Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.101
    Пол:
    Женски
    Лаже. Прати ја ситуацијата.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    4.114
    Пол:
    Женски
    Девојче, батали го. 2 месеци сте само заедно а веќе излегуваат вакви ситуации, што ќе биде понатаму.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.469
    Пол:
    Машки
    Два месеци си била со него а имаш некој чуден attachment кон него. Те боли само егото ништо друго, дека можеби те сменил со друга, ама за мене тој е сеуште детинест и женкар, ова второво тешко да го искорениш, па колку сакаш биди добра и убава.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Со дечкото веќе неколку пати наназад сме разговарале за просидба и за заеднички живот. Проблемот е во мене јас не сакам да го напуштам мојот дом и да заминам во друг дом, убаво ми е вака како дечко и девојка, не се чувствувам сигурна во себе. Имаме разговарано за ова ми вели јас би те чекал само не можам вечно да те чекам. Го сакам и сакам иднина со него, само што не сум сигурна во себе како би се снашла во улога на сопруга.
     
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.170
    Допаѓања:
    186.005
    Пол:
    Женски
    Girl... no.
    Не игри, не ништо. Ако сакаш да знај дека знајш кажи му дирек дека виде. Блокни и на лажен и сегде кај шо се имате и достае контакт со него.

    Има муабети шо се прат и незапознаени. Зависно колку брзо одат тие муабети и колку се интензивни, можи да се работи за love bombing. То искажва голема љубов и грижа и внимание за да те "фати" и после се оддалечва/лади и полесно манипулира. Често и компензираат за нешто друго на овај начин.
    Love-Bombing-Infographic.png

    Секогаш велам за љубоморен партнер, реакциите шо ги има се огледало на шо прај. Така да јас не ни одам до то да се думам дали и шо имал историја со девојката. Ако по 2 месеци сака да контролира со кој и шо пишам - he's out.

    Па, зато се чека до време кога би биле спремни. Колку години сте? Како ја гледаш иднината со него? Каков тек на врската гледаш пример, во наредни 5 години? Ако си млада, нормално е да си уплашена. Па дури и постара. Само ако е второто ваљда имаш појасна слика шо сакаш и како би стигнала до то шо го сакаш. И ова е убо да го зборните и заедно. Дали "распоредот" ќе ви се совпадни. Исто како би личел заедничкиот живот, како би прераспределиле обврски во дом, кога и дали би имале деца итн.
     
  6. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    @theowndemon дечкото 25, јас за неколку месеци 25. За во иднина сакам живот и семејство со него. Знам дека еден ден ќе треба да се почне нов живот само не знам дали би се чувствувала тогаш спремно. Голем проблем ми прави анксиозноста една година се трудам да се справам со неа без терапија при најмала болка или проблем јас тонам. Не сакам да тонам пред сопруг или фамилија или пак да сум зависна од антидепресиви. Дечкото е спремен на таков чекор, но не му се брза. Знам дека ако ме чека долго ќе му здодеам. Разговарано е за тоа, за обврските не очекувам да имаме проблем бидејќи и сега ги делиме кога сме на одмор. Знае да си зготви, помага во домашни обврски и за деца имаме разговарано.
     
    Последна измена: 27 јануари 2025
  7. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.170
    Допаѓања:
    186.005
    Пол:
    Женски
    Глеј, то е предизвик сега. Предизвици ќе имате цел живот и ќе се справувате со тие предизвици како партнери. За анксиозноста јас би ти предложила терапевт. 2 во 1 решение е и за анксиозност и за да видиш како ќе се раскомотиш кон заеднички живот пошто то шо те мачи ќе се тргни. Башка, ако имате можност да поживејте заедно, пример да останиш неколку вечери кај него на неделно ниво и слично - ќе видиш и како би функционирало се и каква динамика имате и како се осеќаш за одделвање од дома и дали секое останување ти е полесно одделувањето. Не мора дирек брак. Туку полека чекорете кој тој заеднички живот ако е то нешто шо сакаш, притоа пралелно работи на проблемот шо те мачи за да се ослободиш.
     
    На FlowerMarija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Даа баш се плашам од вакви предизвици, ја разгледувам можност за терапија со психолог мора да се ослободам некаде. Имаме можност,останувам кај него, многу ми е убаво времето кое го поминуваме заедно. Не ми е голем проблем одделувањето од дома колку комфорт зоната на која сум навикната и не сакам промени, да имаме време не ни се брза само јас мора да се средам и да го решиме проблемот. Многу ти благодарам :l::l::l:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.089
    Допаѓања:
    9.006
    Пол:
    Машки
    Земи го домазет, ако се нафати и имате доволно место во куќата.

    Ако не, тогаш ќе мораш кај него или пак земете си стан. Ако не кај него, тогаш кај следниот. Сигурно и тој ќе сака да живееш кај него.
    Мислам дека проблемот е до тебе. Премногу си приврзана за домот и семејството.
    Ако не пробаш, нема да знаеш како ќе ти биде. Пробај прво да живееш со него нрколку месеци и види како ќе ти биде.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    Не е проблем повеќе е како тема

    после колку време врска очекувате да ве запросат?

    сестра ми ја запросија за нова година после 1 година врска, јас сум 4 години во врска и не сме направиле таков чекор. Се плашам дека губам време пошо околу мене слушам притисок како не требало да се чека со години и како тие што биле заедно по 4-5 години на крај раскинувале и се мажеле/женеле за 6 месеци со било кој. Искрено, убаво ми е со партнерот имаме супер врска и го сакам, а знам дека и тој ме сака. Имаме разговарано на темата и тој го сака тоа и јас (но не тогаш кога сме разговарале). Од друга страна не сакам да правам притисок бидејќи не сакам да биде како договорен брак као ајде одбери си ти пратен и на таа и таа дата одиме таму и ќе те запросам, тоа ми е малку чудно.

    знам може целово мислење ми нема смисла но се плашам дане губам време со долга врска. Јас имам 26 тој сега ќе прави 27. Сестра ми беше 25 а маж и исто 25. Помладите генерации ми создаваат анксиозност што се мажат женат на 20 год, се осеќам како стара мома.
     
    На nice-girl, Harley Quinn, TrueToMyself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.469
    Пол:
    Машки

    Јас преферирам да се пооди малце барем 2-3 години па да размислувам на таа тема, ама верувај ако треба да биди ќе бидни, еднаш и помислив побрзо од што мислев за брак, дека можеби таа е таа што треба да биди, ама си реков дај си време, времето ќе покажи и слично..


    Пред да запросам, сакам да сум финансиски стабилен и стабилна работа да имам така да... и горе долу да сум среден, не брзајте. :)
     
    На Bitter-Sweet и Јас таа им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.170
    Допаѓања:
    186.005
    Пол:
    Женски
    Нема некое правило дека ако одиш долго ќе раскиниш или ако кратко е подобро. Јас мислам, бар од набљудвање, најмногу зависи од возраста. Помлади парој одат подолго оти имат поќе чекори шо треба да досредат за да стигнат до брак иако и то не е правило или мерка. Постари одат пократко пошто или не им се чека или јасно знат и кажват шо сакат.

    Дали брзо или бавно ќе се земиш, за мене, не е мерило дали ќе е траен и добар бракот. Важно е да ви е убо со партнерот, да се запознајте добро и да напрајте чекор "брак" тогаш кога ќе сте спремни вие. Секој пар си е своја приказна.

    Ако сакаш да убрзаш муабет за брак, јас би отворила како тема. Лично, "не вервам" во запросувања изненадни. Туку вервам во то партнерите да зборнат и да видат дали се на иста страна. Такви муабети се нели за живеалиште, деца, дом, баш и тема ко да памтам дека имаше за ова. Па после то да се остај простор за запроствање како "изненадување".
     
    На Waverly Raven, FlowerMarija, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    Баш така и мене не ми се брза. Сакам да уживам во младоста и врската ама притисокот од општеството е страшен колку и да пробувам да го одбегнам. Сите братучеди и мои и негови се веќе во брак а сите се помлади лд 19-23 год. Можеш само да замислиш какви муабети се прават што чекате, остаревте, со години се влечите ако биде ајде ако не секој по свој пат. Почнувам да се нервирам хаха

    па искрено имаме зборено за сите овие теми, знаеме дека и двајцата сакаме деца и колку, знаеме каде сакаме да живееме. Имаме зборено и за живот настрана и двајцата сме на иста страна. Исто си се знаеме еден меѓу друг кој во што е подобар, готвење, чистење и сл. Имаме зборено и за каква свадба сакаме дека не сакаме со 500 гости туку мини свадба и за то се сложуваме исто и за запросување ме има прашано дали сакам интимно или пред други. Не е нешто што преку ноќ би се случило.


    Веќе изгубив смисла за што пишував но, да, некако ми е страв дали губам години во врска, иако нема апсолутни ниту еден проблем.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ane___9

    ane___9 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Во врска сум 8 месеци но чуствувам и гледам дека веќе не е тоа тоа од негова страна,нема љубов(можеби никогаш ја немало све глума било)во многу тешка психичка состојба сум.Што да правам? Како да го заборавам
     
    На Dana55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Женски
    Кажи му го тоа во лице и поради тоа што е индиферентен не сакаш да бидете повеќе во врска. Потоа блокирај го на фејсбук и не ги следи неговите објави на социјалните мрежи, едноставно не се интересирај за неговиот живот понатаму.
     
  16. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    4.762
    Пол:
    Машки
    Најди си друга занимација. :)
     
  17. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    17.936
    Пол:
    Женски
    Во долга врска очекувам тоа да биде во секој момент. Колку повеќе време поминува, толку помала желба за брак.
     
  18. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.170
    Допаѓања:
    186.005
    Пол:
    Женски
    Ехе, епа вие "тешкото" го имате поминато. Евентуално уште за временска рамка ако сакаш да зборните пример дали ќе е за година - две или поќе и дали то ви одговара на двата. Пошто гледај, мора да сте на иста страна и да си кажвате шо сакате за да никој не е разочаран на крај.

    Па, ако сте уште заедно не можиш да го заборајш. Ќе треба да раскиниш. :D Јас би зборала да видам која е и неговата перспектива, па према то ќе одлучам дали вреди или не да се продолжи нешто. Да се види дали е можи проблемот недостаток на комуникација/ различен стил на комуникација кој ви одговара. Ама ако цел ти е да го заборајш ... то можиш само ако раскиниш инаку како ќе забораваш? :D Башка 8 месеци е крај на т.н. "honeymoon" период кај шо завршва фаза на заљубеност и гледаме дали има нешто подлабоко меѓу нас или не. Не значи дека те лажел ако испадни да не осеќа ништо сега.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Истото, каде им се брза, колку се запознале за една година. Кога ќе видам една година заедно бремени се мажат леле хаххаа. И јас сум повеќе за подолга врска барем 4, 5 години, но не 10 години тоа е премногу. Секој има такви мисли што ако се скараш па да останеш на 27 години сингл. Ако ви е убаво со партнерот вака нема никаков проблем не е секој секогаш спремен за брак веднаш.
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    18.523
    Пол:
    Женски
    Ова е многу индивидуално и не постојат правила на која возраст треба да се случи и после колку време врска. Најважно е тебе да ти е убаво на душата кога ќе ја донесеш таа одлука дека со партнерот ќе започнете една нова приказна, а притисок од околината не треба воопшто да те засега, ако гледаш кој што зборува и како прави до никаде нема да стигнеш.
    Да се одделиш од твоите, особено ако како фамилија сте доста поврзани нема да ти биде едноставно. Јас веќе верена бев и не можев да си замислам да не сум со моите затоа што со нив сум премногу приврзана, иако немав никакви дилеми кога решивме со дечкото да направиме следен чекор, ми требаше еден добар период на адаптација. За некој работи едноставно никогаш нема да бидеш спремен.
     
    На Waverly Raven, Outlook, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.