Секој треба да знае да си зготви тоа што сака да јаде, тоа е муабетот, нема што да испаѓа друго. Срамота се такви муабети и генерализации дека жената е за во кујна.
Во претходното мислење имаше напишано Епа тогаш, ако секој треба да знае да си зготви, и жената треба да научи, нели? Или не мора таа, мажот мора, за да не е жената таа што ќе е во кујна? Велиш секој дека треба да знае ама заземаш страна.
Па еве јас не знам да готвам грав зашто не го ни јадам. Манџи многу ретко правам зашто не трпам на стомак. А куп суви јадења знам. Ако некому му се јаде манџа, ќе си научи да си прави, не од мене да чека.
Не. Нема врска со заземање страни туку со преференции во готвењето. Секој треба да си зготви што си сака без да чека само на некој друг. Не знам што не е јасно. Ако не јадам манџа, зошто да учам да ја правам? Мене лично ми се гади и од самата миризба и нема шанси да земам да готвам било каква манџа. Пример, ако мене ориз ми е омилено јадење нема да чекам друг само да ми прави, ќе земам да научам за да си зготвам после сама.
Ако специјалитетот мора да е некоја манџа ќе треба на крај на итна да ме носи. Е тогаш ќе биде многу големо изненадување.
Абе то овде си го врзавме во крпче по нејизниот коментар, вака мислам сите сме овде 23-24+ ме чуди вака што да се напрај муабет ко че се запознаваш, еве домаќински муабети да не прајме, че треба одма на секс да свртиме муабет, ама и така нема да го бидува.
Ај барем дискусија се разви ако ништо друго. Искрено боље таа тема да се сврти отколку тема за манџи, еве од муабетов желудник ме фаќа. @Munchmallow20 ти како си, како е желудникот? Конечно некој ко мене, да ми ја разбере маката, луда ме правеа кога реков дека повраќам од таква храна.
Јас сум со осетливи црева и грав и манџи со литро зејтин ми се кооошмар. Значи свинско месо и мајонез не ми сметаат ко течни мрсни јадења. И баш вака повозрасни жени ми велеле ау ти што домаќинка ќе бидеш со суви јадења. Им викам јас па ебати домаќинките што готвите јадења што повише ги се*еш него шо ги јадеш.
Ти да беше сама, ќе те освоев жими се. Јас љубител сум на суво јадење и често јадам, дома ме тераат да јадам манџи. Ми се чини ко женска верзија од мене на темава.
Мене компир и ориз манџа ми е ко да сркам онаква мокра храна од лавабо после миење садови. Ја имам ептен мука со текстура на храна и нешто водесто и бљантаво ми е бљак.
Јас не сум израсната со македонска традиционална кујна и имам осетлив желудник, затоа давам толкав отпор кон манџите. И особено ме фрапира муабетот дека цревата ќе ти се залепат ако не јадеш манџа. Ова од постари луѓе најчесто, прв пат тука го слушам. Која е поентата да ја изедам манџата, ако по 5 минути ја повратам? Исто ко да не сум ја изела.
Добро ама пак јас не гледам ништо лошо во тоа, јас со еден дечко што се допишувам, дојдовме до тема свекрва нешто и му реков отворено што мислиш за тоа што порано а и сега поретко морало свекрвите да се викаат мамо, мајка е една и нема никогаш да наречам свекрва така, замисли дечково не ме блокира и сеуште сме во контакт, а не па за ручек голема работа ако ја пофалил мајка му, нека му рече и јас убаво готвам ако и бара доказ нека каже имам трема пред друг да готвам и адио
Како не ми текна, ќе речев татко ми што напраи едно куќаре, малецко. Знаеш ли ти малтер да мешаш. И не реков дека е лошо, ама муабет дали знаеш да готвиш? Молимте....
Здраво девојки, не знам колку проблемот е за тука. Со дечко ми се запознавме пред една година на скроз рандом начин при што на првиот дејт имавме однос. Оттогаш па до денес сме имале само орален секс. Имав иницирано неколку пати и во тие неколку пати се случуваше следното: односот не ни започнуваше поради тоа што му опаѓаше ерекцијата штом стави кондом. Мислев дека тој ќе иницира на некои посебни прилики за да пробаме пак, но тоа не се случуваше. Совет? П.С врската ни е скроз здрава и немаме никакви токсични навики