Абе види, човекот си мисли на иднината. Си вика, мора шо побрзо да најдам некоја вредна домаќинка за ако ми цркне мама, да не останам гладен.
Немој да користиш такви изрази, сепак ти си паметна девојка. А за готвењето е убаво секој да знае да зготви барем по нешто најпрво заради самиот себе. Ти што знаеш да зготвиш најубаво?
Во право си требала да го праша иако не морало. Поставување вакви прашања во 21век ми е многу просто, дури попросто од просто.
И ме прашувале и јас сум прашувала. Ништо лошо, муабет си правите само. Ако и за вакви ситници се бара мана, нема никогаш да се најде некој што ќе ви одговара. Ова е дел од запознавањето, само те прашал најнормално прашање, не значи дека одма треба да се обвини за нешто.
Не мислам дека прашањето е лошо само по себе. Пошто не добиваш цврста идеја шо е негов став. Јас би прашала нахнадни прашања да знам какви очекувања има и колку самиот е способен пред дирек да дам црвен картон.
Се согласувам со членката, можеби е чисто како дискусија, не мора толку длабоко да навлегуваме во нештата и да ги комплицираме непотребно. А воедно на темава имам интересна ситуација, имено, имам другарка на која сега веќе бившиот дечко, не јадеше ништо дур таа не се врати од работа да направи, значи буквално гладуваше човекот, доцнела или не, не пипкаше ништо, не знаеше да си направи, се чекаше само на неа. Живееја заедно.
Зависи во каков контекст е прашањето и каков е самиот дечко. Прашањето само по себе не е лошо, и ние сме се прашувале кој колку знае и сака да готви при запознавање кога муабетот бил за храна, па еве не очекува готвачка да му бидам, делиме обврски.
Можеби тоа му е била некој вид на тактика за да те освои. "Дојди за мене, мајка ми готви многу убави јадења и десерти ќе живееш како царица" .. М? Дали помисли на тоа ти
Јас не би му замерила, дури и би му вратила нешто као супер што знае мајка ти убаво да готви, сигурно и тебе те научила, ќе готвиш за нас.
А убаво ли беше на слики? Ако да, многу си ја утнала што си му избегала. Си требала да си се поканиш на гости и се да им изнаизедеш онака како да не си видела јадење и да ја испофалиш мајка му, па и рецепт да побараш за зготвеното. Вакви прашања на прва се биг но-но, башка започнато со споредба еве мама готви, а ти што знаеш ми е многу одбивно и пишав попросто од просто. Дека секој треба да знае да зготви треба, но и не е задолжително. Сега кога сите можности ни се на тацна ќе идам да дремам над тенџерето со сармите.
Ете така. Ама па, шо праиме со докажувањето пред остали? Вредна снашка мора, а комшиите па шо ќе кажат? Да се обрукаат ли луѓево ни криви ни дужни, не иде.
Со него цела година се договаравме за едно кафе, го прашував зошто избегнува да излези со мене, ми рече не тњ избегавам, и цело време на чат пишувавме. И така. Јас цело време го канев, индиректно и не и не и не. Едвај еднаш тогаш излеговме ...
Стварано не иде. Кетеринг и ајде чао пријатно ако до толку запнале да гостат се живо и диво. Жената на работа со свои обврски, а не над тенџерето. Мислам одамна таа ера е завршена или се лажам?
Според мене едно е низ муабет да прашаш некој дали знае да готви, чисти, везее шта год, ама кога ја фалиш мама како е она профи па чекај ти знаеш ли , ми е глупо и баш е некако споредба. Татко ти ми знае мн добро да спрема месо у фурна, а ти знаеш ли ? Секогаш кажувам дека ниту едно прашање не е глупо, туку битно е како ќе се постави .