А а а комотно да си одите во Будимпешта и да си се сликате и снимате на секое ќоше и таа и секоја да има што да му лајкува. Како да фрлаш пари за џабе? Башка што таму е убавини. Ќе му се лутиш само за еден карактер што не се менува, како тоа? Ти си си го избрала, си го засакала ќе си го сакаш и трпиш до крај на животот, па и за 200 евра да се притресуваш и пиеш дијазепами бива ли?
Јас овој пат направив драма. За тие 5-6 девојки кои што ги пишав, ми изгледаа како непознати досега на неговата листа. Отворив сабајле пред да идам на работа, сите ги следел од претходно од 2020. Имал само една нова заследено (школска од средно, скоро цела год еве гледам не заследил). И ја шо да му кажам сега а све и свашта му изназборев, на непроверена работа он испадна крив а ја не сум у право. Како не проверив точно, ми дојдоа непознати девојките и изреагирав. Сега што…? Anyone?
Добро се заебаваш значи.. Машките членови испаднаа у право значи Екстра погоден ти е типот, добро кажа Реалист. Го повлекувам зборот. Иначе, сеа.. и Реалист да го земете со вас на патување Он ќе смири ситуација.
До вчера беше 2 3 месеци не заследил,сега една годинаТи го проверуваш 24/7 и верувам дека ги знаеш на памет.Твој проблем,твоја врска.Ама мислам дека сега во моментов бараш оправдание за него или ти си екстремно љубоморна.Ако е тој во право извини се што да направиш друго.
Мене во ова врска не ми штима ништо, кој нормален и за џабе има вакви трауми да проверва кој заследил кој отследил?
Јас не знам ни кај се гледа кога се заследил некој во која годинаПа нормално дека има трауми,ако имаш доверба нема да имаш ни потреба да проверуваш.
Да да, ајде пола година да речам да прецизирам. Не се ни 2-3 месеци а не се ни година. Жими све само едната била др шо ми беа сомнителни којзнае од кога се. Претходно да заследуваше( зборам за сега синоќашнава случка он испадна прав. Школска девојка од средно, ми прати и слики од клас). Ама многу грди раб му кажав.
Девојче ти си знаеш,како е што е.Само едно ќе ти кажам во здрава врска е најважна довербата.Ако не му веруваш тоа е измачување.Секој треба да има мала резерва и не се верува никогаш 100%.Ама до толку секој ден да висиш да проверуваш дали заследил некоја и кога и која е,не е за тебе здраво.Па пиеш диазепми,колку години имаш?Толку е нешто трагично,па земаш нешто за смирување.Со вакво однесување тешко дека тој сериозно ќе те сфати.Ако не ти одговара раскинуваш,нема потреба од драми,плачки и лекови за смирување
Па сега сомнежот не е секогаш вистина.Има екстремно љубоморни па се им е сомнеж.Се е индивидуално и зависи од карактерот
А кој рече дека немало веќе инспирација за нови тевеновели? Телевиза презента може продолжение да сними за Касандра, одма. Тешка недела за братот @Realist1 . Извиси како Ранду на времето. Ај што гага шетањето за Будимпешта му пропадна, туку и криптото отиде надоле.
Тешка вечер имав стварно, си реков ќе ме шетнат некаде и то не бидна, немораше до будимпешта можеше и до маврово таман ќе видев кои викендици имаат сменет пасворд на вифито Иначе нате тука сме не се секирај расположени за шетање во секое време, некогаш ако се мислиш шо да прајш на вишок карта титни ми ја ќе ти вратам. Прифаќаме се вишок само руска салата не, уште имам од неа !
Ништо, па и ти па. Веќе ти пишав супер да си поминете на шетња и повеќе слики и видеа да направите и споделите. По можност направете и некое сликче или видео како се бацувате во уста, а што знаеш може и прстен скришно носи и ќе те запроси таму, па снимајте и споделувајте. Ајде со среќа.