Кај ја спомна баба, лиги ми потекоа сега кога ми текна од нејзини раце какви месеници имам јадено. Ама такви биле тогаш времињата се знаело за во кујна било исклучиво женска рака да игра, ама сега во 21век од жена да чекаш на тацна. Мажулиња недозреани, арно велат без мама газот не знаат уште да си го избришат ама жена бараат па и пребираат.
И не ме пушта ич да и помагам дури ни за кревање. И велам бабооо друго време е то, че ме распрдиш вака.
И јас ќе кажам дека не е лошо прашањето само по себе, зависи од контекстот и од самиот човек. Јас на пример не обожавам да готвам многу, би го кажала тоа, но нема да бегам од делење обврски, плус од љубов секогаш би се потрудила да му направам нешто вкусно. Е сега, ако тој очекува само јас да готвам и да ме споредува со мајки и баби, нема да има повторен разговор меѓу нас.
Така се научени, такви биле времињата тогаш, жена работела во кујна, ама сега во денешно време само од жена да се очекува, тоа само несозреани прават. Еве да зготвиш или раскренеш раце ќе ти паднат?
Не, делумно сам седам и си правам сам јадење и слично. А и ко имав девојка и правев поручек и слично.
Така треба, еднаш ти ќе спремиш, еднаш таа или кој си има мерак повеќе да готви нека го. Јас имам братучед не пушта жена во кујна, едно време и ресторан држеше покрај редовната раб. Таков е сака да угоди на сопругата максимално што може.
Па сеа зависи како го гледаш. По мене ништо лошо не те прашал дечкото, израснал во фамилија кај што се готвело и јадело домашна зготвена храна и манџи. Нормално дека и во иднина кога ќе се ожени ќе сака жена која што ќе готви и ќе знае да направи грав и сарма, а не секој ден да јаде пици и сендвичи од надвор пошо жена му не знае да готви. Јас лично обожавам да готвам, особено за дечко ми. На крај краева, до срцето на мажот се стига преку стомакот.
И јас обожавам да готвам, и кај мм се јадело манџи и домашна готвена храна, исто и кај мене, па кога се запознавме не ме прашал никогаш такво нешто, ниту тој, ниту пред него што сум била во подолга врска, и да не знае да готви ќе научи, никој не се родил учен, а манџи е најлесно отколку некој специјалитет, сега помладите подобро готват и од постарите, тие само манџи научиле. На прв дејт некој да те праша дали знаеш да готвиш... Можеби и не е толку лошо прашањето колку како и кога го поставил. За се' има време и место. И најбитно мамичка си ја пофалил, сигурно очекува да готви како мамичка. Во брак секој треба да си се прилагоди, а не во жената да ја бара мамичка, дај и ние жените во мажите да го бараме таткото и мажот да го споредуваме со него. Да каже некоја на дечкото "татко ми ова знае да прави, ти што знаеш"? И мажот треба да знае да готви, не само жената.
Јас секогаш се фалам со тоа татко ми колку знае да направи се' и колкаво мајсториште е, а со тоа и јас имам бајаги научено. Е сеа извини, ама не може јас како жена поише да знам за бурмашина и дребонг, а он една сијалица да не знае да смени.
Па да, не може жена да знае подобро за такви работи, ама за готвење секој може, и маж и жена ако сака да јаде. За поголеми работи што не можеме ние жените да ги направиме ќе си викнеме мајстор ако мажот не се разбира во тоа.