Луѓе што одма после раскинување магично наоѓаат нови партнери и "другар(к)и, никогаш не ве ни ценеле, да ви биде јасно. Секој човек што имал емоции кон вас, кога нешто ќе се случи, му треба време со себе, да размисли и расчисти, а ако му е сеедно што сте раскинале и продолжува одма како ништо да не било, значи и сеедно му било дали е во врска или не. Исто и овие погоре што спомнавте, прават паузи да се исплескаат со други и после демек абе те сакам ама ми требаше да се излуфтирам. Жими таквото ме сакаш и си ме сакал. Скроз нестабилно однесување. Од вакви подалеку
Не прашав дали да бидам со него или не, туку како да му дадам до знаење дека знам за другата девојка!
Ја знаел од порано и ти раскинал за да проба со неа а да не биде изневерување. Не им идело, и ти се вратил. Цени се малку и продолжи понатаму, батали го.
Не мора ништо да му даваш до знаење, само кажи му дека вашето е завршено и толку. Лажни профили ќе правам за некој што ме избришал или блокирал, еве важи.
Па прашај го директно. Да не се навредиш, ама каква е таа врска ако не можеш отворено и директно да го прашаш нешто што те мачи? Плус, да сум на твое место воопшто нити би го прашувала, нити би се замарала за него. Подобро ќе преплакам цела година за него ама во живот мој нема да бидам со ваква особа. Но, ако те толку интересира тогаш прашај си го директно.
Од авион се гледа дека на типот не му е грижа за тебе ! Не знам зошто би била со некој што 4 години заедно и раскинувате си става слика со друга и се имате блокнато?? Или си некој фејк профил што ти е досадно па измислуваш приказни или не знам до толку слепа да си не ми е верно.
Grow up. Тури му пепел нему, а и ти застани пред огледало и прашај се самата себе дали е ок тоа што се тешиш со глупости. Врскава... пиши пропало, и колку порано сфатиш, толку подобро. Plenty fish in the sea, барај си ја среќата на друго место.
@Ta-mara Не знам дали јас премногу сериозно го сфаќам животот или што е работава. Со типов сте се виделе само еднаш и ти одма го процени каков е, со години да одиш со некој па нема во целосно да го знаеш каков е, а не па еднаш да го видам и одма да си замислувам брак и иднина со него. Нели треба прво убаво да го запознаеш каков е, што е, од каква фамилија е, да го запознаеш друштвото, пријателите, да знаеш што сака во живото, кое му е омилено јадење, филм, музика, кои му се цели во животот, какоо значиии какооо може да си планираш да живееш со некој тотален странец па и иднина еве не ми е јасно, за каде се брзаш или само дечко да се фане, било кој. Ни ти го сакаш, ни тој те сака, само еден господ знае зошто си трошите време, да не ви биде досадно.
И мене не ми е јасно ова жими се . Како може до толку да не можат да ги проценат мажите? Ако ми пише мене некој дека сака да живее со мене, а го познавам само од интернет, оде одма на блок. Ако проба да ме филува дека сум многу згодна и убава, оде право на блок. Ако вика дека е задолжен незнам каде, оде право на блок. Така зборуваат само мажи кои сакаат корист од тебе. Било тоа секс или пари, или шо знам шо. Незнам како може некои девојки да се палат на тоа живеење заедно со странец од интернет, мене тоа ми е рамно исто како да ми пишал некој мрсен напален чича мича. Одвратно . Неколку пати во животот сретнав убави момци, али кога почнаа со тие филмови во месинџерот.... туѓ срам ме изеде и ги блокирав.
Пред да го пишам ова, 5 пати избришав и напишав одново. Значи, очигледно е. Ти си највиновна што сеуште му даваш шанса и те е*е во здрав мозок.
Дека различни градови не сме баш блиску, заради тоа. Треба време да се запознае некој да, ама верувај дека и некои луѓе со години што се знаат пак не е доволно, не мора да значи
Не се согласувам со ова, пред 2 години партнер кој многу го сакав ми го скрши срцето, ме шокира, ден денес имам стрес. За месец дена излегував вп пијана состојба со друг само да не мислам. Не велам дека тоа е правилно баш напротив ама сите сме различни и различно реагираме на одредени ситуации. Срам да ти е, те сожалувам. Годините поминати со тебе не ни ми вредат повеќе. Знам дека се гледаш паралелно со друга девојка. Подалеку од мене. Блок на се.
Фала ти за одговорот, искрено, се согласувам со твоето мислење. Сега дур е на почеток му е интересно и убаво само со мене, ама ќе дојде и период кога ќе му здосади се едно исто да прави или ќе има монотон период шо е многу нормално , и ќе се врати пак на навиките од порано....иако он тврди дека повеќе нема да се врати на тоа а и физички се чувствува подобро кога не пие воопшто.
магичните другар(к)и се истите со кои сте/сме биле варани . И најтажно ми е кога ќе ми кажат нема шанси да ме варал си го познавам дечкото неколку години сме биле у врска. Наивни сме или сосила се правиме глупи дека преку нок можат да најдат магично другарче што ќе искачат и дружат 24/7.
Се согласувам и најчесто таквите луѓе не ни имале чувства кон тебе туку како потреба за внимание и валидизација. Можеби и секогаш имаат настрана како резерва и одма ќе те заменат, ама се сомневам дека некогаш би биле среќни на долг рок... Краткотрајни се и токсични. Испробано и осетено.
Јас во лице би му кажала дека знам што објавува и дека има друга и дека веќе нема очи да ми види, толку. Зошто да комплицираш и од околу да одиш? Штом е таков у лице плескаш и си заминуваш.
Добро да, тоа стои дека е малце чудно и да не речам психопатски ама ете дечково наводно рече дека имал сериозни намери па поради тоа така ми збореше, чисто да знам дека не е некој што би сакал нешто пролазно, од после кога се запознавме рече дека би сакал нешто сериозно и дека стои на тоа што го кажал, мислам... Нема ништо лошо во тоа некој да каже какви намери има, ама да, прво треба да се видиме лично па после, ама најверојатно дека од различни градови и не можевме одма да се видиме и тоа збореше... Инаку медицинско лице е дечково како се вика не знам мед брат? @Bitter-Sweet, не дојде претпоставувам дека поради тоа што тогаш остана без работа односно се пресели од Ск во неговиот град и остана без работа, тоа беше периодот кога почна да вика дека не бил расположен за ништо дека е тешко кога сметки стигнуваат од сите страни итн. јас мислам дека му беше глупаво да ми каже, па тогаш ме викаше мене јас да сум дошла кај него... Само, не знам како покрај сите тие задолжувања, после тоа ми пиша кога го прашав што прави дека бил во продавница и потрошил 300е за јадење, ( одма штом ја продал колата) кога му реков нели е тоа многу само за тебе ми рече па што ми е гајле.... Фала Ви уште еднаш на сите, премногу сме различни со дечково, очигледно.