Па кредитот не е ни уредно земен од банка според приказнава. Нешто крие од тебе. Како и да е откачи го, ако не се разбира од збор и блокирај го.
Многу пари се во прашање најверојатно се работи за коцкар, така да понастрана од овај ако не сакаш понатамошни стресови.
Изгледа само јас не наоѓам НЗС кај дечково. Имал долгови од кирија, па изнајмил стан па земал кредит да го исплаќа 10 години по 600 евра. Долгот е за минатата кирија или моменталната? Кој газда ќе остави да должиш толку? И зашто овој би изнјамил стан со толкава кирија ако е кнап со пари? Или изнајмил стан и платил кирија однапред за 10 години? Братов ако не се коцка, да ме пљукнете у фаца
Наводно било се скапо во Ск и земал кредит да плаќа кирија, плус за јадење купувал и толку дошло, затоа што многу било скапо за живот, се вратил во другиот град од каде што е, бидејќи сака своја приватност, пак изнајмил стан и сега плаќа кирија и плус кредит. Му пишав дека мислам дека сме доста различни како карактери и ми пишал, јас те молам да ми дадеш шанса да видиш дека би те чувал како никој до сега, сакам само да имаме убав и добар живот, нема да се покаеш, ми вика нема потреба да се грижиш за условите тоа се јас ќе средам имам план, зборев со моите... Искрено, да Ви кажам, воопшто немам убаво чуство за дечково, во право беше не знам која членка рече, ретки се тие што ќе признаат вакво нешто ама јас мислам имам шанса да се спасам, криво ми е тоа стои ама, чудно пречудно, имал план за стан да купи без кредит, па уште зборел со неговите, не знам што да кажам. Фала ви на сите.
Да бе, ние што живееме во Скопје под кирија мултимилионери сме, за ручек јастог јадеме секој ден. Еве јас сум живеам тука цел мој возрасен живот, се знам со уште сто луѓе ко мене, никој животот тука не го фаќа толку скапо ако живееш според некоја нормала. Што ќе спасуваш не разбирам, нит го знаеш дечково, нит сте се виделе саглам, нит сте имале секс па да видиш дали ти е убаво, вришти од превара, те праи малоумна со муабетиве дека скап бил животот во Скопје. Добар и убав живот не се ветува на странец, се ветува на партнер со кој си бил веќе некое време и се знаете. Убаво ти пишаа сите ќе се заебеш, ама ти си знаеш.
Не знам, многу чудна одлука со кредитов и киријата. Еве кажаа погоре, ако стварно имал 600 евра рата, значи платата му е минимум 1000 евра, со толкава плата мислам можеш комотно да живееш ко самец во Скопје. А за самец доволно е и гарсоњера ако више е кнап со пари И со толкав кредит можел да купи еден помал стан. Ќе зимам кредит за кирија. Боже ме сачувај. Па и ветувањава како ќе те чувал, па бракови па чуда ми е аларм, а не сте се ни залапале ко луѓе, не па нешто да планирате. Не се замарај и откачи го.
А демек во помалите градови не е скапо? Не знам како сите кажуваат Скопје било скапо за живеење, кога и во другите градови исто е. Сигурно земал брзи кредити, ова 600 евра месечно е многу дури и станбен кредит да земал. Или се коцка па должен е на лихвари.
Јас не би верувала така лесно, такви навики тешко се искоренуваат посебно за толку кратко време да се промени мене ми личи како додека сте на почетокот и му е интересно тска потоа мислам фека ќе се врати на старите навики а посебно ако друштвото му е такво ..
Мене прво ми падна во очи како тоа уште незапознаени, не сте се засакале, а зборувате за заеднички живот? Па тој уште веднаш си го погазува зборот што ти рекол ќе се видите и не дошол, па што останало за понатаму. Не ти е тој ништо, не му должиш ништо и нема за што да ти е жал, откачи го, не ти требаат туѓи долгови и проблеми. Не ни имате нешто, не сте во врска, не влегувај во проблеми.
Се ти кажаа другите, јас сакав да ти додам само уште нешто. Ако ти неќиш ништо со него, а према ова шо пиша неќиш, и му кажиш и тој знај - нема шо да ти е гајле да мислиш дали ќе помисли нешто ако после некој друг те заинтересира и почниш нешто со некој друг побрзо. Ти си важно транспарентна пред него дека неќиш ништо со него. И до толку ти е грижа. За на таму, ти си живејш животот како шо сакаш, а не со грижа некој да не помисли нешто. 1. То едно гледање ви беше одложено 1000 пати без да ти кажи за то и ти да чекаш до последен момент. 2. Не се ни знајте ама зборате за заеднички живот?!?!?!?!? Gurl what? 3. Барем лично, ако некој е задолжен до гуша - треба ептен јак изговор да има зошто е то така за да не го препишам како неодоговрен dude bro. Да не речам, едно меѓу поголемите црвени знамиња кај маж ми е да е задолжен до гуша, па да ми матка очи дека за кирија се задолжил (така да или живеј out of his price range, шо е неодговорно, или троши како да нема утре и касни со важни обврски - шо пак е неодговорно). И уште поголемо црвено знаме шо сакал да реши проблемот со брз кредит. Дечково е одечко црвено знаме. Ако сакаш трн во здрава нога - пробај се. Ама искрено, најпаметно ти е да бегаш шо побрзо и шо подалеку.
Здраво луѓе итно ми треба совет, добро ќе биде и совет од машко. Не знам како да постапам, сметам дека секој потег ќе биде погрешен. Во врска сме 4 години, при што минатиот месец типот ми раскина ама се смиривме после само 3 недели. Проблемот е следен: Кога раскинавме после само 24h тој постираше неколку слики со друга девојка(selfie слики еден до друг), јас сликиве ги видов преку лажен профил кај што го имам бидејќи на оригиналниот профил сме блокнати уште одамна и така остана. Коа ги видов срцево ме заболе, само 24h беа поминати.. Срамота!! Според мене мислам дека тој ја запознал девојката уште ноември пред да раскинеме пологично е тоа, сигурно не ја запознал преку ноќ.. Од кога се смиривме постираше уште 2 слики со нејзе + 4 видеа од журка кај што биле завчера... На видеата стојат еден до друг и танцуваат, пеаат нешто. (двајцата се пијани на видеата). Не сакам одма да скокам во заклучоци не знам што да мислам. Не можам да разберам што тој всушност има со нејзе. Дали се другари кој се слушаат повремено и искачаат да утепаат досада(а да немаат секс) или пак нешто повеќе. Не знам како се вика типката и колкава е, ама мислам дека е од негово маало или некаде од близина. 100% сум сигурна дека ја запознал преку негов другар. Како да ја расчистам ситуацијава? Да го прашам дали се гледа со друга или пак да му го побарам телефонот и да го разоткријам. Ако го прашам директно знам дека ќе излаже. Ако му го земам телефонот ќе ги видам сликите и ќе му ги лупнам во фаца што се вика... Јас се правам будала дека не знам ништо, а тој си мисли дека успева да сокрие од мене и дека не знам ништо. Не знам како да се поставам како да го почнам муабетот?? Само знам дека на две столици не се седи ) Совет?
Цени се повеќе чупе и удри му клоца ни која е ни шо е ни како е ни зошто е. Да те сакал и ценел, немало да оди по клубови и со други девојки да ги гледаш. Всушност не се ни крие тој, тоа ти алудира на нешто?
Совет: Со типката е. И има големи шанси да те има изневерено. Или, ако те немал физички изневерено претходно, емоционално те имал и само чекал време официјално да прекинете за да те изневери и физички. Имав вака еден пријател, со женска му беа заедно долго време. Кога ќе им здосадеше и сакаа да одат со други, ќе прекинеа, ќе се "излуфтираа" месец дена, па ќе си простеа и ќе се вратеа заедно. На крај и се венчаа и во брак се сега. Ако можеш таков живот да тераш, и да простиш, и да не гледаш назад на тоа, врати се, ако не можеш, прекини, затоа што се полошо ќе се чувствуваш, а не подобро.
@Alek90 Подобро било да ме нема на социјални мрежи, затоа. За да не можам да ги гледам ороспиите што ги постира очигледно. Резил невиден! ,,Џабе ме блокна те имам на лажниот" Се плаши дека ќе видам се што не треба и дека ќе го оставам. Видов објави и што треба и што не треба...