очајна сум Ограничена си,не е само тој,светот не се врти само околку него,сама кажа дека сите ги одбиваш заради него и од таа причина неможеш да видиш што би можело да биде ако бидеш со друг.Ако требало да бидете задно до сега ќе бевте ,прифати го тоа и чекори напред,запознавај нови луѓе,дружи се,забавувај се и дај му прилика на некој што навистина заслужува да биде со тебе.Среќно!
сум била и со други, но за кратко не сум можела да бидам, постојано мислев на него, знам дека треба да продолжам напред, имам друштво секој ден сум со нив, но потребна ми е љубов...
А зошто толку се брзаш да фатиш дечко? Тука нема граница кога треба да имаш, а кога не. Или од друштвото сите имаат, па се чувствуваш загрозена?
знам дека нема граница, но кога на човек му е потребна љубов е многу тешко, а немаат сите во моето друштво, излавам, се забавувам не седам ниту еден ден дома, но сепак многу ми е потребна љубов...
Продолжи да излегуваш, дружи се, можеби и ќе се заљубиш во некој најмалку што очекуваш Ќе си дојде се спонтано, можеби само привремена криза те фатила, ќе помине. А тој што си го сакала 7 години најдобро да го тргниш од мислите, зашто заради него и не можеш да најдеш љубов. Друг совет, не знам каков би ти дале, дечко овде не можеме да донесиме
а како сакаш сериозна врска кога цел живот значи од 13год сакаш некој кој не те сака не ти обрнува внимание знам еден ваков слуцај девојката го удави дечкото со пораки и титки психичко замарање и знаеш кој и бесе конечниот резултат ? ДЕЧКОТО НЕМОЖЕ ДА ЈА ПОДНЕСЕ ЈА МРАЗИ ! а како и да не кога некој седум години те замара а ти упорно му кажуваш дека не го сакаш ако случајно и ти си во ваква ситуација ПРЕСТАНИ .Најди некој кој ке те сака веројатно и ти имаш некоја убавина ко секоја жена сигурно има некој каков и да е важно е да осетиш љубов па после ке видиш колку е лесно да го заборавиш ....поззз
Никогаш не сум замарала, тоа го најмногу мразам во животот и затоа не го правам, не ми кажал дека не ме сака никогаш ни пак дека ме мрази , многу пати сум се одлучувала никогаш повеќе да немам контакт со него, но кога се случувало тоа тој ме бараше и сакаше да се видиме, знам дека јас сум крива бидејки сум му довела до знаење дека го сакам и сега тој мисли кога и да ме побара јас ке бидам со него, пола година немав никаков контакт со него но еве пред неколку дена пак се видовме, слаба страна ми е за жал.
не реков сонце дека ти ти кажав јас случајот што го знам замисли цела населба знаеше неговите дома интервенции да престане да го замара ама типката мислам ден денесс на глава му се качува ......ај уште еден совет еве ти подобро стој подалеку така повеке ке те сака прависе дека ти е се едно дали се гледате или не нека те види со друг покаши дека можеш и ке видиш ке трчапо тебе !........ поззз
имав врска со негов комшија околу 5-6 месеци одевме, тој неможеше да си поверува, незнам што не им изнакажа, како можеш со мој комшија триста глупости, сепак и на него не му е сеедно за мене, но мислам дека не е тоа доволно и мислам дека треба да му кажам чао засекогаш, а ако ме сакал барем малку ке ме побара... поззз
ОХОООООО ПА ТИ СИ ПО ХРАБРА ОД ТОА ШТО МИСЛЕВ АЛИ АЈ ДА НЕ ТИ КАЖЕВ ТОЛКУ ДИРЕКТНО АМА ТОА Е НАИДОБРООООО! РЕШЕНИЕ ... ПОЗЗЗ КЕ ТЕ БАРААА ! ВЕРУВАЈ ....ПОЗЗЗ
... Пауза девојки. Амнезија,мене овоа не ми мириса на ништо друго освен дека дечково ти пружи ненормално добар секс у здрав мозок. 7 години?! Алоо,цела младост е тоа,најубавите години.. Тој кога за седум години не се решил ништо сериозно,get over it. Седум дури се и премногу. И што се замислува тој бе,ќе ти кажува со кого да одиш,како,што? Ти си имаш ли достоинство? Појадуваш ли насабајле? Абе има да му се развикаш марш таму дека не сакаш да го видиш,кај па и си му докажала дека го сакаш,и сте се гледале,и цело време те заебава,па и на крај да си слаба на него?! Се си има граници. Таков некој не ти треба да трча по тебе. Биди решителна и кажи крај,готово. Не го барај,смени број,избриши го од фб,биди малку тврда. Најлесно е да потклекнеме,потешкиот дел е во издржувањето. Оти издржувањето после некој период се претвора во рутина,а после веќе и ќе го снема од твојот живот,сосем тивко. Јас сум за да го баталиш и да гледаш други момци,да се забавуваш,во најубавите години си кои нема да ги имаш уште еднаш. И на некој таков да ги потрошиш,штета голема е. Велиш ако малку ме сакал ќе ме побарал. Сватете девојки,не е се во љубовта!! Има толку многу побитни работи од неа во една врска и еден однос помеѓу маж и жена,што можеби навидум изгледаат полесни за решавање со љубовта,но само навидум. Не се залажувај со тоа дека ако те сака или ако го сакаш,се ќе поминете. Тоа едноставно не е можно. Мојот совет ти го дадов погоре. Твое е дали ќе го послушаш.
свесна сум и знам дека со него немам иднина... разбирам се единствениот проблем е што јас самата несакам да си поверувам на тоа, а знам дека нетреба ни да го погледнам повеке, го избришав од фб пред некое време. ЗНАМ дека и да ме моли не треба со него повеке никогаш да се видам свесна сум за се несум мала...... благодарам мистериоус ке се потрудам да го реализирам тоа сто треба поззз
сосема те разбирам како ти е бидејки и јас се наогав во иста ситуација пред 3 год кога "сакав" некого многу но освен мување не добив ништо друго но потоа кога решив да го заборавам ,помина некое време и сватив дека тоа што сум го чувствувала било само опсесија и пуста желба да бидам со него но не и љубов,има време ке ја запознаеш вистинаската љубов и ке видеш колку си била во заблуда
Навистина не знам.. Па вака.. Би ве замолила за совет, или за мислење! Има дете кое многу ми се допаѓа! Речиси го сакам..Но не сум сигурна..Уште кога го видов ми се допадна.. И на фејсбук го имам .. Откако го видов , утредента му ставив лајк на еден линк на фб а после неколку часови ми стави лајк на една слика а утредента на уште една .. Потоа му ставив лајк на една негова слика и на песна и тој ми стави лајк на 2 слики и на статус кој ми беше стар,односно пред него имаше објавувано многу други работи...А после неколку дена ми стави и лајк на албумот .. Скоро ми стави лајк и на статус.. Последен пат го видов пред околу 1-2 дена. Јас стоев пред продавницата а тој седеше , ме гледеше но кога се свтрев накај него веднаш се сврте на другата страна. А вчера за прв пат ми пиша .. И потоа ми рече дека сум му се допаѓала на некој негов другар.. Сите велат дека сака друго девојче .. Но сепак не знамм... Ве молам за мислење!! Blagodaram odnapred!
Лелееее до кај стигна технологијава, да почне да се флертува преку лајкови Ако ти стегне лајк на албумот да знаеш те сака. На некој линк од песна - мисли на тебе, а пак на слика - те сонува. Наместо да даваме совети според неговото однесување, говор на тело, зборување, трте-мрте, треба да ги дешифрираме лајковите сега. Причекај уште малку, лајкувајте се, па кажи ни што испаднало.
Се мислев дали да пишам. Ама ајде да слушнам ваше мислење. Дечко ми за време на студентската година лани седеше во стан со уште 2ца цимери. Едниот е во Америка, и можеби нема да се врати, така што дечко ми и оној другиот сега треба да бараат 3 цимер за оваа година. Итно им е да најдат, затоа што до понеделник можат да го изгубат станот, така им кажа газдарицата. Дечко ми знае дека оваа година и јас планирам и сакам да седам под стан, а не да патувам веќе. И цело време кога збориме на тема негов 3 цимер, тој се мисли кој би можел да биде, и никако не ме спомнува мене, или барем да ме праша што мислам за идејата да седам со него. Се изнервирав бидејќи 3 дена за тоа се збори, и или се правеше на Тошо, или стварно нему текнуваше на мене како опција. Му префрлив, и се вади со тоа демек на другиот цимер би му било незгодно од мене, на пример, ќе треба цело време да пази да не се облекувам, или да не излегувам од бањата и сл. работи. Затоа не ме прашал, а помислил на тоа, што искрено се сомневам. Мислам дека има друга причина. Јас, и да седам со него под стан, не го сфаќам тоа како врзување, или којзнае што. Ако раскинеме, или слично, ќе се спакувам и никому ништо. Мојот град е блиску и можам да патувам во секое време. Но, не сакам да го напнувам за седење заедно, кога него очигледно не му ни тејна на тоа. Криво ми е што е така, да беше обратна ситуацијата, тој би бил првиот кој би го прашала јас. Ама ете, не е... Сега не знам како да се поставам спрема него. Не да се лутам ко мало дете, но се чувствувам повредена на некој начин од негова страна.
Спојлер Озбилно имаш 16 години јас би ти дала 13 најмногу. Хепи јас разбирам зошто се чувствуваш повредено, и мене би ми пречело да постапи дечко ми така, ама од друга страна, заедничкиот живот е голем чекор напред во врската. Можеби дечко ти едноставно не е спемен на таков чекор. А од друга страна можеби и цимер му му рекол нешто за тебе, можеби тој му рекол дека не би сакал девојка во станот. Можеби чувствуваат дека така ќе изгубат одредена слобода (како машко друштво). Има безброј можни причини, а вие само со разговор можете да дојдете до решението што ви одговара.
Ти не го сфаќаш како врзување, ама тој можеби го сфаќа Те разбирам, ама сепак сте млади за вакви работи да се лутите.Студент е дечкото, сака сигурно машко друштво, слобода, да се опушти, а не да е постојано со тебе, да треба да ти угодува, да се стега кога прави муабет и слично.Да бидеме реални, не е исто да седат тројца другари до 5 сабајле да пијат пиво и да тресат глупости и да седат двајца другари и една девојка. Е врзување и тоа многу.Заедничко живеење иако има трета личност.И верувај ми дека за вашата врска е поубаво да не бидете цимери
Тој не е воопшто близок со цимерот, не се другари. А плус, ништо му нема спомнато нему, за да овој му каже нешто против мене. Ова е муабет само меѓу мене и дечко ми. Цимерот не е вмешан. Лани додека седеше со 2цата цимери, а јас патував, цело време бевме заедно, дали во станот, дали на излегување, плус на факултет, така што не верувам дека му е до слобода или нешто слично. Тој самиот инсистираше што повеќе време да поминуваме заедно. Честопати и сум останувала на спиење кај него, немаше проблем никаков. Јас не го сметам ова за заеднички живот, нема да сме сами 2цата во станот. Не дека сум толку и јас запната да седеме заедно оваа година, ама криво ми е што немаше таква реакција од негова страна. А пак, после ми вика, ајде најди стан да седеме јас, тој и една колешка со која убаво живееме. Не го сфаќам.