Дечки ми треба мислење со бившата се скаравме пред скоро 6 години и одтогаш престанавме да прајме муабет на улица кога и да се видеме си вртиме глава. Денес на мојата врата најдов сметка за вода нејзина а живее во мојата мала една улица погоре од мене и тоа сметката беше оставена на задната врата од мојата куќа кадешто нема поставено воопшто никаква адреса можеби е грешка на инкасаторот но малце како преголема случајност ми делува ме интересираат мислења дали е можно она намерно да ја оставила сметката кај мене на врата за да иницира контакт или си прам филм( инаку нема друг начин како да ме контактира не користи некој период социјални мрежи и има сменето број од последно ко бевме во контакт)?
Знаеш како ќе дознаеш? Земи на листот од сметката напиши "јави ми се" или "пиши ми на социјални мрежи" , само тоа напиши го, и оди остави и ја пред нејзината куќа. Ако она намерно ти ја оставила, ќе ти пише одма, а ако е грешка - нема да ти пише.
Можеби ти ја оставила да и' ја платиш. Шала на страна, ама баш чудно. Па ако толку сака да те контактира штом живеете блиску ќе ти заѕвони на врата, а не преку сметката.
Тешко дека би ме побарала лично гадно се испокаравме последно тешки навреди паднаја дури и шамар јадов, инаку тешко егоистично чоече е никад не се извинила за ништо кога била крива и последната кавга беше нејзина вина и прва почна да ме вреѓа јас само и вратив и одтогаш досега еве кога и да ме види ја преминва улицата и јас вртам глава и пишав тогаш неколку пораки после кавгата ме игнорираше па се откажав одтогаш ниту сум пробал да и пријдам ниту да и пишам ми се смачи цело време јас да сум тој што ќе ги исправа нејзините глупости и престанав да ја барам
Ако е намерно е пресмешно, извини ама делува скроз детски. Инаку ако не сакаш контакт нема потреба да ѝ ја носиш. Ќе виде нема да ѝ стигне и ќе оди ќе си побара нова. Нема да остане без вода за една неплатена сметка.
@Bouncing Joy нема што да се замараш, оти е скроз непотребно. Ќе си бара посекако од водовод чим примети дека нема за периодот.
Ако немате апсолутно никаков контакт, а и тоа уште пред 6 години што е релативно долг период, не знам зошто би иницирала контакт преку сметка за вода, особено ако сте возрасни и зрели индивидуи
Можеби грешам, ама од наведеното ми остави впечаток дека од твоја страна нема љубов кон неа. Можеби само ти е мила и ја почитуваш. Тоа што ја прифатиле твоите е добро, ама не е битно. Чим не си сигурен, немој да донесуваш такви драстични одлуки како веридба и брак. Нема да донесе ништо добро на долгорочен план. Јас не би сакала, да го поминам животот покрај некој што не е сигурен кон мене, колку и да има добро мислење за мене. Можеби треба да се повлечеш некое време и да се преиспиташ сам, зошто не си сигурен и од каде иде таа промена во мислите и расположението. Посвети се на себе. Има време за брак.
Поработи на самодовербата. И не гледај што се случило околу тебе. Не значи дека и тебе ќе ти се случи. Уживај во врската.
@Bouncing Joy судбината сака да ве спои пак по 6 години Однеси и ја сметката пред врата, нема ни да знае дека ти си и ја оставил, ова ако не те мрзи.
Дали би прекинале врска (која речиси е пред свршувачка) кога ќе дознаете дека партнерот се коцка онлајн? Он не знае се уште дека знам за ова, дознав скоро, пред неколку дена, а трае цела година, може и повеќе, не знам. Видов на телефонот негов, и сфатив дека цело време се коцкал кога јас не сум во негова близина. Никогаш немаше да помислам дека човекот кој го сакам толку многу и со кого навистина имам врска и меѓусебен однос каков што отсекогаш сум замислувала ќе направи вакво нешто, а планира(в)ме иднина заедно, премногу е внимателен према мене, прави се за мене и низ многу мали гестови гледам колку се грижи за мене, меѓутоа преку ова не можам да поминам, душава ми се кине од гнев, болка, нервоза што го натерало на такво нешто Како да му кажам дека знам и да ја раскинам врскава? Која е најдобра солуција според вас?
Искрено и директно разговарај со него. И поскоро. Се надевам ќе се промени заради сѐ што имате. Коцката е меѓу најлошите пороци ти посакувам успех во решавање на проблемот. Во спротивно, биди силна и грижи се за својата иднина, без него.
@Oscar Lady мораш да седниш и да разговараш. Коцката е многу лош порок, зависност, или ќе се тргни, или ти ќе мораш да се тргниш од него.
Може совет како да ја почнам темата, не сакам да сфати одма дека сум му го прегледувала телефонот, затоа што кога го прашав дали има нешто да ми каже или дали нешто крие од мене, ми рече не, што ти е, му велам ако планираш брак, нема криење, сакам и треба отворено се, вика па да де, се подразбира тоа..ме убедува дека јас преувеличувам. Тежок разговор ќе биде знам ама морам
Да знаеш дека не е само онлајн… жал ми е, но многу тежок порок е. Ако ти е полесно, можеш да седниш да разговараш. На секоја аплилација има трансакции, колку пари вложил, колку му исплатиле. Ќе видиш за колкава сума се работи. Не мораш да кажиш дека си му чачкала у тел, од сите апликации за коцкање пристигнуваат мејлови за промоции. Можеш да кажеш дека си видела мејл.
Нема лек за коцка, има за дрога, алкохол, цигари, женкарење, за коцка нема, еднаш коцкар, секогаш коцкар.. Баш ми е жал за ситуацијата во која си се нашла, пробај да разговараш, можеби игра само од забава.
Абе види, ликови кои те убедуваат во нешто што не е за преувеличување значи дека не прават разлика од битни и небитни работи за дискутирање. Не си требала да почнеш со тоа дека крие нешто (зашто делува како напад), туку спонтано да си го прашала каков став има за лица кои страствено се коцкаат? Ем е неутрално, ем за возврат добиваш одговор. Немој на крај памет да ти паднало дека можеш да менуваш или влијаеш на карактер, дури човек сам свесно не си одлучи да прекине. Што значи, треба тој да сака да прекине. И токму тој потег бара жртвување за другата личност и впрочем сфатено му е со самото прекинување дека ти си битната. Ако ти сакаш, а он не сака само привидно ќе „се откаже“. Ако ставаш крај, не го ставаш од позиција на жртва. Кратко, јасно, одмерено. Не се напрегај. Многу врски се прекинувале (воопшто зборувам и за тие што ги знам, блиски или далечни - небитно) од што на машкото му било смешно и не му делувале за битни темите на разговор. И баш тука има една цака, оти тоа битните работи не се работи, туку си - ти.