Јас искрено очекувам дека тоа ќе се деси за 2 до 3 години максимум. Идеме две години и имаме правено муабет на таа тема. Двајцата сакаме заеднички живот и се гледаме заедно во иднина. Сега уште сме млади, по 22 год имаме. Секако треба да сме двајцата финансиски стабилни и да имаме сопствен кров над глава (сами да живееме). Искрено би се разочарала ако до тогаш не ме побара пошто не сакам да бидам од оние девојки кои идат по 10 години врска и дури тогаш се зимаат. Со тоа ми доловува дека 10 години му треба да размисли дали стварно сака да биде со мене. Плус, сакам да завршам со раѓање на деца до 30. После тоа не сакам да раѓам. Ама и воедно сакам да биде изненадно запросување, од љубов и дека он сака, а не да се договориме дека само ќе се земеме. Може живеам со делузии не знам.
Чим веќе имате разговарано за тоа сигурно и он си планира веќе и можеби си има направено филм во глава како ќе те запроси. Пример може не сака да е во градот кадешто живеете или да е рандом, туку да е на некое патување па таму да ти направи изненадување. Ние годинава ќе сме осум години заедно и мислам дека кај и да е ќе ме запроси ама да не зборам на празно, не се знае ништо, само сметам дека не треба да си ставаш толку притисок поради општеството оти сигурно ќе си дојде на свое место кај и да е, дајте си време.
Ако сакаш брак, извини ако сум грешно сфатила, зошто не ја почнеш ти таа тема? Не мора романтично запросување, битно е и двајцата да сакате. Јас две другарки имам што така чекаа да ги запросат и на крајот им скисна да чекаат и им раскинаа. Извини што се надоврзав на тебе. Општо си кажувам дека за ваква важна тема убаво е двајцата да си разговараат. Кај нас отворено се зборуваше, јас бев таа што одложував, ама кога бевме и двајцата решени стапивме кон тој чекор. И покрај тоа што следуваше заеднички договор, сепак тој успеа да ме изненади. Јас не би чекала на некој да му текне а јас да чекам и чекам.. Сакам отворени карти. Кога, што, како.. Има многу што не сакаат брак, ако не сакаш подобро кажи. Една познаничка беа во врска повеке од 20 години, го чекаше и на крајот се омажи за 5 дена со друг. Многумина знам во долги врски што поради оваа причина раскинале. Другар на мм исто повеќе од 20 год е во врска со девојката. Над 40 год е тој, а и таа. Го чека да ја побара од она што си кажува. Не мора да се во брак ако двајцата така сакаат, и јас сум за тоа двајцата да си одлучат ама едниот да чека а другиот да си нема мака.. А годините одат во чекање и надеж..
Што кога некој со кого си излегла само два пати и многу те повредил а пред тоа сте биле во контакт 5 месеци и многу си го засакала, планирал се со тебе (ми рече ќе зборуваме се ќе решиме и после некој ден објави слика на стори со друга девојка, значи тој веќе и почнал врска со неа) вечерва го гледаш среќен на кафе со новата девојка другарка и, и нејзиниот дечко… многу лошо се чувствувам… поминаа 3 месеци а мене се уште не ми поминува… како понатаму… претешко ми е.. не знам како да си помогнам на самата себе… тој мене ме остави и си го продолжи животот го гледам секој ден насмеан а мене уште не ми поминува, не можам да бидам среќна мислам дека никогаш нема да ми помине…
Не спомнав убаво, имаме зборено на темава затоа што веќе 2 години живееме заедно и мислам дека сме спремни на таков чекор, и моето мислење е дека донекаде сум спремна исто и он и дека нема нешто што би не спречило да се вериме, прашање на време е кога само
Па нема да бидеш среќна се додека гледаш тој што прави.Како засакувате некој само од пишување и два пати гледање и планирате се.Девојче собери се и живеј си го својот живот.Си изгубила 5 месеци веќе,не губи ни ден.ќе ти помине само треба да поработиш од тоа.Остави го во минатото,ќе има и нови прилики.
Што доколку после 4 години врска, дечкото уште додава девојки на фб/инста. Мислев дека се е таман еве до сега до моментов, мал милион пати зборено е дека ми смета( имам горко искуство со тие заследувања) и 2-3 месеци ке потрпи не аднува и пак. У моментов само што отворив да видам и шо да видам. Се испотив, моментално сум пренервозна. Ми иде да му изнапишам све што мин доаѓа на врв јазик и у курац да го отерам. И можно е и да постапам така. Ама на 14ти фебруари треба да одиме во Будимпешта. У моментов само патувањево ме кочи 200€ имам уплатено, сите знаат дека ќе идеме. Аиии стока неразбран човек кој кур му е. И утре кога ќе му речам ја ќе сум луда, љубоморна. Он ќе ги познава од ваму од таму. Се тресам. Говедо еј говедо. Диезепам пиев, со кого си имам ја работа. Зашо прави вака, си ја пробува ли среќата, деген. На моменти ми иде да ги заборавам сите убави моменти и ич да не ми чуе да го отерам у три лепе. Не се трпи. Аха да и една (мислам дека е од новите следачки сите слики му ги има лајкнувано. значи откако се додале го лајкнувала. И овоа си ја следи и се трае.) Утре ќе проверам ама 99% му од новите. Па кај и на инста и на фб ги има сигурно наизменично ги има додавано прво инста па фб. Јазк
Кога ги запознал? Заедно сте 4 години, а и да запознае некој /некоја немора следење на инстаграм. Тој е луд. Ова е не почитување јас би го шутнала, на почеток имавме вакви проблеми го откачив недела дена никаков контакт дури не размислам и нема веќе заледено, а да заследи верувај нема да мислам два пати. Глупак.
Ги нашол на соц мрежи сиг. Мене ми е чудно да му раскинам за ваква работа ( зашо мн поголеми му имам простувано на почеток на врската снапови, реагирања, додавања) и др срања. Мислејки ќе не бидне. И таман дома сите мислевме се опраи, функционираме нормално, се таман. И сега случано отворив што да видам. Иначе е огромна причина за раскин, знам. Само како да раскинам шо да му кажам? А патувањево? Одговорот погоре е за тебе
Леле девојче па ти пишуваше пред некој месец во дискотека си го начекала,а ти рекол дека ќе спие.Уште си со него,тогаш нели те блокира секаде?Мислам логично е да му раскиниш,сепак ти си знаеш.На патување можеш и сама да одеш или пак да не одиш,и што има врска дека сите знаат.Па сите нема да се нервираат и да пијат диазепам како ти сега.
@natashaaz.09 мислам и порано имаш пишувано, ама дали за конкретниов проблем, не памтам. Тој чим е со таква навика, верувај таков ќе си остане, не може да се смени, ти ќе си се нервираш само. Не значи нели дека има намера некоја со нив, ама сомнежот ќе си стои, и довербата може да биде нарушена. Сте збореле и тој упорно не те почитува.. Не знам вака, тешко е и безобразно од негова страна.. Не вреди да се стресираш сепак.
Па добро, немате заеднички слики ? Они сепак ќе видат дека има девојка ако го заследат... Шо ќе бараат со зафатен, јес да има и такви ама сепак...
Веќе те изневерил со самото аднување и пишување, со мислите емоционално изневерена си, уште физички што не го направил тоа. Директ црвен дај му. Сте зборувале за тоа и пак по старо. 0 праг на толеранција треба да имаш за ова, шутирај дур не е касно. Ќе ги прежалиш и пари и моменти ама ќе се спасиш од гадна личност. Стави се себеси на најважно место. Никој не е повреден од твоите чувства и интелигенција, не треба да си дозволиш некој да ти ја потценува интелгенцијата.
Како бре? Ти читаш ли или слабо? Кој осудува? Да но, во врскава има многу црвени знаменца, бар според ова што го пишува, а доста се има жалено од него.