Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. jasjasjas3

    jasjasjas3 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас и дечко ми сме од различни градови и се гледаме само за викенд. Минатиот викенд не дојде во петок туку сабота, ме излажа дека многу работа имал (после самиот си призна дека лажел). Сега ми вели јас повеќе не останувам овде за викенд, му фалел неговиот град( ме извади од такт градот му фалел за 1 вечер што ќе остане.. Дали би прекинале со него за ова?
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    3.288
    Пол:
    Машки
    Можно е, да е за прекинување. Јас кога имав девојка од друг град, едвај чекав да отидам, новитет и така нешто, уживав.
    Постои и друга варијанта, може сака ти да одиш кај него?
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.952
    Допаѓања:
    4.834
    Пол:
    Женски
    А претходно како функциониравте? Доаѓаше? Не му фалеше градот ако претходно доаѓал..?
     
  4. jasjasjas3

    jasjasjas3 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Доаѓаше претходно , остануваше по 1 вечер немаше никаков проблем. Сега наеднаш почнаа изговорите.... Ќе доаѓал само на еден ден без спиење.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    5.256
    Пол:
    Машки
    А зошто те излажал? Поради која причина?
    Не е добро ова вака што те излажал.
    Ова е сериозен проблем и лажење.

    Преиспитај си ја врската.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.952
    Допаѓања:
    4.834
    Пол:
    Женски
    Нешто се случува невообичаено. Јас не би оставила така , види што се случува и зошто така наеднаш му недостига градот... Има нешто ама без разговор неможе да знаеш што
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    40.090
    Пол:
    Машки
    @jasjasjas3 кога ти кажува дека му недостига градот, сака всушност да ти каже дека му недостига некоја личност од градот. Дали е тоа фамилија, пријатели или пак некоја друга девојка, тоа е на тебе да го дознаеш.

    На крај, дури и да не се работи за девојка, значи дека приоритетите му се менуваат, и ако претходно ти си му била на прво место, сега веќе не е така.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anonymousstr

    anonymousstr Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски

    Сметам дека треба да направите искрен разговор, и да му кажеш дека нешто осеќаш дека не е во ред. Па прашај го искрено дали можеби има и друга, или пак е сосема различна причина. Колку можеби и да те боли, дај му дознание дека вистината и искреноста ти е побитна од се. Сметам дека не е доволна причина за раскинување, секогаш може да има позадинска причина , така да не избрзувај.