Обично машките сами би осетиле дали би ја запросиле девојката и кога би го направиле тоа. Јас знам по другари дека претходно не разговарале за тоа, тулу ја однеле на некоја убава дестинација како Милано, Барселона, Малдиви и таму изненадно ја запросиле. Е сега може кај некои парови е поинаку. Секаде е различно.
Се зависи од дечкото,ама во подолга и стабилна врска мислам би требало да се разговара за тоа,мое лично мислење.и изненадувањето е индивидуално некој сака спектакал и јавно,некој преферира повеќе приватност.Ако дечкото те познава добро ќе знае како и што.
Мое мислење е дека треба да се разговара претходно на таа тема, да се знаат ставовите и на двајцата, и се што следи понатаму каде би живееле, кога деца, не е само да те запроси па после нека биде што ќе биде, треба јасно да си се дефинираат ставовите на двајцата, па ако сте на иста бранова должина да се оди на следен чекор.
Не знам дали е мојот проблем за тука, но ќе ви го напишам. Моментално сум во врска, совршено е се, имаме ситни кавги, имаме многу добри моменти, се разбираме. Но, предходно сум имала врска каде што јас сум била изневерена, и имам и проблем каде што во моја блиска околина жената често била изневерена, излажана.. Му верувам на мојот парнтер дека не прави ништо, заедно сме цело време. Сигурна сум во него. Некогаш мојата несигурност во себе си, ја проектирам кон него, и цело време сум параноична дека нешто лошо ќе се случи, дека ќе ме изневери кога е надвор. Никогаш не ми давал повод за тоа, се знаам со неговата фамилија, со другарите. Шетаме заедно секаде, се грижи да ми е на мене добро. Не знам како да си го искоренам тоа токсичното во мене и да престанам да го гушам и напаѓам иако не прави ништо. Понекогаш и кога сме излезени или седиме кај него дома, нешто во мене почнува да ме иритира и сакам да се расправам.. Секогаш кога се е совршено барам некоја ситница и се расправам. Многу ми е глупаво, сфаќам подоцна што сум направила но е касно. И понекогаш кажувам работи, навреди што не ги мислам. Тој не е таков кога се расправаме, кога ќе добијам таква епизода ме остава да се 'искарам' сама со себе. Помош? Како да престанам да правам кавги за ништо ?
Па можеш да избориш до 10 пред да кажеш нешто и да размислиш, повеќе самоконтрола над себе да имаш,и да не правиш проблеми каде што ги нема.И да пробаш да се ставиш на негово место,дали ти би трпела некој од никде никаде да се расправа,тој не е таков ама кога ќе му дојдеш преку глава ќе ти каже само крај.Ако не сакаш ова да се случи поработи на себе
Пробувам, верувај ми. Откако започнав со него започнав со работа на себе си да не избувнувам толку. Но сепак во некои мигови пак избувнувам и излегува тоа од мене. А воопшто не сакам. И да, нема да бидам со некој таков, нормално. На тоа мислев вчера цел ден. Ќе пробам да го сменам ова, фала ти.
Нормално е некогаш да се избувне сите сме луѓе,само да не е претерано.Најважно е дека знаеш и дека се трудиш да го промениш тоа.На крај некој ако сак да те изневери ќе те изневери тука не можеш многу да влијаеш ти,така да немој да се оптретуваш за нешта со не се случиле.Ви посакувам многу среќа
Ќе ти помогни психотерапија. Побарај си психотерапевт и насочи се кон темелно искоренување на проблемот и причините поврзани со него. Вака, едно-две мислења и совети од форум се само за привремена утеха.
Би побарала совет, иако можеби и нема потреба или пак не би го послушала Но, ваква е ситуацијата, имам дечко, односно сега сме на пауза. Проблемот е во тоа што не сум сигурна дали сакам да бидам со него, а од друга страна тој дечко е навистина за да го посакаш. Можеби звучи едноставно, но во однос на моите години , мислам дека ми е време малку посериозно да ги согледам работите, и некако не би сакала да пропуштам прилика која ќе ме кошта, моментот на несигурноста е дека претходно сум имала можеби полоши искуства во врска, но знам дека ме привлекувале ( и физички па можеби и психички) но некако со време сум сфатила дека не сме еден за друг карактерно. Јас овој "дечко" што го имам сега ми е супер, но секогаш се осеќам како да фали нешто, не би сакала да кажам дека не ми се допаѓа физички, но понекогаш се осеќам како да не е тоа што сакам да го гледам "постојано!?... и искрено сум многу збунета.. бирајќи од физички аспект или оноа што "ми го нуди личноста" во аспект на понатамошниот живот и иднина со него. Не знам дали е "злобдно од моја страна" што го мислам тоа на таков начин, дека не ме превлекува физички а претходно сум посакала да сум со него, но тогаш биле поинакви околностите и повеќе некако размислувањата негови ме привлекоа. Што мислите вие? Која одлука да ја донесам? Не велам дека не ми е убаво кога сум со него, ама има нешто што понекогаш ме кочи, но не знам што е тоа, нешто од внатре, а и ... веќе долго време не сме имале никаква интимност, ни онаа минимална а тоа е повторно поради мене, бидејќи некако не го посакувам тоа со него. Дали треба да се осеќам виновно што така се чуствувам? Бидејќи дечкото е навистина супер карактерно, се што би посакала една девојка, но ете јас сум " проблемот" и има нешто што ме спречува да се "затрескам",
Послушај си го срцето, а не паметот. Ако срцето вика дека го сака, тогаш остани. Но ако паметот вика да останеш, тогаш подразмисли. Сепак треба и карактерно да се совпаѓате, а не само физички да ти се допадне. Веќе не е како порано, сите да трчаат по најубавиот или најубавата. Денес сите гледаат внатрешно да се совпаднат со партнерот. Бидејќи ако карактерот му е трул, а физичкиот изглед како манекен, тогаш ништо не си направила. Треба убаво да размислиш што ќе правиш. Прво откриј што е пречката, па потоа разговарај со него за промена на тоа што ти пречи кај него. Или без разговор процени си сама, па одлучи што ќе правиш.
Очигледно е дека не го сакаш и нема да го засакаш, не си го троши времето ни своето, а ни неговото, не е фер да бидеш свесна со некој дека не ти е тоа, тоа и да го влечеш за нос, па кога ќе ти се пружи друга прилика да го баталиш само затоа што сега засега е океј прилика затебе, ама засега. Дозволи му да биде со некоја што ќе и биде се, и таа нему и тој на неа, оти вакви млаки врски, некако може да завршат со брак кој ќе биде мачење, а потоа завршуваат со развод.
Не му го троши времето и не си играј со чувствата негови. Факт е дека не го сакаш. Кажи му отворено додека не е касно за да може да си се ориентира понатаму кон иднината и да си ја најде баш среќата него ли да живее во илузија дека е сакан и да мисли дека е тоа така и само полошо му правиш вака, расчисти на време дали го сакаш или не а по се изгледа само му трошиш време.
Тука на форумот не можат да ти помогнат. Доби совет за психотерапија и тоа е најправилното во овој случај. Кога има проблем што предизвикува ''страдање'' тогаш тој треба да се реши. Добар психолог ќе ти помогне да стигнеш до решение. Ако не го решиш тоа сега ќе се провлече тој проблем и понатаму. Може ќе го изгибиш тој дечко и понатаму во животот и со други дечковци ќе се јавува истиот проблем. Затоа побарај добар психолог и реши го тоа на време. И уште нешто психотерапијата не е за страшни работи!