Би побарала совет, иако можеби и нема потреба или пак не би го послушала Но, ваква е ситуацијата, имам дечко, односно сега сме на пауза. Проблемот е во тоа што не сум сигурна дали сакам да бидам со него, а од друга страна тој дечко е навистина за да го посакаш. Можеби звучи едноставно, но во однос на моите години , мислам дека ми е време малку посериозно да ги согледам работите, и некако не би сакала да пропуштам прилика која ќе ме кошта, моментот на несигурноста е дека претходно сум имала можеби полоши искуства во врска, но знам дека ме привлекувале ( и физички па можеби и психички) но некако со време сум сфатила дека не сме еден за друг карактерно. Јас овој "дечко" што го имам сега ми е супер, но секогаш се осеќам како да фали нешто, не би сакала да кажам дека не ми се допаѓа физички, но понекогаш се осеќам како да не е тоа што сакам да го гледам "постојано!?... и искрено сум многу збунета.. бирајќи од физички аспект или оноа што "ми го нуди личноста" во аспект на понатамошниот живот и иднина со него. Не знам дали е "злобдно од моја страна" што го мислам тоа на таков начин, дека не ме превлекува физички а претходно сум посакала да сум со него, но тогаш биле поинакви околностите и повеќе некако размислувањата негови ме привлекоа. Што мислите вие? Која одлука да ја донесам? Не велам дека не ми е убаво кога сум со него, ама има нешто што понекогаш ме кочи, но не знам што е тоа, нешто од внатре, а и ... веќе долго време не сме имале никаква интимност, ни онаа минимална а тоа е повторно поради мене, бидејќи некако не го посакувам тоа со него. Дали треба да се осеќам виновно што така се чуствувам? Бидејќи дечкото е навистина супер карактерно, се што би посакала една девојка, но ете јас сум " проблемот" и има нешто што ме спречува да се "затрескам",
Послушај си го срцето, а не паметот. Ако срцето вика дека го сака, тогаш остани. Но ако паметот вика да останеш, тогаш подразмисли. Сепак треба и карактерно да се совпаѓате, а не само физички да ти се допадне. Веќе не е како порано, сите да трчаат по најубавиот или најубавата. Денес сите гледаат внатрешно да се совпаднат со партнерот. Бидејќи ако карактерот му е трул, а физичкиот изглед како манекен, тогаш ништо не си направила. Треба убаво да размислиш што ќе правиш. Прво откриј што е пречката, па потоа разговарај со него за промена на тоа што ти пречи кај него. Или без разговор процени си сама, па одлучи што ќе правиш.
Очигледно е дека не го сакаш и нема да го засакаш, не си го троши времето ни своето, а ни неговото, не е фер да бидеш свесна со некој дека не ти е тоа, тоа и да го влечеш за нос, па кога ќе ти се пружи друга прилика да го баталиш само затоа што сега засега е океј прилика затебе, ама засега. Дозволи му да биде со некоја што ќе и биде се, и таа нему и тој на неа, оти вакви млаки врски, некако може да завршат со брак кој ќе биде мачење, а потоа завршуваат со развод.
Не му го троши времето и не си играј со чувствата негови. Факт е дека не го сакаш. Кажи му отворено додека не е касно за да може да си се ориентира понатаму кон иднината и да си ја најде баш среќата него ли да живее во илузија дека е сакан и да мисли дека е тоа така и само полошо му правиш вака, расчисти на време дали го сакаш или не а по се изгледа само му трошиш време.
Тука на форумот не можат да ти помогнат. Доби совет за психотерапија и тоа е најправилното во овој случај. Кога има проблем што предизвикува ''страдање'' тогаш тој треба да се реши. Добар психолог ќе ти помогне да стигнеш до решение. Ако не го решиш тоа сега ќе се провлече тој проблем и понатаму. Може ќе го изгибиш тој дечко и понатаму во животот и со други дечковци ќе се јавува истиот проблем. Затоа побарај добар психолог и реши го тоа на време. И уште нешто психотерапијата не е за страшни работи!
Секој заслужува да биди сакан, ама пред се почитуван и да му се обрни внимание. Можеби ти е ок и ти годи пошто ти оди по газот на лаички начин ама ти не го сакаш и само (би) го повредувала....
Колку години си ако не е тајна? Размисли добро, сама велиш супер е човекот. Можеби ќе најдеш некој полош од него па после ќе е касно, некој пијандура коцкар или ке те тепа дури. Ако си помлада ае да го разберам тоа со "затрескувањето".
Дали го сакаш? Дали можеш да си замислиш иднина со него ? На овие прашања можеш само ти да одговориш. По тоа што го напиша личи како љубовта да доаѓа само од негова страна. Не е фер спрема него да останеш со него само затоа што мислиш дека нема да најдеш подобар од него. Тој заслужува некоја што ќе го сака и почитува, некоја за која тој е привлечен. Како би се чуствувала кога би била со некој кој те гледа тебе така ко што го гледаш ти него ? Би сакала ли да остане со тебе во врска ? Немој да останеш од погрешни причини со него. Таквата врска кога тогаш ќе се распадне. Не си ти виновна за тоа како се чувствуваш. Не може љубов на сила.
@anonymousstr секогаш можиш да најдиш и поуспешен, поубав физички... но и полош од човекот со кој си. Не е тоа важно, важно е дали ти сакаш да си со таа личност, дали сметаш дека таа личност е тоа што го бараш во животот. Ако некој го сакаш и го прифаќаш, гледаш иднина со него нема никогаш да бараш нешто поинакво. Затоа чим си дошла тука да бараш совет тргни се од него, не му троши време, не си го троши и твоето, едноставно прифати дека не е тој тоа што го сакаш и терај понатаму
Ви благодарам на сите , најпрвин што одвоивте време да го прочитате, иако имав instant regret што го напишав тоа. А и ви благодарма на дел што ми ги отворивте очите. Се надевам дека ќе си дадам простор да размислам. Бидејќи дел од вас ме потцерија дека секогаш постои и полошо, неоспорувајќи го и постоењето на подобро. Искрено имам поминато толку многу што можеби и не сум навикната на таков однос. Работата е дека мене тој ми се допаѓа како личност во секој аспетк, но како парнер понекогаш не можам да го замислам, не знам зошто, можеби и дека сум оптоварена со други обврски, па некако сета негатива ја префрлам и ја насочувам натаму. За оние кои ми пишавте дека чим сум дошла тука да побарам "совет" посигурно е да го оставам, напротив понекогаш сметам дека субјективниот поглед од луѓе кои не ги знам би ми дале подобро размислување. Личност сум што не сакам да згрешам, поготово кога многу пати сум се изгорела . Отварајќи ја душата, просто понекогаш и мислам дека и емоционално сум недостапна, а и секако секој си влече од претходни трауми. Верувам дека го сакам веќе 9 месеци сме "заедно" иако не звучи многу, сепак во овој аспект е долг временски период а да мислиш дека некој не сакаш. Проблемот понекогаш е што, го споредувам со претходен партнер иако е сосема погрешно, уште од мали години ја имам таа навика, па понекогаш си стварам себе си притисок. Како и да е , да не должам многу знам да забегам. Ви благодарам, сепак можеби ќе дадам трета шанса, колку и да нема потреба, бидејќи и моментот кога сум без него не ми е сеедно, не можам да се замислам да бидам во комуникација со друго машко, а камо ли пак да градам се од почеток, дали е тоа навика, или пак љубов не сум сигурна, но знам дека колку и да ми пречи нешто, или пак да се подразмислам, знам дека сум среќна. Проблемот исто така е што сум малку и пребирлива, па можеби барам нешто кое и не постои. Ќе ве известам што ќе се случува