Вас ви е смешно, мене не и така. Сепак фала на советите и на тие шо сте саркастични и на тие шо сте сериозни.
Извини му се сеа веќе коа си згрешила. Се случуваат караници во врски. Следен пат убаво провери па делувај.
Не се лути, во мака смеата е најслатка и доаѓа како вистински мелем на рана. Ќе ти пишев и подолг одговор, ама брзам имам некоја раб. Со среќа низ сето ова, навистина ќе ти треба.
Во почеток на гледање (месец дена, од Декември), дали сметате дека патување заедно (на негова сметка), рандом поклони и сл. е вид на love bombing?
Мислам дека не, човекот дака да патува ете нашол партнерка. Поклони му нешто и ти, некоја книга или слично.
Не прифаќа и плус искрено не сум за сериозна врска спремна ни ментално ни емоционално, а го знае тоа уште од почеток. Иако сѐ што прави ми звучи на сериозно. А сепак вели дека ни он не сака ништо озбилно. Не, не ми е проблем јас да платам сметка или да купам нешто, само што е ситно во спореба со неговото а и немам финансиски можности реално за да вратам на исто ниво.
И двајцата не сте за озбилно, ама тој сака да ''те купува'' со нешто многу покрупно во споредба со тоа што ти можеш да му го возвратиш (а ми делува сакаш да те тинтра така). Не ми е само јасно што тогаш прашуваш што е ова, очигледно и јасно што е. Колкава разлика сте во години само ме занима, ако сакаш да пишеш?
Епа напомени му повторно дека не си за ништо сериозно, дека не го гледаш така за да не почнал да си дава лажна надеж.
Вака како личност како ти изгледа, најчесто ова го прават токсични нарцисоидни личности, најпрвин те "напаѓаа" со секакви подароци со зборови - комплименти или вака со подароци како на пример твоево патување. Тенка и ретка е линијата скоро мала да е некој без скриени намери и таквата љубов е конзистентна на некој начин. Овој да те прашам дали приметуваш други особини чудни или не, сепак краток период се допишувате... Јас сум машко и од машки аспект размислување, а верувам и другиве би се согласиле со мене... јас не би се нафатила да одам.
Не сакам никој да ме тинтра мене, имам татко и мајка што го прават тоа. Иначе 4 години е постар од мене. Не, нема над 30, не не грд и дебел и не е sugar daddy. Да! Ова. Ми требаше некој објективно гледајќи на работите да ми потврди. Сите другарки беа ко awww гледаш те цени барем. Ама хмм Инаку да, имам приметено и други чудни работи како на пример селектира што ќе ми каже за себе. Зборува многу ама скоро никогаш не е за лични работи. Не deepest darkest secrets дека очекувам да ми открие ама де бе, зашто не би кажал не знам, колку години разлика е со брат му (пример ова, не дека ми е битно ама кога и да го прашам нешто лично или со фамилија поврзано ја врти темата)
Во ред фала за одг. За последното нормално ќе ја врти темата кога не те гледа ниту тебе за озбилно, туку гледа само да те сврти и искористи. Доби совети за нешто што и самото без да се распрашуваш очигледно е што е. Ама ете голема, здрава и права си, само ете не знаеше ова што е и ти одговорија. Така што од сега па понатаму со ум во глава со типов.
Можеби има некои фамилијарни проблеми кои не сака да ги сподели и ги доживува како тригер па зборува површни работи. Сепак не сте сериозно па и немора да кажува ништо. И јас мислам да не одиш на патувањето освен ако не сакаш и да си го платиш сама.
Мој најдобронамерен совет, одбиј ја оваа негова понуда, не брзај, а и него речи му го истото и пополека запознавајте се. Ако сеуште те опсипува да речам "агресивно" со вакви чувства и подароци, БЕГАЈ. Слушај паталец шо поминал низ таков пат.