MI se slucuvalo istoto od pregolema vozbuda ako ste zaedno mislam deka ke go prebrodite toa samo uporno.
И што ако прашал дали знаеш да готвиш? Ако не знам ќе си кажам, ако знам пак ќе кажам. Тоа што немам желба да го јадам и готвам, никогаш не научив да го правам! И нема да го научам, зашо не ми е по мерак. А ако ме прашал голема работа, сум прашувала и јас, и ме прашувале, ништо страшно не гледам тука, подебилно ми е тоа што 1 година чатувате а едвај на 1 дејт сте биле, отколку ова за готвењето.
Дали би се навредиле доколку доколку вашиот дечко, неговиот брат и неговат девојка заедно одат на ручек во сабота а тебе не те ни покануваат бидејќи си на работа? Затоа што мене ме нервира самиот потег, да се објаснувам и воспитувам нечиј син не планирам. Култура од дома се уче.
Па не би се налутила ако сум на работа, која е целта да ме поканат, а знаат дека со сигурност не можам да отидам? Но ако чувствуваш дека вакви работи се повторуваат, односно почесто планираат без да те земат во обзир, тогаш има проблем.
Зошто би се налутила ако знаат дека си на работа и не те викаат? Да шетаат тие тројца заедно често и кога си слободна да не те викаат тогаш има зошто да се лутиш, но вака не разбирам. Секако дека не би се налутила ако излезе некаде без мене дури јас сум зафатена.
Воопшто не би се налутил. Знаат дека си на работа и не те поканиле. Нема ништо чудно тука или нешто за лутење. Ај па ти за ситници ќе се лутиш и ќе расипуваш врска. Не е ова за воспитување или култура. Ако си дома и не те поканат, е тогаш е друго, ама вака мислам дека нема простор за лутење.
Па ако си била на работа како би отишла? Јас би се налутила ако сум дома, и не ме викнат, а вака на работа си, и да те викнат, не можеш да одиш, а и ако си на работа ти, зошто они не би оделе?
Па никаде не кажав да не одат тие само очекувам покана, ако можам ќе отидам. Барем така правам јас. Еве и тој кога е зафатен јас ќе го поканам за излегување некаде да знае дека е планиран, а дали може да дојде е негово. Плус со работата сум флексибилна ако сакам и од парк можам да работам, не ми менува местото.
Па и немора да те вклучува секаде, не смее ли без тебе да излезе на ручек со брат му и со девојката на брат му. Многу си дозволувате.
Гледајте на позитивната страна. Може планира да ја запроси, па бара помош, се договара со брат му и девојка му.
Ама она одма прво на негативната страна гледа, па после Цацко е крив. Можела да праша: ,,дечко ми со брат му и женската на брат му одат во кафана без мене. Дали тоа значи дека договараат да ме запроси Фердинанд (ископав некое рандом име за дечко и)"? Ама не, одма ,,како може вака без мене, а јас на работа".
абе дечки имам некој си можда психички проблем.. некако ми се мешаат многу чуствата, се надевам дека ќе најдеме некоја средина и не сакам да читам глупи коментари па да ми биде уште понеубо.. со девојка ми се знаеме веќе 4 години, она си е супер премногу ме сака , ме почитува дури ја запознав со моите.. Чупето си е супер ептен мила сите од моја страна ја засакаа.. но некако јас не можам да и вратам толку колку што она за мене прави.. можда поради тоа така се чуствувам????, не дека не можам.. туку некако како да не сум сигурен во мене… Многу брзо ми се менуваат мислите и расположението.. не сакам да ја изгубам затоа што премногу ме сака и паметна е онака.. ТОП .. ве молам за помош и совет.. избрзав и и кажав дека сакам да се вериме но тоа набргу се смена…
Е добро де, нека оди и сам не е ништо страшно, не си прави проблем кај што го нема, ништо битно не е.
Не, ако се случува повремено. Ама ако НИКОГАШ не те канат тебе, за ниедна прилика не сте излегле заедно, тогаш е проблем.