Па добро, немате заеднички слики ? Они сепак ќе видат дека има девојка ако го заследат... Шо ќе бараат со зафатен, јес да има и такви ама сепак...
Веќе те изневерил со самото аднување и пишување, со мислите емоционално изневерена си, уште физички што не го направил тоа. Директ црвен дај му. Сте зборувале за тоа и пак по старо. 0 праг на толеранција треба да имаш за ова, шутирај дур не е касно. Ќе ги прежалиш и пари и моменти ама ќе се спасиш од гадна личност. Стави се себеси на најважно место. Никој не е повреден од твоите чувства и интелигенција, не треба да си дозволиш некој да ти ја потценува интелгенцијата.
Како бре? Ти читаш ли или слабо? Кој осудува? Да но, во врскава има многу црвени знаменца, бар според ова што го пишува, а доста се има жалено од него.
Јас за ова кажвам сега шо го читам, а тоа ако имале и други несогласувања претходно досега требало секој свој пат да си фати.
Не ги аднувал само тие шо ги знаел, не може цел град, цела држава да ја познава, со сите се знај? Потенцира дека и порано истото било и сега пак, нови. Како тоа новите сите познаници?
Убаво напишала дека ќе ги познава од ваму од таму, најверојатно знае дека ги познава ама е љубоморна, во тој случај нека прежали 200 евриќи и чао пријатно секој свој пат.
Не е љубомора ова. Него си ја брани врската и чувствата за се она што вложила и потрошила време во тие 4 години. И има право да добија одговори на се што и да праша и што и да е сумливо. А ако тој уште првиот момент почнува да се вади со љубомора и да бара вина во неа и рачка за расправија тогаш значи проблемот е во него зошто сака да го сокрија и да избега од фактот дека направил глупост. Како може пример, секојдневно да познава и запознава по 5-10 нови души? Па тој е кругот на пријатели, од работа, факултет, маало, населба, тие се пријателите. Не може тој секој нов ден да биде извор на нови пријатели итоа пак сите - женски.
Добро ете нека седне да разговара со него пак ќе ги добија одговорите. Никаде не видов јас бројка колку додал. Е сега не знам тоа, купи си карта...
Претпоставка е бројката, не сфаќај се буквално. Аднувал и порано и сега, бројот на фолоуверси растел и тогаш и сега ете и се препотила кога видела. И разговарале. Ете му дала шанса, жолт. Ама пак по старо тој. И кај вака? Ова нормално е? Познаници се сите овие?
Па научил дека секогаш преминува преку ова и понатаму го прави истото.Мислам не знам на кој му е интересен уште фб и инстаграм.И таа желба за додавање,колку што прочитав тој има 31 година.Да има 15 ај да разберам интересно му е.Освен ако не е инфлуенсер
@natashaaz.09 со своите одлуки свесно си дошла до оваа фаза, односно никој не ти е крив, освен самата ти. За четири години не го научи каков е, сега ќе пиеш дијазепами. Е па пиј, што да ти кажам. Самите си се вовлекувате во проблемите, не ви се мажите криви, криви сте вие што ги третирате ко да се единствени на светов. Заради друг да си го губам здравјето? Нема шанси. Па ни патувањето не е важно, секако можеш да одиш и сама, и баш најубаво да си поминеш.
Одма раскинавела. Не вреди да се нервираш ако ти прави вака. Ова тера накај поголема беља, односно може да им пишува и да се гледа со нив. Одма раскини му. Кажи му дека неговите авантури ја расипаа врската. А во агенција прашај дали може да ги пренасочиш средствата за следно патување, пр. за одмор. Немој да трпиш за таква будала.
Jas ne znam so koj kef ce odis Budimpesta koga kinish nervi za vakva rabota i ne e malce ova i e strasno nepocituvanje sram.. jas da sum ko tebe ce go napram lom sea ni setanje ni nishto, ce gi prezhalam tie 200evra..
Како во врска сте 4 години и не знаеш што да му кажешш?? Ќе си кажеш така како што е, без заобиколување, не знам како вака си ќутите да ве прават будали.