Кога некој те прави да се осеќаш како најпосакуваната личност, најљубената личност на овој свет. Те опсипува со внимание, подароци итн итн и се тоа за кратко време. Како шо гледам на интернет ова love bombing го кажуваат во негативен контекст. Значи фактички, си имаш работа со манипулатор или личност што сака нешто од тебе.
Така де, сака да те искористи, затоа и не те пушта во неговиот личен свет и држи дистанца од тебе и твојата љубопитност за лични прашања од типот колку години е разлика од брат му. Информацијата што има брат и ако тој ја дал и таа смета дека е промногу што споделил, бидејќи сака нешто друго не блискост и вистинска врска полна со љубов.
Грешка си малце, има лични граници што не мора со секоја да ги споделуваш уште од сам старт ама ептен е деликатна темава, се разликува човек по души по очи, однесување од манипулатор до добро намерен и вистински. Ако не знаете да проценете осетете еднаш и ќе ве научи животот.
Па не ги споделуваат разлика во години пример од брат како што навела членкава чурук луѓе или нешто што кријат за себе, брат им итн. или манипулатори убаво си опишал какви ги има. За мене не се секирај што ме научил или ќе ме учи животов има кој да ми води грижа, тебе гледај кој ќе ти води грижа и што те научил твојот живот или ќе те научи. На крајот на темава ниту јас ниту ти побаравме совет, туку членкава балерина. Секоја личност ја посоветува како знае и умее, грешно или исправно не сме за тоа тука криви дррини да оправаме, туку да размениме мислења. Поздрав.
Ја одбив уште веднаш, инстинктивно. Пред некој ден немав вратено подолго време и ми отишол низ following на Инстаграм и отворил стори на другарка, она ми го праќа профилот и ми вика кој е ова? Го прашав за тоа, рече загрижен бил што не сум враќала. А не дека имаше пишано нешто битно или поставено прашање, и он мене ме имал оставено на seen по цел ден или скроз не одговорил на прашање или нешто што сум кажала па никому ништо, на крај краева никој не ми должи разговор или ислушување. Тоа за возраста на брат му онака скроз уз муабет беше кажано, чисто да се продолжи конверзацијата, не дека ми значи нешто. А исто еве денес го нема цел ден да пише. Пак, не дека ми значи туку како Старк што кажа, знам да препознаам веќе манипулација, ова сега што го прави е push and pull методот
А зошто отворал стори кај другарка ти ако бил загрижен за тебе? Не го разбирам, ако си загрижен за некого го прашуваш, бараш лично дали е добар, се ок. Тежок манипулатор, ако немате што да си кажете повеќе паметно и конструктивно избриши го од секаде, блокирај или како мислиш дека е најдобро во овој случај така постапи. Мене ми е крипи да ми чачка по стори на блиски.
Да не случајно ме имала тагнато на сторито или да не било слика со мене. Сомнително и крипи, дефинитивно. Можеше да ми се јави на пример ама не, ќе открие од Инстаграм хахахахахаха Мизерно. И ред други црвени знаменца, се немам видено со него неколку недели и скроз сум океј со тоа да не се видам уште еднаш.
Паметна одлука ова последново, ама, ама (иако си решителна дека не одиш) ако, ако...отидеш резервни сопствени пари обавезно со тебе, за да си заминеш иако најдобро ти е инстинктивно што ти дошло да одбиеш. Се осеќа кликаш со некого или не. Типов ми делува на манипулатор затоа те прашав за годините обично поголема кога е разликата тие се веќе поискусни и манипулираат на велико. Секое добро ти посакувам, биди мудра.
На една страна за игри, ме додаде еден дечко, искрено јас го знаев од средно ми се свиѓаше а тоа беше пред многу години, братучед на братучедка ми, мене ништо не ми се паѓаше се ок, ајде почнавме на viber да пишуваме не бев сигурна одма да му се претставам пошто тој период се идеше по слави и такви собирања па не сакав одма да знае која сум, разменив вибер со него пошто стварно дечкото е ок на место и го знаев ама не му кажав, се убаво зборевме, ми одговараше со него да зборам од вечер до сабајле сме збореле имав ставено слика кај што се гледам од подалеку, мислев да не му текне која сум, ама не беше таков да ми збори да праќам слики (знам дека може и ја не сум во право да не пратам слика ама веќе напишав од која причина не сакав одма) , ме викаше да се видиме и тоа беше ок со мене не напнуваше ми вика кога ти сакаш тогаш нема проблем, е сега... Во меѓувреме јас со сестра ми бевме на една свадба и нормално се сликавме, кога едно време гледам порака од него, ми испраќа слика од мене од свадбата каде што бев (он нема врска со тие луѓе на свадба не познава никој оттаму??) сега кога ќе поврзам, се мислам дали он ја прашал братучедка ми за моја слика, а братучедка ми и побарала на сестра ми и сестра ми му пратила???? Значи, ми се качи притисок стварно се налутив и престанав комуникација со него, таа слика ја немаше никој освен сестра ми, не знам како можат така во туѓо име, ако сакам слика јас ќе ти пратам а не да бараш по други, им се налутив, не знам дали исправно постапив, што мислите Вие?
А, зашто да си ја криеш фацата со некој што ти е океј ти се свиѓа и разговараш од вечер до сабајле ?? Поминале славите...
Ќе ме познаеше сигурно, мене дури мајка му ме знае со него не сум зборела ама ме гледал и он, не знаев како ќе реагира, не знаев што да очекувам
Јас мислам дека секој очекува да го види идентитетот на личноста со која комуницира деноноќно. Коа не си му пратила ти , може побарал слика, а може и не побарал треба да го прашаш нема потреба да се лутиш, може случајно му излегла од лајкови на тагнати луѓе. Мене да не ми прати слика личност со која комуницирам/чатам нема да продолжам, пошо ми е бесцелно и децки. А, тоа дали те познал или не , неможеш да знаеш. Ако те познал немало да ти ја прател сликата ... Си можела да се претставиш културно, безразлика каква реакција би предизвикала кај него.
Тој најмалку заслужува да му се лутиш. Тие личности/таа личност што дала слика без да те праша дали може или да ти каже што е работава ми делуваат/ми делува најнесериозни/но. Можеби и било на зафрканција сето тоа направено, ама неубаво е како и да. Мене лично ми делува дека и на таа не толку јасната слика тој те препознал, само можеби прашал за појасна слика да се увери себеси дека си таа што ја мисли си. Наместо да го игнорираш и избегнуваш отворено кажи му како се чувствуваш во врска со ова и прашај го од прва рака како ја добил сликата. Нема што да ти е незгодно да комуницираш и понатаму ако бил ок муабетот и ок е личноста. Само пред се разјаснете си се убаво меѓу вас.
Па секако дека не е океј да се праќа слика од некој друг/а, на некој трет, а уште па и он да ти праќа на тебе од тебе слика, освен ако не ти кажал дека му се свиѓа сликата. Како дојдовте до броеви, а ти го знаеш него кој е, а он не? xd
Hey луѓе, имам пишувано и порано тука за врската моја. Ја сметав за сериозна (5+ г.), зборувавме за животот заеднички, сакавме и да се регистрираме годинава. Минативе неколку месеци, ако го одбијам за било што, прво избувнува, па ме игнорира ден - два некогаш и повеќе. Пробав со убав разговор да го решам ова, но кога ќе се видиме ако е расположен, глуми дека всушност ми простил што не сум била тука за него? Ме збунува неговото однесување, и изморена сум од премислување на се што ќе каже, толкување дали е лут на мене, која глупост сега му засметала и дали ќе ме игнорира уште 3 дена, па ќе ми се јави и ќе се прави како ништо да не било. Не беше вака порано, ама и јас порано повеќе одев по негово. Не знам што да правам, врската од сериозна почна да ме потсеќа на некоја средношколска, ве молам за совет тука или во приватна порака. Разумот ми вика да раскинам, ама уште не сум спремна за таква одлука што во моментов би ми го сменила животот.
Седни го и разговарајте. Ако не бива - не бива. Види до што е работата на таквото однесување. Има нешто што му пречи.
Незнам каде да го поставам ова прашање па нека биде тука. Дали кога дечкото планира да ја запроси девојката тоа го прави без да разговара со девојката и цел тој процес е изненадување за девојката или прво ќе разговараат кога, во кој период ќе го направи тоа во смисла кога двата би биле спремни за тој чекор а денот и местото би останале нормално на дечкото како изненадување за девојката ? Мојот дечко мисли дека треба се да биде изненадување а ја мислам дека сепак треба да се разговара за тоа. Што мислите вие?? Како оди таа работа??
Досега не сте зборувале за тоа? Кога би сакале брак, дали живеење заедно пред брак, каде би живееле по брак? Мора да се разговара за тоа според мене, а запросувањето кога и каде може да биде изненадување.