Идете контра мене колку сакате, ама според мене жената е за во кујна. Да убаво е мажот да зготви по некое јадење додека сме на работа, болни или слично, ама лично за мене, не би сакала да ми се вртка во кујна. Плус поише батак ќе направи, ќе испрља 100 тенџериња и шпорет ќе испрска. И погоди што. На крај пак ние си чистиме. А и они да фатат, само ќе замачкаат и пак ти ќе пречистуваш.
За тоа повеќето пишуваме, времето на поставување на ова прашање и начинот со споредба мама ова знае а ти што знаеш е лош, прашање како прашање ајде де реков ќе му отпишам на што јас. Ама да ме распрашува и да очекува шеф мајсторка да сум, а он во кујна само да знае јајце да скрши и да си бара замена за кујната на мама ми е ептен приглупо во 21 век и страшно дискриминаторно. Пишав и погоре некогаш таа, некогаш тој ќе спремат, ама се на грб на жената што знае да готви ми е нефер распределба на домашниот труд. Или еве пишав братучед ми готви, жена не стапнува да фати храна, ама таа фаќа да зачисти. Ако не готви машкото нека стане да зачисти по оброкот барем.
Од бормашина и дребонг немаме потреба во секојдневие, а за сијалица сигурно нема да чекам маж да ми смени, исто така како што маж во денешно време не може да очекува домашните обврски како готвење и чистење да припаѓаат само на жената. Како што сме способни сите да одиме на работа и заработуваме, така секој треба да знае основни работи да зготви и да го исчисти просторот во кој живее, да пушта машини и слично.
Зависи од мажот, да повеќето се немарни и валкаат, ама ги има што готват прсти да излижеш. Зошто на таков да не му ја отстапиш престилката кога како вроден или приучен талент му е готвењето?
А кај прочита дека одам контра? Препрочитај убаво што пишав. 21 век и се' уште мислите дека местото на жената и' е во кујна. А на мажот кај му е местото? Едит: се сложувам со тебе дека и јас не сакам маж ми да ми се вртка во кујна, затоа што се' ќе ми размести и после треба да прередувам, и не само маж ми, еве и мајка ми, мразам ако не ми ги вратат работите на место. Ама за тоа време ќе направи нешто друго.
Искрено. Многу нежни сте, шо дека ве праша некој дали знајте да готвите. Ехее колку само пати сум паднала на муабет за ова со машко, јаката работа.
@GirlLove Може едноставно да се најде на муабет го прашал тоа, може пак му е dealbreaker за во иднина дека две леви раце има за готвење. Јас не гледам ништо лошо во прашањето. Има и бракови во кои жената готви мажот чисти и работата е поделена или обратно. Така да црвен картон за ова ми е малку тинејџерска работа sorry. И ако оди муабетот толку месеци пишување и 1 состанок ми покажува на незаинтересираност од негова страна и тепање време. Не сакате другаство,а не одите на дејтови. Зошто пишувате уште ?
На мажот местото му е на тросед Не мора да знае се, и јас не знам да готвам и правам баш се, но кој е свесен дека е нешто потребно или има желба ќе научи и да не знаел однапред. Кај нас покомпицирани ручеци готвам јас, он поедноставни и појадок и вечера, ама додека правам ручек ќе направи салата и ќе постави маса и ќе пушти машина или кога чистиме јас бришам прашина он поминува со правосмукалка најчесто или обратно. Поделба на обврски мора да има и секој кој што сака да биде добар партнер е свесен за ова, а не да лежи на тросед и да чека се од жената, затоа што тоа биле женски работи.
Жими се ко бабите да ги слушам Жената е за мажот за в кујна и за в кревет и деца да му гледа. А, мажот е за надвор, да трча по ку*ви и да си го прчи по цел ден.
На мажот местото му е на работа, да скапи цел ден, да ринта како коњ и да донесе дома за жена му да ужива и да си ја прчи
Тролате премногу и трескате зелени и се однесувате ко недораснати чупиња, вака така ми рече. Не се знае денешно време да се најди НЗС ама тоа е, ајде форум е че тресиме зелени до бесвест.
Лелеле вакви ставови ни мојата прабаба немаше... Тој ако сака да јаде манџи, гравови и сарми нека научи од мајка му или нека си купи. Зошто па да и се префрла на жената ако не знае грав да направи? Разбирам критериуми, ама готвење е нешто што треба сите да го прават. Барем да знаеш да ги направиш јадењата што ги сакаш. Колку и да не те бива мора да научиш да зготвиш нешто од нешто, чисто да не останеш гладен. Во случај да не знае жената да направи грав а него му е омилено јадење, треба да научи да си го направи и сам, а не одма да го жалат мажот дека мора да јаде од надвор пошто жена му не знаела да му зготви грав.
Дај му едно стотче, другите пари дома нека бидат, или че си дојди полн пари дома или па стотката пошла јабана. Ем тебе рајат глата 2-3-4 саати ако не е дома.
Хахах членката сигурно е јарец во хороскоп, не дека нешто верувам во тоа, ама јас бев вака кога бев недозреана, престанав контакт со многу фин дечко дека ме праша што сум правела за ручек денес и еднаш што ми пишал дека јаде шпагети, повели, и се налутив зашто збори за јадење и го блокирав хахаха сега кога ќе ми текне.... ама добро тогаш имав 16 г
Јас имав јарец девојка и таа ми рече, в кујна максимум можиш да помагаш (фрлање џубре, сецкање зеленчук итн) кујната е нејзина, и без да и речам ми ги диплеше алиштата и средуваше плакарот, не дека не ми е среден ама ете по нејзино да било и посредено беше искрено. Така да хороскопот не мора да значи, до менталитетот е и woke-feminism-от
Ае преку патка од она македонското да знаеш баш сарми, манџи и грав, и ако готвиш све суво, не се важи Да готви барем основни работи треба да знае секој, и муж и жена и онака туѓ срам ме јаде кога возрасни луѓе не знаат јеботе ориз да сварат. А за манџи ако бара да јадеме, ќе му се испосерам па нека чисти сам, и онака нема до веце да стасам, да ме извините на простоќа.
Ова испаѓа, секој треба да знае да си готви барем да не гладува, ама жената ако не знае добро, мажот ако не знае мора да научи оти не е жената за во кујна, за нему да му готви. Некогаш баш се претерува со некои муабети вака за машко женски релации.