Затоа веројатно уште од сам старт ти кажал за кредити и задолжување што го има, за да знаеш како му е ситуацијата, а и тој да знае дали ќе го прифатиш. Што е фер од негова страна. Биди фер и ти, ако не се гледаш во таков, тежок живот, што воопшто не е лесен и никој не ти суди што не сакаш, раскини уште сега на почеток, отколку да се влечите со години и да станува само потешко.
Mnogu e zadolzhen jas ne bi ti oreporacal so vakov tip da ziveesh, pa i nemate ni odeno za zaednicki zivot zboruvate.. zapoznajte se malce. Ama kako so rekov finansiskata stabilnost i nexavisnost e edna od najdobrite i najsilni raboti i da gledas kaj covek. Mene nenmi e verno covek sam a zadolzhen tolku da ne vodi "dvoen" zivot i da tera komar?
Вие еднаш се видовте, а тој веќе стигна да размислува за заеднички живот, ти ги раскажа сите финансиски проблеми и ти веќе размислуваш за брак?? Дечкото не сакал ни да дојде до твојот град за да те види? Научи да се цениш повеќе. Не му должиш ништо на дечково, има толку многу црвени знаменца дури и да не е задолженоста.
Од седење под кирија не се прави долг кој се исплаќа десет години, па и по 600 евра месечно. Многу е веројатно дека дечково има(л) пороци. Бегај и не си го комплицирај животот.
И на мене ми се чудни ваквиве ликови, прво запознај се, нека помине време па врска а не одма бракови, ама од друга страна па добро е да знаеш на што си со некој, ретко кој кажува задолжен сум и други маани
Еден збор... RUN!!! Рата за кредит 10 години х 600еур месечно, тоа е 72000 евра (кредитот плус каматите). Во пентхаус на Водно да не живеел под кирија олкав долг што има? Плус овој кредит не ќе да му е од банка. Во глобала за потрошувачки од банка, условот е ратата да не биде повисока од 50% од примањата. За банка да дозволи олкава рата (600е), човек треба да има примања од минимум 1200е месечно (а очигледно не се толку чим проблем му е во друг град да дојде, каде повратна со автобус е 1000 денари макс). Ако има некој што работи во банка, еве нека потврди дали за потрошувачки смее да е ратата повисока од 50% (знам дека за станбен има исклучоци). Логиката ми вика дека ова со олкави рати е или лихварски или брз кредит. Плус не ќе да е во прашање никаков долг за кирија, еве од искуство ти кажувам дека високи се кириите во Скопје, ама не дотолку за да мора 600 евра месечно за 10 години да отплаќаш. Едино ако отплаќа свој стан може ова да е случај. Плус, кој газда остава кираџија толкав долг да направи, за два месеца неплатена кирија ќе го избрка.
Ви благодарам на сите, наводно баш му е гајле еднаш се живее овој живот и треба да си дозволиш што сакаш, он за јадење многу трошел и плус киријата и толку било, јас знам луѓе што отплаќаат стан околу 10+ години, а овој кирија! Плус еднаш кога му реков дека треба да се има пари на страна и јас гледам да штедам колку можам, ми врати на тоа, е, па јас ќе трошам и за тебе тогаш....и после демек се шалел вика...
Кредит земал за кирија да отплаќа? Во кој универзум постои толкав долг за кирија? Па при прво задоцнето плаќање ќе реагира газдата. Едноставно биди искрена и кажи му дека не се гледаш во врска под такви услови и тоа е тоа. Очигледно дека нема реални планови си прави бајки во главата а и непромислено размислува и постапува. Планирал стан да купи без кредит а веќе има кредит и рата од 600 евра за кирија. Абе ајде, каде е логиката тука? Ако имал пари ќе го купел станот, а не да се задоволжува за кирија. Башка што мене не ми е верна приказнава, сигурна сум дека долгот е за нешто друго.
Очигледно кредитот не бил за тоа, се повеќе сум убедена, бидејќи он кога се врати од Ск во неговиот град, почна да се жали за ова, што значи он првин го напуштил станот во Ск па остана без работа, тогаш и изгледа кредитот мора месечно да се плаќа и тогаш му се собрало се, викаше многу скапо во Ск, што пак не држи вода дека плаќал кирија со кредит, чудно многу а вака фин делува многу немам коментар